1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Decko27

    Decko27 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ме интересира дали некој ја има книгата „Облигационо право“ ама во електронски формат? Или пак скрипта некоја?
    Се работи за полагање на нотарски испит, па ако некој го спремал, или налетал на нешто вакво, фино би било да сподели. Или ако сте има скрипта со прашања...

    Во некоја од копирнициве низ градов да не може да се најде нешто вакво или одговорени прашања?

    Фала
     
  2. aleksstankovska

    aleksstankovska Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    пиши ми твој маил да ти препратам што имам за нотарскиот
     
  3. Decko27

    Decko27 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    @aleksstankovska

    Фала ти за помошта. Доколку и некој друг има нешто да сподели, би бил благодарен.
    Некоја од книгите се наоѓа во електронски формат? Нешто такво имате?
     
  4. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    @Abeja, @JuLleE , и другите...
    што направивте? Полагавте, пријавивте учевте,положивте, како поминавте? Тешко се учи, во една сесија, во две/?
    Се мислам да почнам да спремам, ама би сакала еден убав апдејт од тоа како се се одвива, што се бара, акцент, како се учи, како легнува материјалот, време отприлка на спремање и сл.Иако се е тоа индвидуално и субјективно, би сакала искуства да прочитам.
    Благодарам однапред
     
  5. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.294
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    Јас сум во фаза на полагање,ми останаа уште студиите на случај..ако сакаш само да положиш учи си само од прашања,само одговорите и тоа на памет зошто некои одгвори се разликуваат од зборче до зборче,доста ти се два месеци само за прашањата...ако сакаш да учиш за да научиш ќе си фатиш со време закони, учебници,прирачници иако искрено за самото полагање нема многу да ти служат..ќе ти служат натака во пракса ама за самото положување не..јас почнам да читам така некаде 6 месеци пред полагање, 4 месеци тоа читав и после кога фатив прашања сфатив дека ништо незнам зошто не се бара општо туку многу детали а кога читаш закони од по 100 страни не обрнуваш толку внимание на деталите...ќе си се зачлениш во две групи за правосуден имаш на фб и таму колеги споделуваат прашања,искуства,одговори,дискусии за прашања и слично..се надевам мојот одговор ти помогна малку,за се друго пиши ми ЛП :)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.306
    Ми останаа само случаите, положив теорија. Испитот е жива глупост, уште еден бисер на владата, ама тоа е. Учи од прашањата, се паѓаат скроз истите. Се спрема за брзо време. Јас учев денови пред испит, со мало дете и одам на работа. Значи учев кога зедов одмор, ама јас учам брзо. Не ти треба многу, но јас доста работи ги знаев од пракса и од факултет.
     
    На Eli23, azelea и Espadrila им се допаѓа ова.
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    15.589
    Е значи женска ме утеши,и јас треба да спремам со мало дете,ми даде надеж дека ќе биде :D
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да почнам да го спремам, а имам двомесечно бебе. Мислам сега ќе ми е полесно, кога ќе порасне повеќе обврски.
    Викаш може да се спреми од прашања?
    Каде да ги најдам, ги има негде на веб објавени или на црно што се вели?
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Имаш група на фб-Правосуден испит (со кирилични букви пребарувај) каде што си споделуваат одговори, си помагаат, објаснуваат, ги закачуваат и своите одговорени прашања и студии на случај, кажуваат какви прашања им се паднале. Ги закачуваат одговорите во ворд документ.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Член сум на групата, ама јас пуста сакам се темелно да научам, да не испуштам нешто. Наивна сум во поглед на учењето т.е. бубалица, па затоа си патам.
    Обично не им верувам дека се точни. Јас ги имам по уставно само прашањата, а за другите барам сигурен извор.
    Сакам да ги имам сите можни прашања, нешто да не пропуштам. :?::tmi:
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш не се потпирам само на туѓи одговори. Обично прво ги собирам сите закони и проверувам дали се точни одговорите. Тешко оди со оние закони со милион измени и дополнувања, каде што морам да си направам пречистен текст. Претежно одговорите им се точни, бидејќи сите се вклучени и ако некој погрешил, му укажуваат.
    И јас цело време наоѓам некои изговори и го одолговлекувам испитов, еве дури ни февруари нема да можам да го фатам.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Во просек, колку време треба за учење?
    ЈАс не сум почнала а се надевав февруари да полагам.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Ели, да му веруваш на дедо :) Сите прашања се точни, или барем 98% :) Не губи време на проверки. Мене може лесно ми беше учењето оти прво сама си ги најдов и решив прашањата и после дури научив дека има некаде веќе готови прашања :) И после од тие учев.

    Од тие прашања, иав над 90% на сите тестови. И не се влечкај, оти ќе ги сменат прашањата, така е по закон, и тогаш стварно ќе треба да учиш многу.

    И јас се влечев со години, ама еднаш решив, отидов платив и кога сфатив дека парите ќе пропаднат, научив :)
     
    На JuLleE, Abeja и Eli23 им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Јас не знам, уште не го полагав, ама не може за еден месец да се спреми, голем е материјалот. Плус ако сакаш во февруари, треба да пријавиш до 15 јануари, а за да пријавиш до 15.01 треба да бидеш сигурен дека ќе го спремиш до февруари (повеќе од половина треба да ти е научен)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Дадени одговори и да треба само да заокружиш, па полесно од тоа амин.
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.306
    Точни се прашањата, не дремете земете и научете ги. Ми остана уште еден испит, учев денови пред испит. Не го тупете многу користејте го начинов и положете.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Граѓанско го научив за 4 дена, по 16 саати секој ден. Мислам дека 3 пати јадев, ама возможно е. Уставно многу го учев, оти прв е, и не знаев што ме чека на испит.

    Студиите се страшни :( Тоа е Бог да чува. 60 опции, имаш право само една да згрешиш.
     
    Последна измена: 23 декември 2015
  18. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    834
    Девојки, дали знаете дали се дозволува порано полагање на правосуден испит, односно пред да помине 1 година од магистрирање и отприлика колку порано дозволуваат?
     
  19. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Јас после дипломирање одев на суд ама тоа не се важи за полагање на правосуден испит. Мора 1 година да се стажира после магистрирање.
     
  20. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Ќе полага некој сега во декември ?