Не, за полагање правосуден стажот мора да е после магистрирање. А претходно можеш да се вработиш на огласи што бараат правник со три години без правосуден , не магистер. Значи таа што честела си била вработена со три години, а во меѓувреме магистрирал, па после магистратура и требале една година во правосудство, односно 2 во друга институција како стаж за да полага правосуден
Јас имам сознанија дека повторно е вратен Правосудниот по старо (писмено и усно) затоа што компјутерското полагање се покажало како неуспешно. Кандидати паѓаа за погрешен клик од техничкиот дел,а не од делот на прашањата.
Јас не спомнав ништо за начинот на полагање правосуден. Кажав дека услов за полагање правосуден е магистратура, без разлика на кој начин ќе се полага правосудниот
Во ред, јас не сум по ЕКТ Систем, и затоа може грешам, се извинувам. Јас кога полагав не бевме врзани. Четри годишни Правни студии завршуваш, магистратура, сакаш запишуваш, сакаш не. Со лес .
Дечки, дали треба просек над 8,00 за полагање правосуден? Слушнав од адвокат дека треба, но никаде не пишува таков услов. Help
Дали некој знае дали со две години стажирање во фирма во Човечки ресурси може да се полага правосуден испит?
jas polagav so novata programa i se uste imam da polagam, vaka osven gragansko i kazneno studiite na slucaj, drugite predmeti ti se lesni, ti davaat da izbiras 3 prasanja, tie 3 prasaja usno gi odgovaras. i jas sakav da prasam vo vrska so studiite na slucaj dali ima nekoj polozeno i kako se resavaat da spodeli iskustvo ako moze
Дали може да се направи прекин во стажот за правосуден, па после да се продолжи и дали после се рачуна во таа една година и претходниот стаж пред прекинот?
Здраво, Дали некој знае кои се в комисија во некое од следниве: комисија за признавање и еквиваленција на странска правна диплома, за правосуден испит и в комисија за АСЈО? Ми треба директно да контактирам со нив бидејќи станува збор за правни студии кои би ги изучувал во ЕУ земја каде има разлика во содржината и времетраењето на програмата односно 4,5 г наместо 5 г како во Мк. После планот ми е за стажирање како услов за полагање на правосуден и за во АСЈО да го направам во македонска амбасада/конзулат како работа на македонско право (бидејќи на нивното право најверојатно нема да се прифати) ама не знам дали би било прифатливо и ако се прифаќа колку години треба да трае. Па би сакал доколку некој знае или има досегашно искуство за погоренаведеното да ми одговори тука или во лп. Фала однапред
Здраво не гледам ажурирани упатства на сајтот на правда, некој да сподели што е потазе која е процедурата за пријавување, услови, цени, контакт каде може да се информираме? Најдов дека има 5 сесии и околу тоа ама почетни информации не гледам