Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ви треба оваа информација и колку е доцна за истава, ама видов дека во либро стаиле на врата натпис, дека го имаат најновиот материјал за правосуден испит :)
     
  2. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Ќе сакаш ли ,те молам, ако поминуваш таму да прашаш колку пари е материјалот да се купи и дали ги има измените??
    Пиши ми овде на форум или лп ,а кафето (се разбира) е на моја сметка !! ;) ;)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    да се согласувам со ова,нека напише некој како поминале во Април со полагањето правосуден ,Ве молам!
     
  4. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Што е работата никој ли не полагаше во Април или сега сите сЛАВАТ ! пОМАГАЈТЕ КАЗИТЕ КАКО БЕШЕ....КАКО ПОМИНАВТЕ ПИШИТЕ ВЕ МОЛАМ!
     
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    вака едно прашање до сите што полагаат правосуден и што полагале, дали ги посетувате предавањата на Академија во врска со измени и имплементација на некој закон и доколку посетувате, дали се плаќа обуката/предавањето и дали има некое во тек?

    Случајно ја отворив нивната страна пишува за предавање во врска со измени во кривичниот закон но не се отвара, така да ако некој е информиран и знае дали е во тек нека пише. Некој ми кажа дека овие предавања помагале многу!
     
    На ramajana68 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Најискрено не верувам дека нешто многу ќе помогнат вакви предавања, дури мислам дека ќе биде залудно потрошено време и пари. Јас полагав правосуден во април и од искуство ќе ви кажам дека материјалот е обемен и напорен за спремање. Треба да се спрема подолго време, некаде околу 5-6 месеци, од кои 4 сигурно со активно учење. Исто така напорен е и распоредот за полагање, полагаш 2 испити во еден ден, па утредента уште три.
    Е сега да се вратам за предавањата. Имаше нешто вакво слично и за приемен испит на факултет, некои предавање кои ги држеше Климовски и знам многу луѓе кои беа и на крај ништо, послаби поени и од оние што не биле. Факт е дека ако не седнеш и не научиш никакви предавање нема да ти помогне. А за законите и измените денес барем е лесно, на интернет ги има сите закони и измени.
    И не се плашете, напорно е да, ама пак не е нешто несовладливо. Сите работи се познати и веќе учени на факс, ќе си ја спуштите програмата за полагање на правосуден и само по прашањата ќе си одите. Значи не се паѓа ништо надвор од прашањата. И не слушајте од други колеги дека има комбинации, не е точно, од искуство ви кажувам, зошто баш секое прашање од програмата може да ви се падне. Повеќе внимание да се обрне на уставно(строг е судијата и многу бара), граѓанско(сака скоро секој член да го знаеш) и трудово(најмало е ама зезнат е адвокатот што испрашува). Е сега и другите два треба да се спремаат, ама Вангеловски што го држи кривично е многу добар и бара примери не само теорија, па и оваа судикава што испрашува стопанско(трговско) е фина и не замара многу.
    Ако ве интересира нешто поконкретно слободно прашајте :)

    И да исположите сите па да частите ;)
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Многу Ви благодарам за оптимизмот што го давате..само ми изгледа тешко колку и да го спремам се ми се чини не знам..умирам..
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Девојки ај да ве замолам за помош :$
    Љубовта моја сака да полага правосуден, ги исполнува условите за стаж, но проблемот е што ми требаат материјали, но да не се стари бидејќи има измени во сите закони. Доколку сте во можност пишете ми лп или тука како одговор од каде да ги набава сите потребни материјали.
    Ви благодарам
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    http://www.pravo.org.mk/ од тука се вадат законите со измените, на странава мора да се зачлени, односно да направи профил.

    http://www.pravda.gov.mk/resursi.asp?lang=mak&id=05 а ова ти е програмата.

    јас од тука се снабдувам, е сега ако е од Скопје во Мавровка сутерен спроти фонтаната има фотокопирница со скрипти од неколку предмети за правосуден кои се направени од луѓе кои веќе положиле.

    ....и среќно! ;)
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    И мене ми се чинеше дека ништо незнам се до последниот ден, ама од паника е тоа, не дека стварно незнаеш. Прв испит што јас го полагав беше стопанско. Го имав спремено и повторено и седнувам во салата кај што се полага и си чекам ред да ме прочитаат и да влечам комбинација. И дур ми дојде редот си повторувам. леле која паника ме фати. Отварам да повторам за акционерско друштво, читам и ми се чини дека првпат го читам. И почнува да те фаќа нервоза, па си викам чекај да затворам книгигите зошто само уште толку ќе се испаничам. После некое време ме викаат да извлечам комбинација, влечам, ги гледам прашањата и гледам првото прашање од акционерско друштво. Прво што ми падна на памет е дека ништо нема да одговорам зошто претходно разгледував за акционерско друштво и ми се чинеше дека ништо не знам. Е кога седнав, се сконцентрирав и си почнав да пишувам концепт, едно по едно сите работи ми се вратија во глава. И поминав супер. Зборот ми беше дека не е можно ништо да незнаете, паниката, стресот напнатоста си го прават своето и затоа така ви се чини.
    Со лесно нека ви е на сите кои полагате и без паника не е толку страшно, плус тоа ако запнеш некаде помагаат судиите, поставуваат потпрашања итн.
     
  11. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421

    Фала ти многу, уште денес одам во Мавровка да видам што има, а ова за на право орг знам, ама мислев дека веке се вметнати од некого измените и дополнувањата.
    Фала ти усте еднас
     
  12. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Многу Ви благодарам за одговорот.Јас неколку години ќе почнам ,неколку недели па ме фатило паника,желудникот невиден страв што дури и за психијатар си помислувам да одам...Вработена сум во образована институција но испитов ми е потребен за понатамошно напредување.Изгубив толку година во невработеност и сега немам самодоверба во себе. ..Гледам се променале материите секојдневно излегуваат службени весници со измени па уште повеќе се разочарувам..како да излезам од овој маѓепсан круг ? Како да седнам здраво без паника да научам да се јавам...имам уплатено но ми е страв да се јавам...помош!
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673



    на право орг постојано ги дават измените и дополнувањата на законите.




    Како што сум запознаена измените на законите се завршени, а измени претрпеа законот за Граѓанска и Кривична постапка, наводно понатаму нема да има некои поголеми измени, што значи сега набави ги измените и учи, ако веќе го имаш научено испитот преслушај се овие неколку месеци и оди на испит, нема што да ти е страв, јас допрва ќе го спремам, досега само читав, но активно ќе седнам деновиве и не ме фаќа никаква паника, незнам зашто ама ептен сум кул. Кај правосудниот треба здраво да се седне како што учевме и за испит само што ова треба подолго време да се спрема.
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Вака ќе ти кажам, се дури не го пријавиш нема да ти мине стравот. Само ќе си одлагаш и одлагаш, а верувај кога нешто не ти е срочно(поврзано со рок) нема да седнеш озбилно да го спремаш. Ова од искуство ти кажувам. Јас почнав да го спремам од ноември месец минатата година. Ноември повеќе ми помина во собирање на материјали и припрема за учење, учев и тој месец, ама не беше озбилно учење. Од декември седнав убаво да го учам со повремени паузи околу Нова година и Божиќ околу недела дена. Го пријавив во март за да го полагам во април, ама потсвесно си мислев дека нема да одам во април зошто нема да можам да го спремам убаво, а нели ако го пријавиш и не се појавиш средствата ти остануваат за наредната сесија. И така јас си го пријавив, а ти велам во себе си бев убедена дека во април нема да се појавам и дека ќе одам во јуни. При крај на март ми стига писмо дека се закажани испитите и ме фати уште толку паника и дефинитивно одлучив да одам во јуни. Меѓутоа распоредот за полагање беше многу добар, имав време меѓу двата термина околу 10 дена и по убедување од страна на моите дома одучив и отидов во април и не се покајав. Положив во април, граѓанско ми остана за јуни, ама јас граѓанско не го имав ни спремено. После цел мај и 10 дена од јуни го учев само граѓанско и така. Мој совет ти е да не одолговлекуваш, паниката ќе ја има дури не седнеш на столчето и дур не извлечеш комбинација. А никогаш нема да можеш целиот убаво да го спремиш и да речеш, да го научив убаво и сигурна сум во себе, зошто многу е обемен и многу се заборава.
    Е сега за измените, јас кога полагав не ги бараа измените во кривична и парнична постапка, зошто уште не беа влезени во сила. За парнична измените влегуваат во сила сега во октомври, ама нема многу измени барем така рече судиката која испрашува, а за кривична измените мислам дека дури наредната година ќе влезет во сила и кривичната постапка била многу изменета.

    Сега и поконкретно ќе ви напишам што и како бараат.

    Кривично - според мене најлесен за учење, има некаде околу 180 прашања со тоа што прашањата од Општиот дел се многу мали со по еден до два члена и само тоа го бараат. Кривично се паѓа едно прашање од Општ дел(мене ми се падна судска опомена), едно прашање од Посебниот дел - кривичните дела (мене ми се падна Злоупотреба на службената положба и овластување). Кога ќе ги учите делата казните нема да ги учите зошто не ги бараат, а реално и неможеш да ги запамтиш. За делата ќе си научите само во која група на дела спаѓа тоа дело(дали против живот и дело, дали против имот), битието на делото, ако има потежок и полесен облик и тоа. Од кривична постапка ми се падна изземање. И да ви напоменам дека од кривична постапка многу се паѓаат вонредните правни лекови.

    Уставно - според мене најнесредена материја и доста обемна, исто така нема ред што може да ти се падне, можат да ти паднат две прашања од устав, а може и ниедно од уставот, може да ти се падне дел од прашање итн. Плус тоа судијата е доста строг и бара доста знаење. Мене ми се падна од Уставот - положба и права на припадниците на македонскиот народ во соседните земји, иселениците и граѓаните на Република Македонија во странство - прашање за кое има само еден член. После ми се падна - Странка според Законот за општата управна постапка (страначка и процесна способност и застапување на странката во управната постапка - ова од управна постапка, доста обемно, ама не ме остави да го одговорам целото, онака виде на почеток дека го знам и ми рече да преминам на наредното прашање. и последното ми беше од ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОСНОВНИ СЛОБОДИ - Правото на слобода и безбедност (член 5). Од устав исто така убаво научете ги амандманите, зошто може да ти се падне прашање на пример Амандман 24 од уставот на РМ. Не се многу, 33 амандмани се и се по еден член.

    Трговско - судиката е добра, не потпрашува и многу е битно добро да почнеш да одговараш. едно прашање сигурно се паѓа од Законот за трговски друштва(мене и се падна Ништовност и побивање на одлуката на собранието на АД). Второто сигурно паѓа од Законот за стечај(мене ми се падна Побивање на правните дејства на стечајниот должник). И третото ќе биде или од договорите или од индустриска сопственост или од тие закончињата за финансиско работење( мене ми се падна од индустриска сопственост - Индустриски дизајн, предмет и заштита)

    Граѓанско - судиката бара буквално се, од член до член, ама и помага, ако запнеш некаде поставува потпрашања итн. Првото прашање е од стварно, семејно или наследно, ама најмногу од стварно се паѓа( мене ми се падна од стварно - Заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница). Законот за сопственост и други стварни права мора многу убаво да се научи. Второто прашање се паѓа обавезно од облигации (мене ми се падна Капар и пишманлок). А третото од парнична, вонпарнична или извршна (мене за среќа не ми се падна од извршна, ми се падна од вонпарнична - Постапка за одземање на деловна способност и враќање на деловната способност).

    Трудово - зезнат е адвокатот што испрашува и нема ред исто како уставно, овде може две прашања да ти се паднат од Закон за работни односи, може две од Закон за државни службеници итн. Мене првото ми беше од ЗРО - Начин на престанување на важноста на договорот за вработување, второто ми беше од ЗАКОН ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ - Права и должности на државните службеници, а третото од ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА - Закон за безбедност и здравје при работа – цел, примена, дефиниции.

    Јас многу не се замарав со измени, кога ги собирав материјалите ги спуштав законите од најнов датум, а ако имаше после тоа некоја измена, уопште не ја ни читав, па неможеш бре со се да бидеш во тек. А и некои измени се толку глупи, сменето само зборче како којзнае што да е. Знам дека измени имаше во ЗРО, јас го имав тој од 2005, а имало и нов од 2010 година, па таму ги читав измените. И во Уставот имаше измени за малцинствата, ама тоа го имате во амандманите. Законот за пензиско и инвалидско е најнесреден, законот е од 1993 и има милиони измени и тие ги читнав малку, а други измени не сум читала воопшто.
     
    На rossonerka и interesna им се допаѓа ова.
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    леле златна си ептен убаво ни го пренесе своето искуство, само едно прашање кој е по кривично? ми рекоа некој судија не го запамтив ама бил премногу строг бара се да знаеш? :?:
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Кривично испрашува Претседателот на Врховен суд - Јово Вангеловски, и не бара многу, мене најдобар ми се виде од сите. Јас бев да слушам пред да полагам во февруари и судијата по уставно испрашува еден дечко и почна да го гњави уште на првото прашање. Не дека дечкото знаеше многу, ама овој ептен го потпрашуваше и нон стоп му викаше слабо колега, многу слабо. И сега почнува дечково второ прашање, а на судијата по уставно му ѕвони телефонот и излегува од салата. Дечкото нормално престанува да зборува и чека да се врати судијата. А овој по кривично му вика ајде бре што чекаш збори дури го нема. И детево почнува брзо што знае кажува, ама слабо одговори. И се враќа судијата по уставно и гледа во тефтерот и вика ,,Хммм чудна работа, првото прашање многу слабо, а послениве две супер,, :D А овој по кривично му ставил на детево два плуса во тефтерот демек супер одговорило.
    Така да секој со свое искуство, јас многу добро поминав кај Јово, и многу добар ми се виде, испрашува уз муабет, потпрашува само за посебниот дел, обично примери, ама не е тешко воопшто :)

    ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈА ЗА ПРАВОСУДЕН ИСПИТ
    ПРЕТСЕДАТЕЛ
    1.ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ – Кривично право, претседател на Врховниот
    суд на Република Македонија
    ЧЛЕНОВИ
    2. НИКОЛЧО НИКОЛОВСКИ – Уставно уредување, судија на Врховниот
    суд на Република Македонија
    3. ДАНИЦА РИСТЕВА – Граѓанско право, претседател на Апелациониот
    суд Битола
    4.САШО ВАСИЛЕВСКИ – Трудово право, адвокат
    5.БЕСА АДЕМИ – Стопанско право, судија на Врховниот суд на
    Република Македонија
    СЕКРЕТАР НА КОМИСИЈАТА
    АЛЕКСАНДАР АЛЕКСОВСКИ –Министерство за правда
     
  17. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    :hai: Уште еднаш големо благодарам за овој исцрпен и реален одговор и охрабрувањето што ми го давате ! Материјалите се прибрани да седнам да учам и јас ако не да не одам на сите да оставам граѓанско за подоцна? Ве молам група за подршка и секојдневно храбрење ми е итно потребна ! Да не се заборавиме и дај боже на крај да славиме и да се честиме за овој мој до сега неостварен сон...Да Ве прашам и за оние протоколи дали се бараат по уставно и што Ви се падна од писмениот дел?
    Да живеат пријателите !
     
  18. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ех БОАВИСТА, алал да ти е, каков одговор за решавање на сите дилеми и прашања ни даде ;)
    Фала ти и честитки за положениот правосуден :clap:
     
  19. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Да не полагате и Вие интересна..и кога ,дајте група да се собереме за правосуден испит!! :@
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Кога планирате да го полагате?
    А за подршка не се секирајте, ќе се тешиме овде, ќе си помагаме. Инаку јас сега сакам да почнам да спремам нотарски испит, зошто се полага истата материја само пред различна комисија, па си викам дај дури не сум заборавила од правосудниот што учев да седнам и ова да го положам :)