Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Боа Виста,искрени честитки и од мене,колку убаво и темелито сте го опишале испитот и некои моменти пропатни,да добивам впечаток дека многу од девојкиве ке се охрабрат од прочитаното и ке запнат понатаму :clap: А за Вас,секоја чест,со среќа и со нотарскиот,само успеси!
    И јас сум Ви идна колешка здравје,па ме интересира како одеше тоа со годините за стаж?
    По стара програма претпоставувам дипломиравте,па имавте 1 год. мастер или??
    Јас сум по нова и негде слушам 2 год стаж треба,негде 1? И дали е возможно додека сум на мастер(бидејки настава и присуства не се задолжителни и незнам и дали има) да стажирам,за одма после да полагам правосуден??
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас сум по стара програма, и кај нас требаше две години стаж. За по новата програма мислам дека треба 300 кредити и една година стаж :)
    Стажот ти го рачунаат после дипломирање. И јас работев два три месеца пред да дипломирам, ама од министерство за правда ми рекоа дека се смета само стажот после дипломирање. Значи нема потреба да одиш да стажираш дури студираш, нема да ти го признаат. Ако на пример дипломираш на 20 октомври оваа година, ќе имаш право да го пријавиш за првпат дури после 20 октомври наредната година.
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Јас сум годинава апсолвент,имам бајаги време значи :D ,ама ме интересираше од сигурен човек кој го поминал,како оди тоа со стажот и правосудниот.Значи јас фактички можам додека сум на 1 година мастер,да го спремам,и додека ми трае 2рата мастер да го полагам правосудниот? вака брзо рачунам,бидејки мн години одзема,3+2,па ако имаше и 2 години стаж,па додека положам правосуден и ке искочи 30 години да наполнам :D
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Значи треаба да имаш завршно 3+2 (треба да ги имаш завршено и мастер студиите) + една година стаж за да го полагаш :)
     
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    лелее се испобркав,со 3 години имам само 180 кредити,а со се мастер имам тек 300 :geek:
    моја грешка :)
    значи отпосле завршување на двете мастер,ке се смета стажирањето или можам и додека трае 2рата година?
    и се извинувам што бев офф,ова ми е последното прашање :D
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    јас само што завршив со стаж и треба да го спремам и најверојатно некаде после нова година тие сесии.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Откако ќе ги завршиш двете мастер студии од тогаш ќе ти се смета стажирањето. Претходно, додека студираш и да стажираш нема да ти се смета. Значи мора да помине една година откако си завршила мастер па да полагаш :)
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421

    Погоре во некој од постовите пишав, не полагам јас, за жал или за среќа :lol: , но љубовта моја конечно после неколку години размисливање се одлучи на тој чекор, а веќе контактите од колегите на факс ги изгуби и нормално јас му викам тука е ФЕМИНА, не се секирај, ке ти помогнам колку можам(нормално пак преку Фемина и преку добродушните луѓе како вас :* ), само ти седни да спремаш. И замислете ме послуша :rofl:
    Фала ви уште еднаш на сите :*
     
  9. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Секоја чест само напред ,навистина е така додека е жешко железото! Јас за Октомври не сум спремна потака...важно вчера под Ваше влијание седнав и читав за Европскиот совет малку неинтересна ми се виде скриптата ама се мора..имате ли некоја техника во учењето од каде да се почне ,по прирачникот или по прашања --што советувате? Многу се радувам на ова пријателство ...ми иде елан за учење дај боже да истраам...поздрав!
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас учев по прашањата, прирачник имав, ама стар од 1998 година. Од прирачникот читав само кога ќе заглавев на некое прашање кое во закон беше многу опширно, извршна знам дека читав нешто од прирачник и малку облигации.
    Метод на учење? Па што знам, јас почнував од тоа што ми е најлесно за да добијам желба за учење. Ако почнеш со нешто потешко само ќе ти стане одбивно и ќе си одлагаш, вака почни си со кривично, мали се прашањата, интересно е, и така дури да фатиш темпо за учење, па после полесно ќе ти иде учењето.
     
  11. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Ах,колку сте во право навистина е така ,почнувам со учење...од кривично ,досега заглавував со уставно кај Протоколите...па со недели останував и губев волја...редно е да ја сменам плочата...Пријатен викенд и се најдобро! Поздр. :hai:
     
  12. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Каде сте правосудци ?!! Многу учите па немате време за пишување? Браво ,само напред!
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    кривично? нели тој ќе се менува ? некои велат сега некои викаат после фебруари :^) , како и да е јас почнав од уставно, ама не да не и се учи, ме фаќа некоја мотивација на моменти но се губи бргу :D.
     
  14. Eennaa3

    Eennaa3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Ми треба една големааааа помош од сите оние кои се редовни на форумот а планираат да полагаат правосуден испит наскоро.
    Јас сум на почеток со учењето, кривично поминав, сега сум на уставно, а некако најмногу го избегнувам граѓанско (никогаш не ми бил и нешто посебно омилен). Дали новите постапки или старите !!!! Прашање кое го поставувам веќе незнам кој пат кај стигнам и се различен одговор. Последно се обратив во септември во Министерство за правда, кај лице надлежно за спроведување на правосуден испит и добив одговор дека се учи само старата постапка, новата не се бара. Прашањето се однесуваше за кривично, а сега заради тоа што ми иде на ред ми се наметнува и граѓанско. Колешки какви се вашите искуства во однос на ова? ФАЛААААА
     
  15. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    И јас прашувам за исто.
     
  16. sanja-84

    sanja-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    граѓанско се учи новата постапка, затоа што измените веќе се применуваат. јас сега ке полагам, во декемвриска :)
     
  17. Eennaa3

    Eennaa3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    А кривично, ако се полага во февруари :) :) :) ???!!!! BTW со среќа не ти е полагањето па да си положиш од прва, и да споделиш искуства со оние кои допрва ќе го полагаат....
     
  18. sanja-84

    sanja-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    фала :) кривично ке се применува по 2 год од објавата во сл весник, значи би требало од 18.12.2012 г. па ајде со среќа и на тебе :)
     
  19. gogirl

    gogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Гледам се вртат муабети на темава, јас го собрав материјалот за учење, е сега имам проблем во врска со дел од материјалот по Уставно право. Имено, Деловникот за работа на Влада на РМ, последни измени се пречистениот текст од 2008 година, или има и други измени. Благодарна :)
     
  20. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    за кој закон мислиш?