Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. Eennaa3

    Eennaa3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    http://arhiva.vlada.mk/?q=node/2

    Штом е на официјална страна на Влада, најверојатно е во примена.
    Јас учам по ова, други измени немам најдено! Со среќа учењето, и се надевам дека ќе споделуваме позитивни искуства :) Поздраввввв
     
  2. gogirl

    gogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Тенкс. Ајде сите на учење :)
     
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Присуствував на едно испитување, кривично и уставно, тој кривично ептен испрашува, сите ми велеа дека не прашува многу, но сега не беше така, ептен ги потпрашуваше, како да не му се доволни одговорените 3 па и плус, неможев да издржам уставно да гледам може ќе отидам друг пат, дефинитивно ќе одам и на другите (граѓанско, трудово и трговско) да видам пак тие што бараат.

    Треба 90% од материјалот да се знае и не се доволни 2-3 месеци учење како некои што велат, 4-5 месеци здраво учење веќе може да се каже.

    Опасна работа нема што, уште од сега несоници ме вребаат. :worried:
     
  4. Eennaa3

    Eennaa3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Бев денес и јас на полагањето кривично како нема страна (слушател само овојпат) и искрено сметам дека не е толку многу страшно како што си замислував, доволно е да се НАУЧИ само материјалот ;) Сметам дека Претседателот со потпрашањата дава огромнаа помош, ептен те насочува што треба да кажеш, само потребна е огромнаааааа концентрација. Туку мене едно друго прашање ми се наметнува, од кај ископаа прашања во комбинациите што воопшто ги нема во програмата од 2010, да не сум јас нешто грешка или нешто збркаа денеска. Искрено ми беше жал за колегата што му се падна тоа прашање, оти знаејќи се шо ксметлија сум, и мене нешто такво ќе ми падне :))) колку што можев да приметам доволно е да се учи само од законите. Има ли некој што се врати на уставно во 5 30 да сподели искуство, не се вратив јас по паузата?????
    АЈДЕ СО КСМЕТ И СО СРЕЌА НА СИТЕ, ПА ЗДРАВЈЕ ЌЕ ДЕЛИМЕ И ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА
    ЛЕКА НОЌ
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Не си грешка, се паѓаат некој прашања кои ги нема во програмата. Јас кога полагав, по кривично на една колешка и се падна прашање што го нема во програмата, нешто знам дека беше поврзано со малолетници. Тоа прашање го имало во старата програма(и во прирачниокот за полагање на правосуден ги има тие прашања), ама со измените на КЗ делот за малолетници е регулиран со посебен закон, но изгледа не им се менувани комбинациите и затоа паѓаат и такви прашања. Јас освен по кривично, по друг предмет немам забележано да се падне прашање што го нема во програмата, значи станува збор за неколку прашања по кривично.

    Туку некој прашања од програмата ги нема во законите, еве на пример Барање за заштита на
    законитоста во управен спор, според Законот за управните спорови; - во закаонот е само наведено дека е дозволено БЗЗ и толку. Друго ипрашања кои ги нема во закон, а ги има во програмата се од трудово од законот за здравствено осигурување - 3. Права од здравствено осигурување и 4. Права на здравствена заштита.
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Кривично е малку така попријатен за испрашување и не создава тензија, ама уставнооо леле луѓе на еден му се падна пропорционален модел и го тераше да пресметувааа :o, уште му вика слабо колега со математика стоите не сте рачунале дека и за право ќе ви биде потребна. Ајде некако кривично ама уставно е отров.
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Dontovata formula mora da ja naucite perfektno zosto mnogu ja prasuva i bara da presmetas. Inaku sudijata bil clen ili pretsedatel na DIK vo 1998 godina mislam i zatoa epten potprasuva posebno na Dontova formula. Ama ne e teska da se sovlada. Ja imate ubavo razraboteno vo knigata po ustavno pravo i politicki sistem na Savo Klimovski.
    Isto taka vonrednite pravni lekovi vo upravna postapka gi bara site pottocki da se nabrojat.
    Se izvinuvam za latinicava :)
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    а ако не му ја одговориш доколку те потпраша бидјеќи гледам некои го немаа тоа прашање во комбинацијата, а исто ги прашуваше, дали може за тоа да бутне?
     
  9. Eennaa3

    Eennaa3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Има ли некој од прилика некои комбинации уставно? И што е со пресуди слушнав дека требале и некои пресуди да се подготват?
     
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Тоа е писмениот дел кој се полага по два предмети и тоа Граѓанско и Кривично, најчесто паѓаат пресуди или првостепени или второстепени. Оваа сесија се падна првостепена пресуда и по двата предмети.
     
  11. Yogi

    Yogi Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Како се испитувачите. Со што можеш да ги импресионираш и да се вадиш ако не знаеш. Стварно ли се немтури
    Дајте некоја слава точка, на што паѓаат. Мора да има нешто што може да импресионира некого
     
  12. Eennaa3

    Eennaa3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Има ли некој да не израдува со некое искуство од граѓанско, трудово и трговско ;) :)
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    Бараат знаење ништо не ги импресионира освен знаење и како што приметив најомилени им се оние кои брзо одговараат, одма почнуваат и опширно го одговараат прашањето, дури не ги ни потпрашуваат може нешто кратко и небитно, тие што поспоро зборуваат им делуваат како несигурни и ги потпрашуваат еден куп прашања со тоа може и да те збуни особено ако имаш трема.
     
  14. lovesong

    lovesong Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Може ли некој да ми каже или прати примерок како би требало да изгледа Молбата за пријавување на правосуден испит што се поднесува со документацијата??????
    Ви благодарам :)
     
  15. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
  16. Lisa1

    Lisa1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите!

    Многу се радувам за размената на искуствата на овој форум, ве молам така продолжете! Инаку, јас тек сега почнав да се интересирам за испитот, односно да го спремам, па здравје , верувам дека во Јунската сесија би можела да се пријавам, ама тешко многу богами.

    Инаку, се регистрирав и на Обука за Правосуден испит, организирано од ЕУРИСК, со предавачи професори и судии. Се надевам ке помогне. Дали некој има искуство до сега со такво нешто?

    Истотака, на сите тие што ќе го искусат влегувањето на некои од наредните испитни сесии, ве молам , дури и после полагање не го заборавајте форумов, зашто на нас другите ќе ни биде важно секое ваше споделување.
     
  17. saska8

    saska8 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    колешки има ли некој на форумов што го спремал правосудниов испит да каже од каде ги набавил материјалите, некои рекоа дека ги има во либро во мавровка, па ако знае некои нека пише и колку пари се сите материјали и дали се целосни, дали ги има сите измени, колку време го спремавте испитот секое искуство би ми било добродојдено.
    фала
     
  18. leona-mari

    leona-mari Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ЛЕЛЕ КОГА ЧИТАМ ОВДЕ КОЛКУ Е ОБЕМЕН МАТЕРИЈАЛОТ И КОЛКУ Е ТЕШКО ДА СЕ ПОЛОЖИ МИ ИДЕ ДА СЕ ОТКАЖАМ...А БЕВ СУПЕР СТУДЕНТ........ИМА ЛИ НЕКОЕ ПРАВИЛО КОЛКУ ИСПИТИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ЕДЕН МЕСЕЦ (СЛУШНАВ ДЕКА ИМАЛО НЕКОЈ УСЛОВ), КОИ СЕ ТИЕ ИСПИТИ И ПОСТОИ ЛИ МОЖНОСТ ДА СЕ ПОЛАГА ПО ЕДЕН ИСПИТ НА МЕСЕЦ......МОЖЕ ТРЕСАМ ГЛУПОСТИ НО НИКАДЕ НЕМОЖАМ ДА ДОБИЈАМ ТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ОВА ПРАВИЛО...ФАЛА

    Модератор: Користете големи букви само доколку сакате да потенцирате нешто, не за цел текст.
     
  19. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Ти го пријавуваш цел правосуден испит,а треба да се појавиш на најмалку три т.е да положиш најмалку 3 за да фатиш услов,јас би ви препорачала да одите на најмалку 4 бидејќи на 3 е ризик.
    Важно е да го имате добро спремено материјалот и како што кажаа погоре побрзо да зборувате без многу мислење..Ова е искуството на вереникот мој,покрај него и јас правото ќе го научам :D ;)
     
  20. ramajana68

    ramajana68 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Еве една година од спремањето сеуште не се осудувам да полагам...вработена сум и некако тешко ми е навечер да се концентрирам ...се мислам дали да земат неплатено или да се пријавам на обуката ? Знам треба цврсто учење и затоа се и дилемите....Казете некое искуство и за другите испити-нотарскиот за извршители? :envy: