Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Јас идната година планирам да полагам, од пред некој месец почнав да стажирам. Па ме интересира во врска со матерјалот дали сами се снаоѓавте според програмата или попаметно е да го земам од некој што веќе полагал? Ако може некој да ми каже како го собрал метеријалот за учење и колку време одзема тоа?
     
  2. Agatha

    Agatha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    855
    Ако го полагаш идната година рано ти е уште од сега да собираш материјали, зошто се менува нон стоп материјата така да ќе мораш нон стоп да симнуваш измени на закони. Инаку јас кога го полагав прво си ја симнав програмата, видов кои закони ми се потребни и закон по закон со измените си ги симнував сама (pravo.org.mk). Ти треба околу 15 дена да ги најдеш сите закони да ги средиш и да почнеш да учиш. Инаку материјалите ги има и во фотокопирница Ива, долу во Мавровка што е, ама таму може и да ти подметнат закони кои веќе не се во програмата така да внимавај. Се на се ќе те чинат некаде околу 3000 денари да си ги купиш. За учење, ама секојдневно учење, значи да не работиш никаде и само да спиеш, јадеш и учиш ќе ти треба отприлика 2 до 3 месеци, со тоа што правосудниот испит е голема среќа... Никогаш нема да научиш се, и додека чекаш ред да те испрашаат ќе се молиш да ти се погодат прашања што ги знаеш. Ова јас го предложувам на сите пред да полагаат правосуден, еднаш да отидат да слушаат како се врши испрашувањето за да можат полесно да се снајдат, верувај мене од преголема помош ми беше.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    А се учи само од законите или комбиирано книги и закони?
     
  4. Agatha

    Agatha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    855
    ^^ Има една стара книга од 2004 год. мислам дека е, ама бидејќи има многу измени од тогаш таа не се употребува повеќе како литература, доволни ти се законите само.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Фалам многу Agatha што одвои време да ми одговориш. Рано ми е мене за учење ама полека почнав да се иформирам како што. Поздрав и се најдобро

    (се извинувам на модераторите за офтопик)
     
  6. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    luge kako naevtino da se dojde do materijal za polaganje na pravosudniot?
     
  7. Bubamaricka

    Bubamaricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    87
    Па прашај некој што веќе полагал ако може да ти ги позајми материјалите, ќе треба само некои измени да принташ... :) мислам дека ова ти е најдобра опција :)
     
  8. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    za drugarka prasuvam koja pokasno go zapisa pravniot i pominaa 2-3godini od koga mozela da go polaga pravosudniot,a i treba materijal,pa bara pomos od vas,ako bi mozelo da se dobie od nekoja od vas!
     
  9. Pravnickaaaaa

    Pravnickaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Девојки може ли некоја од вас да ми каже колку се уплаќа за полагањето и дали има некои дополнителни трошоци.

    Фала ви
     
  10. Ksen

    Ksen Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    http://www.pravda.gov.mk/resursi.asp?lang=mak&id=16
    овде ви се сите информации, и мило ми е и јас да споделам мое искуство после 4 месеци турбо учење. Навистина е многу материјал, закони се, сувопарно, многу набројување, приближно прашањата од програмата ги покриваат законите, затоа нема потреба од скрипти да се учи, плус се менуваат законите многу, особено трудово мене многу ми се сменија па од ново ги читав, ги бараат и измените. Уставно е најсувопарно, месец време треба за тоа, управната постапка одзема време, плус испитувачот си потпрашува и надвор од програмата-ама општи прашања, сака да ти развие логика. Граѓанско е обемно доста, и ако не си го работел, практичниот дел одзема повеќе време не се учи напамет, од материјалното-граѓанско, стварното, семејно и наследно е ок, али облигациите мене лично ми беа напорни, ама брзо одат за учење ако ги сфатиш. И за граѓанскотосамо околу месец треба. Трговското има лесен и тежок дел, зависи за кого како, јас доста време изгубив на стечајната постапка, има и таму дефиниции и набројување доста, платен промет, а особено девизно работење е понеразбирлив за секој што не го работел, среќа што е мал дел, само дури чекаш да ти дојдее ред моли се да не ти падне :) . И кривичното иако е најлесно, не е за поценување, си бара да го поминеш 3-4 пати, ама тоа најбрзо оди. Трудово навидум е опиплив материјалот, но и таму има мноогу работи за учење. Без вкупно 4 месеци, мислам дека само на среќа може да се помине, или евентуално некој предзнаење ако имал (во уставно ако си спремал испити за државни службеници, или постдипломски студии-кривично, граѓанско, мене деловно од помош ми беше околу стечајот, индустриска сопственост и трговските друштва). Најубаво да си го спремиш материјалот поубаво (за со помалку бедоксин да поминеш ;) ) и препорачувам на сите 5 одеднаш, индивидуално е, секој различно поминува, многу зависи како ќе ти се погодат прашањата, не можеш во еден ден на два испити да се концентрираш целосно на сите прашања, секогаш ќе пропуштиш по некој дел да повториш. Ама ако делиш во две сесии уште понапорно знае да биде, на 3 испити само да одиш мислам дека е ризично. Со среќа на сите што ќе се решат за полагање.
     
    На Julijana78 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Пак јас со прашање :geek:

    Запознаен ли е некој со најавите за измена на програмата? И дали, ако има измени, се објавува на почеток на година или може во секое време да ја сменат?
     
  12. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    програмата за полагање ќе биде сменета за сите што првпат ќе полагаат од февруарска сесија, ќе ја има на страната на правда од понеделник објавено, а за сите што имаат поправни останува старата програма
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Julijana78

    Julijana78 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    eve i jas da go spodelam moeto iskustvo vo vrska so pravosudniot ispit..Jas polagav sega dekemvriska sesija i utre ke gi objavat rezultatite...Vo septevri mesec ja posetiv obukata za pravosuden ispit sto ja organizita Eurisk i mene iskreno mnogu mi pomogna. Na pismeniot del mi se padna bas toa sto Prof. d-r Kiril Cavdar i sudijata Agim Miftari ni go predavaa na casovite. dobro e da gi imate skriptite, no sepak nemojte da citate samo od niv, zosto se slucuva i da Vi postavat potprasanja, sto gi nema vo skriptata...pozelno e nekolku sesii pred da go polagate ispitot da odite i da slusate kako se odviva ispitot, za da znaete na sto poveke da obrnete vnimanie pri ucenjeto...
    Vi posakuvam uspeh i mnooooooooguuuuuuuuu sreka na site sto ke polagate...
     
  14. saska8

    saska8 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Koleske bellaSk od kade vi e informacijata deka programata ke bide smeneta za vo fevruari i kakvi izmeni da ocekuvame.
     
  15. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    полагав во декемвриска сесија и тоа ни го соопштија, односно ни кажаа дека за тие што ќе им остане еден или два предмети, односно што ќе одат на поправен ќе важи старата програма, а за сите што прв пат ќе полагаа ќе има нова програма, а што треба да се очекува искрено незнам но кажаа дека во петок, односно утре или најдоцна понеделник ќе биде објавено на страната на правда
     
  16. saska8

    saska8 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    колешки споделете некое искуство за писмениов дел од правосудниов испит, што се паѓа, тешко ли е, дали може да ги користиме законите, секој совет би бил добродојден.
     
  17. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    писмениот дел не е воопшто тежок доколку претходно барем малку сте имале допирни точки со тужба, жалба, решение, пресуда. Во текот на полагањето можете слободно да користите закони и бидејќи се полага неколку часа можете и да излезете од полагање и преку телефон да се советувате со некој адвокат :) Инаку најважно е да се запазат елементите предвидени за секој посебен документ (пример во пресуда воведен дел, диспозитив и образложение и сл.), како и да се повикате на одреден закон , член што сте го примениле при донесување на пример на пресудата, за да можат да видат дали знаете во кој случај кој закон ке биде применет. се надевам ме разбравте :)
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.865
    Пол:
    Женски
    За писмениот дел воопшто да не се секирате, лесно е. И обавезно понесете си со себе по некоја пресуда, тужба, жалба, зошто јас кога полагав кривично никој претпоставен немаше во просторијата во која полагавме да не надгледува, па можеше комотно да си извадиш пресуда и да си ја препишеш цела :lol:
    Мене кривично ми се падна второстепена пресуда не се сеќавам точно за кое дело беше, мислам за кражба, а граѓанско ми се падна првостепена пресуда за развод на брак.
     
  19. Julijana78

    Julijana78 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Во октомвриската и во декемвриската сесија на писмениот дел по граѓанско право доста често се паѓаше и РЕВИЗИЈА и ОДГОВОР НА РЕВИЗИЈА...Се сограсувам со претходната читателка во врска со писмениот дел по Кривично право, меѓутоа писмениот дел по граѓанско е многу многу потежок и може да се падне ама баш се од материјата ( сопственичка тужба, платен налог, одбивање на ревизија....)
     
  20. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    9
    И јас на последнава сесија го слушнав Александар дека ќе ја менуваат прогрмата, само тој рече за минатиот понеделник, а еве сеуште нема ништо ново. Да не им текне на 1 февруари да ја сменат :@