Сашка, нема потреба од нервоза. и да се смени програмата тоа нема да бидат драстични промени, законите се тие.Барем јас така мислам. само мозе да додат или да тргнат некое прашање од веќе постоечката програма.. ти посакувам многу срека...
Девојки јас разбрав дека наводно програмата ќе била нешто скратена. Јас почнав да учам по таа програмата што е од 2010 година и сега ја чекам новата да видам како ќе биде. Но во секој случај законите се тие. Е сега исто подслушнав дека ќе треба да се учи новиот Закон за кривична постапка (оној што му се одлага цело време примената). И се ова што кажав се неофицијални информации така што не ме фаќајте за збор
Многу е нефер од нивна страна, на месец-дена пред полагање и при толку многу материјал, уште да не ја објавуваат, а луѓе почнуваат да учат уште од пред 2-3 месеци. Ѕвонам во Министерство, никој не се јавува со денови, а на сајтот нема ништо.
Не да не е фер ама ајде што ќе правиш. Инаку во Министерство не можеш да ги добиеш затоа што се селат со просториите или реновираат не знам точно. Моментално се во Министерство за економоја ама привремено, заради тоа не можеш да ги добиеш на телефон.
јас не верувам дека ќе треба да се учи новиот ЗКП од причина што неговата примена е одложена дури за крајот на 2013 година. позздрав
Утре посабајле идам да прашам што се случува, се надевам ќе најдам некого . А за ЗКП, и мене ми нема логика да се учи стариот. Инаку, повелете, најдов група за Правосуден, да се консултираме на едно место. http://www.facebook.com/PravosudenIspit ... 12?fref=ts
da ne znaete kade treba da se prijavi pravosudniot, zasto slusnav deka momentalno se selat vo druga zgrada?
Здраво колеги, Има ли некој што ќе полага во февруари сега?? Ако има нека ме контактира со ЛП да се знаеме за консултации
Колешки ептен ни е замрена темата, нема дискусии нешто... Што мислите за предложениот закон за нов начин на полагање на правосудниот испит? Најверојатно ќе се полага со прашања на заокружување како што беше и на факултет по болоњскиот систем Јас мислам дека не е изводливо воопшто така да се полага, на толкава обемна материја прашања на заокружување јас мислам дека ќе биде катастрофа!!
Не го изгласаа мртвилата??? Нас професириве ни кажаа дека е веќе изгласан. Не само што ќе биде на заокружување, туку ќе се полагало на странака литература( по книги од најдобрите 100 рангирани универзитети во светот) Малоумни се ако мислат дека одговараат книгите од Оксворд, или Харвард. На здравје бричење
WTF?? Јас ова со странската литератутра не го знаев, значи колку повеќе информации добивам се е полошо. А информирани ли сте кога ќе стапи на сила законот? Едит: Сега прочитав дека се планира да се применува од октомвриска сесија, баш јас кога планирав да полагам Мене овака со странската литература и плус нашите закони ми е преобемно, скоро невозможно за учење. Ме буни само тоа што опозицијата велат дека вака ќе било полесно, а баш напротив мене дури и страв ме фаќа како ќе биде
Па можеби е и подобро писмено да се полага, бидејќи тој начин е полесно отколку кога би излегол очи в очи со некој искомплексиран судија комуњар пред кој треба да се потиш и раскажуваш. Единствената негативност ја гледам во тоа што ќе има прашања буквално од цела материја, за разлика од усното каде ти се паѓаат три прашања со можност за нешто дополнително. Но сепак писменото е помалку стресно за полагање. Јас мислам дека полагањето на правосудниот испит е само начин да се собираат пари за буџетот, бидејќи правото се учи додека си жив, секојдневно излегуваат нови закони и мора да си во тек. Ти може си полагал за еден закон а утре да излезе сосема изменет закон за истата материја. Полагањето на правосудниот испит не те прави поголем правник или адвокат од некој што не полагал. Сметам дека правосудниот испит не игра некоја позначајна улога во кариерата на еден правник, туку улога игра колку некој е паметен и способен своето знаење да го изнесе во професијата, колку е снаодлив да даде максимум во она што го работи. Порано не се полагаше Европска Унија, сега и тоа го воведоа. И што сега, тие што не ја полагале Европска Унија се помалку паметни? Не знам како не им текна да донесат предлог за укинување на овој испит или намалување на материјата за полагање и што е најважно снижување на цената за истиот на некоја симболична вредност. Што е многу, многу е.
А да ве прашам уверение за положен правосуден од министерството кога даваат? Јас сега положив во февруарска сесија. тенкју
Во право си, со правосудниот не учиме ништо дополнително, пак повторуваме скоро исто што сме учеле и на факултет и јас мислам дека треба малку да смалат во обем. Нема смисла тоа учење и спремање со месеци, нервози и стресови... Се надеваме ќе биде подобро со новиот закон, што е тоа е. Ако разбере некој нешто ново во врска со новиот начин на полагање нека извесува на темата поздрав
Еве јас како ваш колега (уште една година и магистер ќе бидам) го видов законот за правосуден испит и можам да кажам само едно: ПОНИЖУВАЊЕ ЗА ПРОФЕСИЈАТА!!! Прво: начинот на полагање со т.н. multiple choice е сосема погрешен. Ќе учиш за да препознаваш а не за да знаеш. Така беше и на додипломски студии, и прво прашање кога ќе излезеш од испит е дали ти се паднаа прашањата! Страшно. Добриот правник треба да биде и добар говорник. Второ: литературата за полагање е исто така несоодветна. НЕ МОЖЕ да полагаш според странски закон правосуден испит во Македонија. Да, корисно е да има странска литература, но таа треба да ни служи за проучување на странското право (кога тоа ќе се примени), а не за полагање на испит. Трето: Зошто толку сериозно се сфаќа тоа рангирање не ми е јасно? И да е сериозно, не треба да се повикуваш на такво нешто за да имаш изговор да наметнеш странска литература за полагање на испитот. Поздрав до колешките и колегите правници.
Будучи магистре се сложувам со тебе, арно ама и сегашниот начин на полагање да се разбереме не е сосема во ред. Мислам дека треба полагањето да е усно ама да се намали материјалот. Какви се глупости има во програмата за полагање да се чуди човек. Читај, читај нема крај Утре кога ќе работиме како адвокати нотари... ги имаме законите пред себе не мора сите (добро де не сите) да ги знаеме на памет. Дополнтелно полагањето е ем напорно ем стресно. По 2 до 3 испити во еден ден па кој било да е нема да го држи цел ден концентрација за да може да одговори како што треба. Барем да се намали програмата да не е тооооолку опширна и да се задржат само на најбитните предмети.
Денес во министерство прашав, и да ве информирам дека до крајот на оваа година сигурно нема да се применува новиот закон. Уште не е донесен, а и кога ќе се донесе ќе биде со одложена примена од 6 месеци, така да сите кои планирате да полагате октомври и декември учете си по старата програма, таа од 2010 год. Поздрав и со среќа