1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правосуден испит

Дискусија во 'Образование' започната од aNy-to, 21 јули 2010.

  1. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Оние што скоро полагале правосуден испит, колку време реално ви требаше да го спремите? Односно колку часа дневно активно учење и колку месеци?
    Каков принцип применувавте при учењето? Вадевте ли забелешки на страна, од закони ли директно учевте или пак се служевте со прирачникот и плус други книги?
    Јас сакам да полагам во октомври и се прашувам дали ако почнам од 1 јуни односно 4 месеци активно учење би ми било доволно?
    Плус одам на работа и нема да можам да земам слободни денови за да се посветам по цело денови на учење?

    Help please!
     
  2. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    И јас се спремам за во октомври, почнав да собирам материјал и некаде крајот на мај почеток на јуни ќе почнам со учење. Мислам дека ќе е доволно, евентуално ако немам време за сите граѓанско ќе го оставам за декември. Така ми е планот па ќе видиме.

    Ана, за консултации ако си расположена тука сум :hai:

    (..и дајте нека се активира темата, не е фер )
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
    Ако одиш на работа ќе ти треба повеќе време зошто реално во тек на денот после работа имаш околу 3-4 сати ефективно учење што е малку. Јас со одење на работа за трудово ми требаше 3 недели да го совладам материјалот, а не е тежок трудово, а и не е премногу обемен. Ако успееш да се договориш барем порано да си одиш од работа верувај ми помага :)
    Во однос на принцип на учење јас учам со подвлекување си имам мој систем кој потадок со која боја, ама и со белешки до текстот. Полесно ми е за повторување после си ги читам забелешките од страна за да знам за што се работи во членот. Учам од законите по програмата како што е прашање по прашање. Од законите што имам коментар на закон читкам и од таму нешто.
    А ако почнеш од 1 јуни мислам дека ќе имаш доволно време. :) Барем 4 да ги спремиш по месец дена за еден предмет.
    И да си се пожалам на крај цееел ден го читам Закон за трговски друштва, на моменти ми доаѓаше од тераса да се фрлам :@ мислам дека ќе сонувам вечер удели, акции, собрание, содружници... хахахах
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    Јас да ви дадам мала помош за трговско право највазен од сите е стечај и закон за трговски друштва, зошто обавезно имате по едно прашање од тие два закони, а може и третото ако имате среќа :D или третото може да биде од облигации. исто така и за ѓраѓанско најважен е закон за сопственост и др.стварни права. Со лесно ;)
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Јас бев да следам полагање во април и уште еднаш си потврдив дека полагањето на правосуден испит е дополнително ограбување, губење време, нерви, здравје.
    Сите повторуваа граѓанско бидејќи обично така е редот, граѓанско трговско па трудово, кога доаѓа асистентот и им вика - почнуваме со трговско. И тука ги пресекува, се губи концетрацијата, настапува стрес трема, го уклучуваш мозокот за трговско, повторуваш од друг материјал.
    И се е до СРЕЌА,ако го положиш правосудниот не значи дека си подобар правник од оној што не го положил. Ме нервираат такви што се фалат со тоа дека положиле правосуден нотарски испит итн.
    Не е најважно на среќа да одговориш три прашања, важно е колку те бива за таа работа. Потврдата за положен испит нема да работи, ти ќе работиш.
    Може и да не си научил се, но ете за среќа да ти се паднат баш прашања што си ги поднаучил.
    И никако немој да мислиш само на прашањето, мисли пошироко на материјалот, одговарај го прашањето но поврзувај ја целата тематика, биди подготвен и на друго прашање кое не си очекувал но е поврзано со твоето прашање.
    Се е среќа.
    Ти можеш и многу добро да научиш но на секој може да му се случи блокада и да не се снајде со прашањето. И немој да сопрете на сред одговор, да молчите и да гледате во судијата како теле, ако не го знаете одговорот подобро кажете некој точен податок околу тоа што ве прашува отколку да настане тишина.
    Судијата барем јас кога бев во април, ги прашуваше многу брзо, кратко кога ќе видеше дека знае, но кратко и кога ќе видеше дека не знаат.
    И јас планирав да почнам сега во мај, јуни па да пријавам во октомври.
    Здравје Боже, има време до тогаш.
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. melissa

    melissa Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    178
    Jas planiram da polagam sega vo juni go prijaviv veke,ama planiram da polagam samo 3 ispiti i toa ustav,trgovsko i trudovo za da go fatam uslovot pa drugite 2 da gi dopolozam vo oktomvri.Inaku za ucenje sekako deka e tesko,naporno i preobemno ima dosta materijal i zatoa ne se osuduvam da idam na site odednas iako go citav i gragjansko ama se otkazav bidejki e najobemen i se resiv za drugive da gi polagam prvo,bidejki mi se nekako mnogu polesni.E sea ne mi e jasno ako ne se pojavam na drugite 2 voopsto na polaganje dali posle za oktomvriska sesija ke treba da plakam povtorno za tie 2 ispiti,posto pisuva tamu deka se plakaat samo popravni ispiti znaci ako padnes nekoj a ako voopsto ne se pojavis nezz koi se pravilata.a sekako dokolku fatam uslov sega vo juni.Pa bi ve zamolila ako nekoja znae da mi pise.Pozz :)
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што нема да ги полагаш, се смета дека ти се паднати и се доплаќа по 3000 денари од испит за оние за кои има и писмен дел, а 2.500 денари за оние кои имаат само устен дел.
     
  8. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Феминки дали знаете како може да се најде пречистен текст на Закон за трговските друштва? :)
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356

    Имам јас на компјутер пречистен текст ако сакаш пиши ми маил во порака ќе ти го пратам :D
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски


    Најдов во меѓувреме, неофицијален пречистен текст на страната на Комисија за хартии од вредност. Ќе оставам линк и на некој друг ако му треба.

    http://www.sec.gov.mk/default.aspx?item ... &itemid=28
     
  11. Bugda

    Bugda Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали со прирачникот за полагање на Правосудниот испит може да се положи овој испит? И јас планирам да го спремам за во Октомври, почнав со учење на Уставно право.
     
  12. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356
    Па да ти кажам зависи кој предмет. Уставно на пример има повеќе теории одколку конкретен материјал од прашањата. Кривично, кривичната постапка може да ја читаш од практикумот, ама мораш и од законот бидејки има битни работи кои ги нема во прирачникот. Трудово исто како кривично споредувај си и од закон и дополнувај во прирачникот. Во прирачникот на пример има за некое прашање овој дел е разработен во член тој и тој од законот. Мој совет ти е прво да читаш од закон па потоа од прирачникот па ќе видиш што нема во прирачникот. Поздрав :)
     
  13. melissa

    melissa Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    178
    Zdravo decki,ima li nekoj od vas sto ke polaga pravosuden sega vo oktomvriska sesija?i do kade ste so ucenje?pisete pozz i da si posakame sreka :)
     
  14. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Може ли некој од искуство да ми каже дали тие што се понапред на список за полагање повеќе ги испрашуваат а тие поназад по набрзина ги минат? или немора да значи :)
     
  15. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    http://info.mk/News/LoadNews/1296616

    Епа на здравје нека ни е, нож во грб ни забија, почнувајќи од ЕКТС, завршувајќи со ова... Ќе почне да се применува во рок од 3 месеци од денот на влегување во сила... не се нормални
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    ЗАКОН ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ
    Службен весник на РМ, бр. 137 од 7.10.2013 година

    .
    .
    .
    Член 35
    Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за правосудниот испит („Службен весник на Република Македонија” број 10/10).

    Член 36
    Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува по една година од денот на неговото влегување во сила.

    http://www.pravda.gov.mk/LDBISReader/DocumentView.aspx?Type=1&ID=29557
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Даа, добро е, го сменија тоа, имаше амандмани поднесено токму за тоа кога да почне да се применува.
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.893
    Допаѓања:
    132.606
    Сега сите ке станат како - лел па ние колку тешко полагавме, усмено, не цедеа, они со заокружување факс, а сега па овие што положиле правосуден ќе се курчлат како они усмено полагале, а другите не...а не казуваат ни едните ни другите дека правник дој дипломирал со знаење не плаче по 6 месеци од правосуден. Другарка ми за 1 месец го положи, без врски :) АМа затоа на факс имаше просек од 9,80
     
    На Dobrila44 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    2.356

    Нема врска тоа, од искуство ти кажувам. Ако знаеш ќе те прекине и ќе ти рече ајде другото прашање. Ако запнеш некаде може да те потпраша нешто па така подолго да ти трае испрашувањето, а тоа дека првите повеќе ги испрашуваат нема врска :)
     
    На mila89 и G.a.b.r.i.e.l.a им се допаѓа ова.
  20. Iriss

    Iriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали некоја ги има материјалите - пресуди, жалби, тужби... за писмениот дел кривично право?