1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. MiLa1008

    MiLa1008 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Дали по враќање од неплатено отсуство, работникот има право на цел годишен одмор??? Или треба да поминат над 6 месеци?
     
  2. Поддршка Права

    Поддршка Права Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Секој работник има загарантирано право на годишен одмор. Тоа право е загарантирано со Устав и со Закон за работни односи на РСМ. Според член 32 став 4 од Уставот на Република Северна Македонија, секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор.
    Стекнување право на годишен одмор
    Работникот кој за првпат заснова работен однос се стекнува со правото на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеца кај ист работодавач, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од полното.
     
  3. Milena458

    Milena458 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам прашање во врска со годишниот одмор. Имам работено во истата фирма кај што сум сега 5 ипол месеци, па имам прекин од два месеци и сега пред 1 месец повторно почнав да работам на истото место. Прашањето ми е дали ме следуваат денови од одмор и колку и што е со тие денови од претходните месеци кои ми останаа неискористени?
     
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Според законот стекнуваш право на одмор по 6 месеци работен однос, освен ако си имала непрекинат стаж во претходна фирма. Вака не те следуваат, е сега зависи во каква организација работиш и дали би можела да се договориш да ти дадат некој ден на добра волја.
    Инаку одмор треба да се искористи секогаш пред да те одјават или да ти дадат потврда дека не ти е искористен за да можеш да го користиш во другата фирма.
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ти кажа @Mikha4 , луѓе зашто дозволувате вакви работи да се случуваат не ми е јасно, за скоро шест месеци не си побарала одмор, не ти го исплатиле ниту ништо, и кога веќе си во истиот колектив саглам договори се со претпоставените или ако не планираш да се задржуваш користи го со време. Мора елементарните права да си ги знаете како вработени.
     
  6. Milena458

    Milena458 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    А бидејки ми немаат издадено никаква потврда ниту пак ми биле исплатени тие денови од одмор, дали во овој момент имам право на исплата на истите бидејќи сум во истата фирма или не ме следува сега такво нешто? :|
     
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Тоа се решава пред отказот да биде официјален, а исплата наместо одмор е незаконски, не ми јасно од каде се раширени вакви дезинформации кога законот е јасен дека е обврска на работодавачот да го овозможи одморот доколку условите за истиот се исполнети.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Евентуална изјава на суд дека како работник се откажуваш од одмор и наместо тоа сакаш да ти платат е ништовна, но во пракса се случува поради работниот процес да не може да се искористи одморот до одреден датум/особено и во случај на стечај/ така што технички постои начин одморот да се надомести бидејќи инаку ќе пропадне.
     
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Во пракса се случува затоа што нема редовни и правилни контроли, работниците молчат и немаат избор, најверојатно и им одговара со исплатата, што не значи дека е во ред. На крај пак фирмата ќе има последици и тоа по работниот процес како резултат на експлоатацијата. Не за џабе излегуваат сѐ повеќе извештаи каде поголем успех имаат компании кои имаат пократко работно време и задоволни работници.
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Искрено, најмногу на компаниите им одговара. Барем во Скопје се знае многу добро кој тера "не баш законски", кој работи со 9 часовно работно време (ова е особено индикативно и проблематично), а дава договори на 40 часа неделно, кој практикува други незаконитости, но државата им дава "амин" затоа што?? веројатно за мрсна провизија, така што не си во право дека е до работниците. И добар дел се странски инвестиции. Скоро е невозможно да победиш во таква трка за жал.
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Јас не реков дека е само до работниците, но штом не пријавуваат неправилности значи и тие се учесници.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека не пријавуваат, многу поточно е дека не се постапува по пријавите или инспекција излегува на терен, пие кафе и си оди. Не е Скопје Њујорк. Ако се знае дека одредени фирми работат незаконски, треба да е надлежност на инспекциите да одат во контроли, дури и да нема пријави.
     
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Таков пилот проект се проба во Данса или Норвешка (не ме држи за зборот). Четири дена по 10 часа работа, три дена слободни. Проектот се покажа далеку понеефективен од сегашниов модел .
     
  14. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Може да има такви примери, но од мои блиски пријатели што работат по индустриски зони плати им тераат до 40.000. Прекувремено и саботи им се плаќаат. Плус, оброк, превоз, стаж, социјално. Не е лошо. Двајца дома да работат (не во иста фирма), па ете ги 60.000-70.000 денари месечно. Не е малку. И, ние преку леб сакаме погача.
     
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Законот не дозволува 45 часа неделно работа, особено ако во договорот ти стои 40, уште помалку ако удриш математика дека тоа е 20 часа месечно кои не се дополнително платени, а на годишно ниво тоа е и добра сума пари. Висината на платата не му дава право на рботодавачот суптилно и перфидно и незаконски да го користи трудот на работникот, особено што смена од 9 саати секој ден, постојано, е непродуктивна. Сите овие други работи кои ги наброја се минимумот кој секој работодавач треба да го обезбеди за сите вработени, не треба да се фалиме со тоа. Ајде да зборуваме за фирми кои имаат 4 дневно работно време, 30 дена одмор за сите, 30 ден burnout, 30 дена 100% покриено боледување итн итн. Така што не е погача, туку е уставно право.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Со уставно право може да се удираме во гради кога ќе имаме 5% невработеност кај целокупна популација и под 20% невработеност кај популација од 18-24 години. Силна конкуренција, потреба за свежа работна сила, реформирани универзитети, кадар кој се бара на пазарот итн итн...Ајде да зборуваме за генералниот квалитет на работната сила во Македонија? Според пописот од 2021 имаме околу 500.000 луѓе со само основно образование. Имаме и еден куп со завршени факултети, магистри и докторати на факултети, кои денес не вредат ништо на пазарот на трудот.

    Со 20% невработеност, инфлација од 12%, треба да молиме некој да дојде да инвестира тука, а не да ги бркаме со некои глупи социјалистички и популистички закони, па да ни бегаат 7.000 готвачи и келнери во Хрватска летово на аргатлук или по Британија и Германија да берат јагоди и цреши како робови од 18 век...

    Дај да се вратиме во реалноста. Едно е устав, а друго реалност...Се е во ред тоа што го велиш, но во капитализмот за секоја промена има замена. Ако не сакаш ти, друг ќе работи. Кај нас тој кадар го има во изобилство, затоа и фирмите се во можност да прават маневри, уценуваат и да го избегнуваат законот.
     
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    10 часа работа дневно не е хумано ниту ефективно. Фирми насекаде низ светот имплементираат слични модели и даваат секакви бенефити баш за да се зголеми и продуктивноста и профитот, не дека им е гајле за работниците.
    https://voxeu.org/article/teams-bec...est that when,with increased energy and focus.

    Да воведеме ропство ако не.
    Ај што пишуваш од ракав, туку мислиш дека ако се отвараат фабрики овде со нехумани услови, работници нема да бегаат? Не знам дали пратиш огласи но веќе тој воз е заминат.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Кои точно глупи социјалистички и популистички закони? Право на одмор, придонеси и достоинствен живот? Зоната која ти толку ја фалиш е финансирана од државата, платите ги земаат затоа што државата им олеснува со мали даноци, помош за плаќање придонеси итн итн така што тие гиганти проформа само се нарекуваат инвеститори. Секако, откако сите наши фабрики ги прокоцкавме.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ти му збориш 4 дневно работно време со назнака дека работното време останува 8 часовно, ама не, што знае светот, ние ако треба 24 саати ќе работиме.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    "Нека јадат торта"... лесно е да солиш памет од удобното администрациско столче. А да имаат они работни задачи секој ден константно 6 саати, први ќе преплачат.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.