Без тие индустриски зони во Македонија ќе владееше далеку поголема беда и сиромаштија. Всушност, тие се покажаа клучни за економскиот раст и спречување илјадници семејства да се иселуваат. Затоа велам, уставот е едно, реалноста е друго. Не сум апсолутно против одмори, слободни денови, бенефиции. Се е тоа супер, топ, но треба да се гледа моќта на македонската економија, раздвиженоста на пазарот, демографската ситуација, изборот на кадар, претприемачкиот дух итн итн... Тие фабрики многу значат за помалите места. Треба да се бориме за секое семејство, секое дете, секое бебе да остане тука. Не размислувајте идеалистички, туку практичарски. Немаме време да глумиме мангупи. Друг начин да ги привлекуваме да инвестираат, а да не им помагаме со разно-разни бенефиции, немаме. Тоа е реалноста на терен. Ќе отидат во друга земја. Ко што направија со Србија. Србите сите фабрики ни ги земаа пред нос. Едно Врање, за кое не знаевме дека постои на карта до пред 5-6 години, денес има 3-4 големи фабрики, кои вработуваат по 200-300 луѓе одделно. Плус, Лидл, разни ресторани, бутици, нов автопат. Се влече едно по друго.
Не работам во администрација. Работам сам. Приватно. Дојди биди “газда“ и види како е секој месец да обезбедуваш плата за самиот себеси, а да не зборувам да даваш плати на други.
Леле друже, во Врање носат пелени за да исполнат норма, ти на работа носиш пелена за случајно да не ти се примоча? Што прави сега Фиат во Крагујевац, колку технолошки вишок ќе има? Откако постои светот и векот, во природата на луѓето е да мигрираат, и не, не пропадна светот. Знаеш колку се чека за дете у градинка да запишеш? Знаеш која борба е тоа, сега зачнуваш и одма трчаш да го упишеш уште неродено. Само си вадиш некои чудни статистики од ракав. И ти велам убаво, ама не разбираш. Фабриките даваат еве нека се пример 40 илјади плата, но од тие 50-60% се финансирани од државата, значи за фабриката иде само профит, а на крајот на денот ние пак сме во минус.
Вучиќ добро ги субвенционира, исто како Грујо. Повремено следам српски канали, дебело им плаќа да дојдат. Има обвинувања за тоа. Им плаќаш да дојдат да ти го истрижат народот, и потоа си одат. Е сега што сме ние голи и боси вечито, па се радуваме на се. Другарче работи во скопска зона, максимум 35.000 денари. Луѓето и си подложуваат малку. Може да каже и 50.000, 60.000 ама што кога не ги зема.
Во ред. Ете, се сложувам со тебе. Кажи ми колку директни странски и домашни инвестиции имаше последниве 5 години? Во конкретни бројки, имиња на фабрики, број на вработени итн...Да не се сведува дискусијата сега на рекла-казала, пелени, камшикување... Без тие субвенции странски фабрики не ти стапнуваат овде. Тоа треба на сите да ви е јасно, а без нив нашата економија е јад и беда. Србија го украде тој економски модел што се применуваше кај нас, па денес не тепаат 10:0.
Анализата правена за време грујово, нели новинари правеа истражување, испаѓаше дека со парите за субвенции ги плаќаме ние работниците. Субвенциите беа високи. Мислам 11.000 или 16.000 евра по работник, лупам сега не ми се бара точен податок. Па со тие пари ние им даваме плати и придонеси, а инвеститорот користи. И Србија исто прави. Ако го плаќаме да дојде, пак статус кво.
Во што не тепаат, во носење пелени? Нашата економија го поддржува отварањето на такви фабрики кои се "набожемски" странски, а всушност се наши инвестиции, пошто ти работиш за странец кој има само чист ќар, а придонесите ти ги плаќа државата. И не се прави дека не разбираш бидејќи очигледно така ти одговара. И ти кажи ни нас кои се тие јаки фабрики поради кои нѝ цвета економијата. Еве ти за Аптив на пример https://direktno.rs/vesti/drustvo-i-ekonomija/383048/strani-investitori-srbija-kolonija-fabrike.html А и треба да си опериран од срам да коментираш вака кога знаеш на пример текстилните фабрики во Источна Македонија како работат, само Гласен Текстилец отвори. Економија за мерак.
Србија има 5 пати повеќе инвестиции по глава на жител од Македонија. Тоа се официјални бројки. Просечна плата во Србија достигна 500 евра, во Белград 700 евра, а стапка на невработеност околу 8%. Во првиот квартал годинава Србија имаше раст од 4.3%. Пак подобро од нас. И, покрај Ковид криза, војната во Украина, пораст на инфлација, пораст на цени и пак не шишаат. Зошто? Затоа што некој кај нив работи, трча и носи инвестиции. Не случајно одат кај нив, а не кај нас.
Анализа правена од новинари блиски до СДСМ. Кај што плукаше СДСМ, таму лиже денес. Ниту една од тие бенефиции на фабриките не укинаа, туку, напротив, ги проширија. Се залетаа со прогресивен данок, видоа дека е тоа ќорсокак, па го укинаа. Денес највеќе го полнат буџетот тие фабрики од економските зони и највеќе допринесуваат за економскиот раст.
Еднаш си на приватно, еднаш на државно, договорете се со колегите во штабот како ќе се претставувате со секој профил. А да беше ти приватен или независен од твојата партија ќе знаеше дека можеш да ги сонуваш бенефициите и сите даночни олеснувања странците кои ги добиваа од најглупиот економист кој владеел со државава. 0% даноци првите 3 години; 0 придонеси за вработените првите 3 години; Субвенции во милиони евра; 0 царински давачки засекогаш ; Готова инфраструктура, зграда и сѐ што се добива во технолошките зони. Имаш интернет, провери што се случи после трите години стопанисување во даночниот рај. Еве ќе ти кажам : ги баталија старите фирми, си регистрираа нови и циклусот бенефиции пак го користат, со амин секако. Друго, не идат тие фабрики за субвенциите и бенефитите, идат за евтина работна сила. Но проблемот кај нас е што немаме стручен кадар, за разлика од Србија. Не може да имаш факултет во секое село а после да плачеш зошто народ не сака на линија да стои 10+ саати дневно, вклучувајќи и сабота. Е тие се паметните развојни политики на твојот идол. Туку, он се спаси во ЕУ и изиграва бизнисмен а вие ќе го браните овде сеуште на сметка и на грбот на ваши сограѓани.
Како тоа го полнат буџетот кога не плаќаат даноци?! Туку им кажавте на вашите членови што им мислите, тоест работа без одмор, колку добри зделки им смислувате?
Ама носат пелени и се соочуваат со нечовечки услови за работа. Или се додека ти не си тој што носи пелени на работа, прифатливо ти е.
Те разбирам јас, ама ајде нашиве ако лажат, и во Србија ли лажат. Ако го плаќам да дојде, не ме помогнал економски. Со 16.000 евра по лице пред 11 години, ехе па две години од наш грб плата и придонеси се тоа. Карикирам, им даваа минималец или 1.000 денари плус, значи бруто трошок беше 12.500. Па со 16.000 евра по работник сами сме си ги платиле. Јас сум била вработена со субвенционирано вработување, и 6 месеци државата ме плаќаше. Реално не е ок, кој нема пари нека биде социјален случај, невработен, а не газда ќе се прави со државни пари. Економија на шкрги, крпи закрпи.
На тие на кои не им е јасно, така им одговара. Некој комплекс на нижа вредност ли е што ли е, да се тепаме со Србија кој повеќе ќе моли да го експлоатираат. Ц ц страшно.
Првите 3 ГОДИНИ, првите 3 ГОДИНИ итн итн. Тие фабрики се повеќе од 10 години во Македонија и се главен мотор на економијата, вработувањето и растот. Повторно прашувам. Зошто сите тие бенефиции некој не им ги укине? Колку фабрики ќе дојдат да вработат луѓе по твојот економски модел? Ајде покажи со соодветен пример. Отвори фирма, вработи 50 луѓе и работи по твојот принцип, па да видиме колку ќе држиш до својот принцип на водење економија. Желботека е едно, реалност е друго. Без тие субвенции, без тие економски зони, без тие фабрики ќе имаше миниум уште 100.000 иселени. Да те прашам нешто. Зошто и најсоцијалистичката земја во Европа, Белорусија, дава еден куп привилегии на странски компании? Зарем и тие будали? Така? Без дискредитирање, те молам. Јас никаде не те навредив, али без реални докази веднаш некој се дисквалификува како партиски бот или слично.
Ама која е разликата меѓу тоа да бидеш експлоатиран во твојата земја и некаде на друго место? Тоа синдром на жртва е некој, голем патриот ќе бидеш ако изгинеш во непроветрена фабрика или нешто друго? И каква врска има иселувањето? Луѓето се селат од многу многу други причини, замисли мигрираат и луѓе од економски силни земји. Демографијата е флуидна и никому не му е битно кај ќе живее сѐ дур му е убаво.
Можеш да дочиташ до крај и да одговараш без пласирање лажни информации? 2019 година имало вкупно 14000 вработени во зоните, не 100000. Не ги затвараат затоа што им одговара ПР-от и тоа добро го знаеш. Инаку вистина тие зони низ цел свет се користат за подобрување на економијата, само кај нас измислија топла вода да си ќарат провизии. И да има можност јас такви субвенции да добијам и јас би работела подобро, но како претприемач 2 денари олеснителност не сум добила во овие 10 тина години колку што работам.
Како ти ќе градиш економија без народ. Јас не знам. Затоа примаат економски имигранти, за да има кој да им работи. Многу јасно. Како ќе одржуваш пензиски систем без народ? Јас не знам. И, многу други работи. Јас имам многу желби во животот, но едно се желбите, друго моите можности, а трето реалноста. Ние сме сиромашна земја и како таква сме во подредена позиција. Тоа е реалноста. Сакале или не. Поздрав.
Тие 2-3 инвестиции ниту овде ќе задржат народ, ниту во Србија. Кога ми кажаа дека во Србија во провинција, хирург отишол на одмор, па ортопед го менува, и тоа единствен хирург во болницата, се шокирав. Град со 12. 000 без очен лекар. Основни услови немаат. Автобуси немаат како што треба. Истите финти со исти реченици се продаваат на пинк. Ќе седеле во Србија, добри плати имало. Се е исто. Грујо го нема, сега Вучиќ тера иста шема, плаќа да робуваат Србите. Многу зборувам, ама не можам ова да не го кажам. Од мојот еснаф од друга фирма, ги земале на пик во време на Грујо, и знаете како, кадија те тужи, кадија те суди, те казнува, се прават. Што ќе ми кажат, земале кредити да враќаат и отплаќаат ни криви ни дужни. Криво погледнале некого или рекле нешто на некој, и ете ти беља. Грујо одамна не е власт, не е тука, а овие уште отплаќаат, потонаа. Во бомбите се виде рекетирање се живо, Бонева си призна, ама донел две инвестиции ги платил со наши пари. Туф каква помош. Рекет за домашни фирми, субвенции за странци.
Па нема да има народ бидејќи ќе им се смачи на луѓето само да 'рмбачат без никакви права, разбираш? Значи не си одат луѓето од државава затоа што има недостаток на странски инвеститори, туку затоа што им е преку глава да бидат робови.