1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.809
    Допаѓања:
    97.253
    Пол:
    Женски
    Во интерес на фирмата е ич да не одат работниците на одмор, затоа постојат закони, не се прашува фирмата.
    Ако мислиш дека човечки ресурси ќе ти помогнат, зборувај, а дека треба да ти дозволат, треба, породилното на колешката нема врска со твојот одмор, нивни проблем е да си најдат замена за колешката.
     
    На honey.11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Во државава кај нас човечки ресурси треба да му помогнат на работникот, но многу погрешно си ја сфаќаат работата и често истите они се против работникот.

    Тебе според закон ти следат 12 дена не прекинат летен одмор и останатите денови најмалку 8 кога сакаш и имаш потреба да ги користиш. Не може менаџерот на секторот да одлучи дека ти нема да имаш одмор, а да не одлучи за да ти ја зголеми платата. Што би било ако и ти останеш бремена и си на патолошка кој ќе ве смени?

    Друга работа имаш право 2 пати да поднесеш барање за користење годишен одмор, доколку они ти го одбијат ти повторно можеш да поднесеш и третиот пат веќе мора да ти го дадат. Ова е според закон.
     
    На Cosmic Girl, Мамичка, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Еве во овој случај може. Само шо ја немам на писмено одлука дека нема да користам одмор и сл. Сакам да му речам на емаил да ми пише дека поради политикана фирмата или не знам шо, нема да кориатам одмор. После таков емаил кој е документ, во правна служба или кај човечки ресурси и да видиме шо ќе правиме.

    Мене јаано ми е дека секој е заменлив, но не секој ја врши и работата како шо треба. За наоѓање ќе најдат уште утре, а шо ќе најдат не знам.
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Затоа фирмите не се замараат да ги задржат своите вработени, затоа што мислат дека сите се заменливи. Бифшиот газда мене ми викаше дека имам само две недели одмор т. е. 10 дена и сите ги пушташе без решение и им ѕвонеше на телефон на секои 3 дена демек да праша како им е на одмор т. е. он ѕвонел за ете ако сака да те избрка да има како доказ дека те побарал за да се вратиш на работа. Толку превари се прават низ фирмиве тоа е страшна работа. Ти не се потресувај околу работата не е ни прв а не е ни последен работодавец.
     
  5. Artlover

    Artlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2017
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Дали на работникот по исполнување 6 месеци непрекинат работен стаж му следува целосен одмор, или само пропорционално бидејќи 6 месеци исполнил во Октомври а не во Јуни во календарската година? Screenshot_20221110_132738.jpg
     
  6. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Да, ако најдам друга работа во меѓувреме. Во моменталнава сосѕојба и те како се замарам и размислувам шо да правам.
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Право на користење пред да направиш 6 месеци тебе ти следат по 2 слободни дена од изработен месец, со тоа што кога навршуваш 6 месеци било кога во текот на годината ти следат најмалку 20 работни дена.

    Што значи и во октомври да напуниш ти 6 месеци до крајот на јуни месец треба да го искористиш цел одмор.
     
    На Artlover му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    Он вика дека во јули и до крај година не смееш? Тогаш искористи си го до 30 јуни првиот дел, можеш и со стариот да го споиш ако ти останат денови од оваа година. Не знам како му е идејата дека нема да земеш одмор кога ти следи законски. За жал може да одреди во кој период може или не може да се оди на одмор. До сега како сте се договарале? Поднеси си Барање за одмор од таа до таа дата и треба да ти одговорат на истото.
     
  9. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто одмор немам искориатено ниту ден од 2022, а во 2023 год. ќе користам одмор стар, фактички овој од 2022 шо ми следува, а ќе користам 8 дена по Нова година, ова е од првиот дел од стариот одмор нели?

    Ми остануваат уште 8 дена да искористам додека не отиде на породилно, а не знае кога ќе одела. Пред и по Велигденските празници не смеам да земам одмор оти не е во интерес на фирмата. Имало работа многу.

    Сега новиот одмор 2023,
    ќе го користам дури во 2024 после Февруари или Март откако ќе се врати од породилно.

    Значи,
    јас одмор ќе немам скоро 1 год.

    @Brpbrp @Mantub @Mikha4
     
  10. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Никако, јас прашувам дали може да одам на одмор тогаш и тогаш, он кажува да или не. Колешкава само си кажува и нема проблем за нејзе. И кога отсуствува не и крати денови од одмор, туку се пишува како да приауствувала тој ден на работа
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    Годишен одмор за полно работно време изнесува 20 дена, од кои прв дел 10 дена се зема во календарската година, а остатокот се користи до 30 јуни наредната година. Значи ако си таму мин 6 месеци вработена, до крај на 2022 треба да искористиш мин 10 дена, а остатокот од 10 дена ќе ти се префрлат следна година и најкасно до 30.6.2023 да ги искористиш. На 1.1.2023 се стекнуваш со право на уште 20 дена годишен одмор, од кој, 10 дена треба да ги искористиш во тековната година, односно до крај на 2023.
    Ако во 2022 не си искористила ни ден до нова година треба да искористиш 10 дена.
    Ова пред и после велигденски празници се рачуна пола година ли? Еве пример цел јануари земи го одмор, или цел февруари или пола пола. Не сум сигурна што се случува и дали воопшто смее да не те пушти на одмор цела година, ама и ако пропаѓаат тие денови од одмор сигурно треба да е некако регулирано со закон, дали надомест или сл.
     
  12. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Тоа и ти кажувам дека немам ни ден искористено, оти не ми дозволуваат одмор
     
  13. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Да, по закон треба да ти платат одмор, ако не го коростиш, ама овде ниту плаќаат, ниту ништо. Над закон се
     
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    Значи во 2 години 8 дена одмор ти даваат. Еве кај е нова година, ако не ти дадат решение за одмор до крај на 2022 имаш основ да ги пријавиш, да се заканиш дека ќе ги пријавиш или па да кажеш дирекнто дека ти следуваат законски деновите и кое е нивното решение или одмор или надомест.
     
  15. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Отказ валјда
     
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Можеш да ги пријавиш слободно.

    Имаш опција и анонимно тоа да го направиш.
    https://dit.gov.mk/?page_id=202
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Ако ти имаш доказ дека имаш барање поднесено (писмено) дека го бараш одморот ти кажав после 3 пат треба да ти го дадат т. е. мораат. Доколку не ти го дадат треба да ти го исплатат, во случај ништо од тие 2 да не се случи имаш право на тужба.

    Српак има тука едно големо НО, ако пријавиш или тужиш ќе дојдат и ќе бараат пресметка за плата, не знам дали ви даваат на вас платна листа. Доколку не ви даваат он може да си игра со платата да бидеш како на 18 000 пријавена и другото да ти стои како исплата за годишен одмор, работна успешност, стаж итн. Се зависи и во договорот како ти пишува дали ти тои нето или бруто сума или само сумата ја пишува.

    Фирмите си наоѓаат дупки во законот. Али реално ако ти веќе работиш без одмор и е во интерес на фирмата тогаш ти требаи да бидеш платена за истото. Никој не оди на работа од љубов секој гледа да спечали.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ifkence19

    Ifkence19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Zdravo

    Sakam da prasam kako moze da se realizira toa da nemam prekin vo staz od HR mi spomnaa deka im e bitno vremenski jas ke rabotam vo firmata do 30.11 a vo novata firma ke treba da me prijavat od 01.12 dali e biten e i casot za prijava/odjava nekoj ako moze da mi objasni
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Не е важен часот, тоа не се гледа.
    Веќе ти објаснив во друга, па да се цитирам :)
     
  20. Artlover

    Artlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2017
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Демек не следувало одмор ако лицето е пријавувано месец за месец без прекин не му следува одмор, исто и ако нема стаж пред тие 6 месеци односно ако му е прво вработување, така е или само финти си користат?