Следува за работа 6 месеци без прекин. Најверојатно мислат на договор на определено, но тој ако не се прекине 6 месеци секако ти следува одмор и к-15.
Ако немате прекин тогаш си следи одмор не е битно договорот на колку време е. За ново вработување или за прекин во стаж важи тоа правило јас што го имам пишано, само зависи која фирма го практикува. Исто така и да се префрлиш ти на др место во др фирма без прекин во стаж, а имаш не искористен одмор да си ги побараш неискористените денови од старата фирма за да ги приложиш во нова. Нормално сето ова ако не ти направат прекин во стаж.
Следува одмор после 6 месеци континуиран стаж во истата фирма, без разлика што пријавувањето било месец за месец. Нема врска дали е прво вработување или не.
Здраво. Имам скоро 11 год непрекинат стаж во една фирма. Се вработив во друга во Август (без прекин на стаж). Колку дена ми следуваат одмор во новата фирма за 2022? Во старата имав искористено 12.
Секоја фирма е различна. Не секаде го плаќаат стажот или даваат денови одмор плус. Прашај си HR најдобро
Во секоја фирма е различно некои ги даваат некои не. За тие со факултет и без стаж секако следат повеќе денови ама ретко која фирма ги дава.
Откако ќе направам 6 месеци во фирма и секако имам право на годишен одмор 20 дена, 14 веќе имам искористено е сега тие останати ми важат до јуни 2023?
Јас имам 30 дема одмор меѓутоа познавам пријатели кои работат во приватен сектор на кој до сола газдите им даваат до 10 дена истите не го пријавуваат од страв со отказ
Треба да ти следат по 2 дена од секој месец, што значи 6 дена имаш од минатата година. Е сега зависи која фирма ги дава, според закон ти следат, но знаеш како функционира кај сето ова.
само што се вработив со договор на дело со траење од 3 месеци. според договорот секој месец дури да направам пола година ме следуваат 2 слободни дена. прашањето ми е дали ако овие два дена не ги искористам во месецот ќе ми се префрлат за нареден или ќе ми пропаднат?
Како што и пиша секој месец ти следат по 2 дена. Ако 3 месеци не ги искористиш во 4от би имала 6 дена работни за користење.
Da sekako poslen 6meseci rabota vo edna firma sleduva odmor jas taka pocnav lani od 1 februar vo firmava i vo avgust zemav odmor