Се појави проблем на работа . Имавме промена на нов шеф . Јас имав останато 15 дена од стариот одмор .Но стариот шеф пријавил во човечки ресурси дека сум искористил целиот одмор . И од човечки ресурси се чудеа,зошто се излажани од стариот шеф,а јас работев за тој период . Сега новиот шеф се дистанцира од проблемот и не сака да превземе одговорност заради проблемот . Што да правам ,дали да пријавам во трудова инспекција?
А имаш потпишано решение за одмор? Таму точно стои колку денови се искористени, уште колку ти остануваат. Прво побуни се, па понатаму инспекција.
Претходно биравме термини за одмор сите вработени кои ни ги понудија . Јас си одбрав но кога дојде термин, шефот ми рече имам потреба од луѓе,јас ок и тој рече дека ќе го откаже терминот но заборавил . Дојде време да си го побарам стариот одмор,ми викаат искористени се . Иначе имам решение само за 5те дена од вториот што користев . Немам искуство како да реагирам.Исто така од човечки викаат дека излажани се,не знаат шо да прават мислеле дека сум користел,а од работна книга месеците им пратив слика.
Тоа како сте се договарале за одмори тоа не е битно. Дали имаш потпишано официјален документ од фирмата дека ќе користиш одмор од тој до тој датум, дека ќе искористиш толку и толку дена и дека ти остануваат уште толку? И тоа оди во архива еден примерок, а другиот примерок е за тебе. Тоа се вика решение за одмор.
Да прашам, дали е законски летниот одмор од 10 дена да ти го даваат по договор, а зимниот одмор (останатите 10 дена) тие да ти кажуваат кога да одиш и да ти го цепат, јануари 2 дена, март 3 дена и тоа во денови кога тие ќе ти одредат?
Се прашувам и јас... Или зошто да не можеш да ги искористиш сите денови наеднаш ако имаш потреба? Твој си е одморот секако.
Законски е 12 дена најмалку да е летниот одмор. Имаш право да поднесеш барање за користење на летен одмор и на останатите денови они имаат право 2 пати да те одбијат, а веќе 3от пат мораат да ти ги дадат. За било кој ден од твојот одмор ти треба барање и решение без разлика дали е 1 ден. Доколку немаш поднесено барање, а они не ти го даваат можеш да си пријавиш. Или да отидеш кај ејч ар и да ти даде потврда за искористени денови доколку не сакаат да ти ги дадат.
Да. (Освен тоа околу летниот - не 10 туку мора 12 наеднаш да ти дадат еднаш во годината.) Инаку по закон работникот има право да бара само 2 дена во сопствено определено време (и тоа под услов да не се загрозува работниот процес). Затоа е битно коа се вработувате да гледате дали фирмата ви го нуди само законскиот минимум околу вашите права, или ви дава повеќе поволности.
Теоретски немаш твој одмор туку имаш право на одмор. Работодавачот е обврзан да даде минимум 20 работни денови одмор во годината, но не е обврзан да ги даде кога работникот сака.
Тие го даваат ама не сакаат зимниот да ти го дадат да поврзиш на пример една недела, туку по 2 дена секој месец... исто и кога е човек на боледување секој ден звонат, бараат да им се одчиташ до детал како си денеска, дали ќе идиш, немаме луѓе.. што не знам и тоа дали е законски да те вознемирува и тоа по неколку пати на ден, а ти болен.
Тие денови се работникот да ги користи кога му требаат, а не на работодавецот. Затоа барање поднесуваш за толку дена или е одобрено или не. Ако си на боледување не кревај на телефон и решена работа пиши им дека не доаѓаш една недела дека си на боледување и тоа е тоа нема што да им се правдаш.