Па забрането ни е затворено боледување да вадиме, само отворено, за во случај кога сме подобри да тргнеме на работа и секој ден звони менаџерот па HR па чекаат детали секој ден да им кажуваш како ти е што ти е ...и ова со одморот капак на се.
Не знам какво е тоа затворено и отворено до сега имам доста фирми сменето и нигде ова го немало. Боледување си е боледување тебе ти треба одмор кога ќе бидеш подобро ќе се вратиш на работа. Ако си на апарати во болница какво боледување е тоа кој ќе им крене слушалка, глупости живи си измислуваат правила како што ќе им текне, а најлошо од тоа е што работниците веруваат во тоа.
Здраво на сите, ќе менувам фирма и треба во новата фирма да почнам со работа од месец мај. Моментално имам неискористени 7 дена од годишниот одмор за 2023. Дали ќе треба да ги искористам тие од 2023 во сегашнава фирма или ќе можам да ги префрлам во новата? Или може да се префрли само годишниот одмор за 2024? Фала ви.
Договори се со новата фирма. Теоретски за да можеш да "префрлиш денови одмор", прво треба на ист ден да те одјават и пријават старата и новата фирма. Во спротивно, во нивата фирма ќе треба да чекаш 6 месеци за да добиеш одмор. Така да, на драга волја на новата фирма си. Договори се пред да се префрлиш.
Teoretski da,no prakticno koja nova firma( osven ako ne se drzavnive institucii ) bi ti dala da iskoristis denovi odmor sto ne si gi izrabotila kaj niv?Niti po zakon e dolzna ma toa. Ako ne ti gi dala starata firma,kaj sho si go ostvarila toa pravo,zosto bi ti gi dala novata?
Можеш да ги префрлиш во новата. Треба да ти дадат потврда за неискористен годишен одмор од старата фирма, како и да немаш прекин во работниот стаж. Ако работниот однос ти завршува на 30.04 да речеме, договори се во новата фирма да те пријават со 01.05 (нема врска што е неработен ден).
Средината на мај би требало некаде да се префрлам отприлика, уште не ми е отказот даден, ама еден месец ми е отказниот рок.
Даваат, особено сега како што се без кадар и гледаат да задржат вработени ги даваат и те како. Освен оние од курч што не даваат и знаеш колку е саат и си бегаш со време. По тоа се гледа фирмата колку е океј.
Ти тече ама види си во пиом извади си листа мислам дека за боловаеата каде што ти се земани во таа и таа година не ти се вметнати саатите и за истите не плаќаат придонеси т.е. ако пример цела година е 250 работни саати и си била ти на боловање 1 недела тогаш ќе ти бидат 210 саати.
Здраво Имам една ситуација за која ми треба совет. На 15 Мај треба да почнам со работа во нова фирма. Дали на постоечкото работно место можам да побарам по 2 дена одмор за изминативе 4 месеци работа, значи 8 денови за да можи после новата фирма веднаш да ме пријави без да имам прекин на стаж. (во Февруари ги искористив преостанатите 8 дена од стариот одмор)
Можеш да побараш. Ако ти дадат ок, ако не, ќе ти пропаднат 8 дена. А не сфаќам како мислиш дека има врска искористувањето на слободните денови со пријавувањето веднаш во новата фирма?
Ако добро те разбрав, штом си го искористила стариот одмор, нов немаш право да бараш пред први јули. Тоа правило со 2 дена од месец важи за нови вработени, кои сеуште немаат стекнато право на цел годишен одмор. Не разбирам каква врска има користењето одмор со прекинот во стаж. Ќе те одјават од старата фирма порано? До кога ти е отказен рок?
Јас побарав, чекам одговор, се оддолжи заради празнициве Отказниот рок ми е до 10ти, ако немам денови од одмор за доискористување заклучно со 10ти ќе бидам одјавена од моменталната фирма и ќе има прекин на стаж
Да, точно си ме разбрала. Отказниот рок ми е 10ти Мај, затоа не ми беше јасно тоа со 2 дена за секој месец (мислев дека следуваат на сите вработени во тековна година). Ако не ме следуваат ќе мора да ме одјават на 10ти, а во новата фирма да ме пријават на 15ти Мај и со тоа ќе имам прекин на стаж. Уште едно подпрашање, прекинот на стаж освен прекин на здравственото осигурување, дали има некаква врска и со пензиско?
Доколку сметаш дека има простор, преговарај со новата фирма да те пријават порано. Со пензиско само што нема да ти тече стаж за тие 4 дена (од 11ти - 14ти), друг проблем нема.