Значи ако отказен рок ти завршува на 10ти не можеш да земеш во таа фирма слободни денови после 10ти бидејќи ти веќе не си вработена во таа фирма. Слободните денови може да си ги земеш ДО 10ти во сегашната фирма.
Здраво, Договорот за работа за 6 месеци определено ми истекува на 29 Јули и не планирам да го продолжам. Ме интересира дали ми следува годишен одмор и дали можам да го искористам пред истекот на Договорот т.е пред 29 Јули бидејќи после ќе бидам одјавена ? И што доколку не ми го дадат, колешка моја веќе се пријави дека тој период ќе земе годишен , јас сеуште не сум ги известила дека нема да продолжам бидејќи сеуште е рано , и не сакам да имам притисок зошто напуштам?
Ако немаш полни 6 месеца не ти следува цел одмор, само еден ден за секој месец. Може и да не ти дадат ич денови зошто имаат право да те одбијат 2 пати за побарани денови според потребите на фирмата, во случајов дека веќе има вработен што ќе биде на одмор во исто време.
Здравооо ,имам 22 денови годишен одмор ,сакам да прашам дали некој има инфо дали можам целиот одмор сите денови да ги земам оддеднаш
Теоретски можеш да бараш шо сакаш. Дали ќе се договорите е друга работа. Фирмата законски е обврзана да ти даде барем 12 работни дена наеднаш.
За вработени на цело работно време... Член 141 од закон за работни односи, точка 2: "Годишниот одмор може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена." Според истиот закон право на најмалку 10 дена годишен одмор имаат вработените со скратено работно време. Така да 12...
Ги најдов измените. Во право сте со @нина122 ама само до некаде хахах. Не пишува десет. Туку пишува: "најмалку две непрекинати работни недели". Така да, за голем број шо обично работиме 6 дена неделно, испаѓаат 12 дена пак (затоа и не сум ја осетил промената). За оние кои имаат 5 дена работна недела - да, испаѓа 10.
Добра вечер. Дали МОРАМ го искористам одморот во овој период сега од Јуни до Септември? На мене не ми е потребно сега одмор ама ете сакам да одам на одмор во Декември. Шефот ми рече дека морам сега да си го искористам...
До 30 јуни треба да го искористиш стариот одмор, односно деновите што ти останале од претходната година. Од одморот од тековната година мораш да земеш минимум 12 денови до 31 декември, од кои еден дел мора минимум да трае две непрекинати работни недели. Едит: Работодавачот има доминантна положба во однос на определување на периодот за користење на одморот.
Тоа е многу зафркнато. Јас работев така. Не знам кој ѓавол ме натера тогаш. Ни осигурана здравствено, ни пријавена.
Па искрено тоа е наменето за ептен привремена и повремена работа, како проект што трае неколку дена или помалку од месец, или евентуално некаква испомош. Се поинаку е на штета на работникот. Не би требало да се прифаќа...