1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. North IcelanD

    North IcelanD Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    180
    Крај на Јануари правам 6 месеци во фирмата. Меѓутоа не ми следува одмор за 2024та година поради тоа.

    Од денови како за 2024та ги имам тие 2 дена од месец, т.е 12 дена за користење ? И ако да, кога можам да ги искористам, може ли сите да ги спојам/земам одеднаш ?
     
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    10.068
    Пол:
    Женски
    Според ова што го пиша, право на пропорционален дел од 10 дена имаш за 2024, не 12, бидејќи 5 месеци имаш во 2024. Со тоа што крај на јануари правиш 6 месеци, тогаш се стекнуваш со целосен одмор за 2025. Тие 10 дена од 2024 можеш наеднаш да ги користиш, најкасно до 30.06.2025.
     
    На Abel, Spidy, Tam4yy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање.
    Бремена сум, и некаде на крајот на април сакам да си го земам првин одморот 2 недели, па после да отворам породилно.

    Ме следуваат тие 10 работни денови нели?
    Прашувам бидејќи ќе биде во април, да не е рано?

    10 години сум во фирмава инаку.
     
  4. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    11.776
    Зависи од кога ви го даваат на користење новиот одмор. Во некои фирми нов одмор може да се користи после 1 јули, а до 30ти јуни користиш стар одмор.

    Во други пак, новиот одмор може да се користи после 1 јануари.
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Од 01 јануари ни почнува новиот одмор.
     
  6. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    11.776
    Тогаш слободно можеш да си земеш
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.819
    Допаѓања:
    14.402
    Пол:
    Женски
    Од први јануари законски можеш и цел одмор да го земеш. Ако ти речат да не ти го даваат, потешко за нив зошто кога ќе се вратиш од породилно ќе дојде ред за одмор 2026. Па да не ти платат 2 одмора наеднаш :) временски исто ти се фаќа колку ќе бидеш дома со бебе, да не се нервираш што и да ти речат. Само мислам од аспект и на фирма и на вработен за сите е подобро цел да го земеш сега.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adley22

    Adley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    195
    Здраво . Дали ќе може некој што разбира повеќе да ми пише приватна порака, во врска со годишниот одмор ќе биде прашањето поврзано. Не сакам многу јавно да пишувам , работам во доста позната компанија.
    Фала однапред.
     
  9. Bamby25.

    Bamby25. Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, вработена сум во фирма од Февруари 2024, со што имав прекин од еден месец и повторно сум пријавена во истата фирма од Септември истата година.
    Сега сакам да користам зимски одмор, но работодавецот ми вели бидејќи сум имала прекин во стаж немам право за користење на одмор, а јас одново како сум пријавена имам полни 6 месеци.
    Ве молам за совет, која е процедурата за користење на годишен одмор?
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Ако си наполнила 6 месеци непрекинато, имаш право на пропорционален дел од годишниот одмор, односно 2 дена по месец. Изгуглај, прочитај го законот, нека не те мрзи, и ќе видиш во која категорија спаѓаш и дали можеш или не да користиш одмор.
    https://mojtrudmoiprava.mk/odmor/
     
    На Bamby25. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.732
    Пол:
    Машки
    Ако не наполнила 6 месеци има право на пропорционален одмор, или 2 дена по месец. Ако наполнила 6 месеци во иста календарска година кај еден работодавач, тогаш има право на цел годишен одмор.

    "Работникот што првпат заснова работен однос се стекнува со правото на цел годишен одмор кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеци кај ист работодавач, без оглед на тоа дали работникот работи со полно работно време или со пократко време од полното. Во рамките на категоријата „непрекината работа од најмалку шест месеци кај ист работодавач“ спаѓаат и платените отсуства од работа, како што се: отсуства поради боледување, празници, слободни денови и останати случаи на оправдано отсуство во согласност со закон или со колективен договор."

    @Bamby25. Ти немаш непрекинати 6 месеци работено кај истиот газда во една календарска година, и затоа не ти следува цел одмор, но ти следува пропорционален, т.е. 2 дена во месец.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Технички, не може да работиш во една фирма пола година, а да има право на цел годишен одмор. За цел годишен одмор се подразбира она што си го сработил комплетно. Со тоа право математички се стекнува во септември, кога ќе наполни 12 месеци, до тогаш може да користи онолку колку што сработила, значи 12.
    Пс. Иако е небитно бидејќи никој не може да користи "цел" одмор одеднаш.
     
    На Tam4yy, kolovoz и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.732
    Пол:
    Машки
    Да, ќе немаш цел, но ќе имаш 10 дена, т.е пола од таа година. Но она нема 6 месеци непрекинати во 2024, со што и следува максимум 2 дена по месец.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Епа да, пропорционалниот дел може да го користи, освен ако не е договорено новиот одмор да важи календарски, а не од 1/7, и тоа е често. Секако за еден одмор денови да си истера има:)
     
    На Tam4yy и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Газда што не сака нововработениот да се налути и да си оди ќе му даде к 15, слободни денови пред да наполни 6 месеци, па дури и кога минималната плата ќе се качи ако си побара и неговата 40000 плата да му ја качи ќе му ја качи само затоа што минималната е покачена.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Вработениот има право на слободни денови и пред да наполни 6 месеци непрекинат стаж, само ова се работи кои се договараат уште пред да се потпише договор.
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hristina7991

    Hristina7991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Пријавена сум од мај 2024, во август користев 5 дена одмор, дали ми следуваат уште 15 дена од минатата година и до кога треба да се искористат?
     
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Фирмата треба да ти издаде решение за користење годишен одмор, тие треба да водат евиденција и тие треба да ти кажат, зошто нив не ги прашаш?
     
  19. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Женски
    Зависи колку дена имаш вкупно одмор, од 20-26 според закон. Можеш да си ги искористиш до 30 јуни.
     
    На Hristina7991 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hristina7991

    Hristina7991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Немам такво решение, а ако ги прашам ќе ми кажат не ти следува или ќе измислат нешто, затоа сакам да сум информирана колку имам право законски и да си ги побарам сама
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.