Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Ќе им пишеш тогаш мејл, не смеат да измислуваат и мора решение да ти дадат, инсистирај. Бројот на денови ти ги пишува во договорот за вработување, ќе си видиш сама, никој не може да знае освен тебе.
     
    На Hristina7991 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    146
    Почнав на работа во август 2024. Имам веќе искористено 7 дена годишен. Дали сега откако наполнив 6 месеци оваа година би имала нови 20 и пример 8 од 2024та ( вкупно 28 )или се на се се 20 дена бидејќи дури август 2025та правам година. Имам прашано, не кажуваат, знам само дека се 20 годишно.
     
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.584
    Пол:
    Женски
    Додека не направиш 6 месеци во фирма, имаш право на парцијален одмор од 2 дена за секој изминат месец, значи ти за 2024 година си имала 10 дена одмор(за 5 месеци во фирма по два дена за секој месец), си искористила 7, ти останале 3, додека пак за 2025 имаш 20 дена според закон денови од одмор, што значи вкупно имаш моментално 23 дена од одмор од кои 3 треба да ги потрошиш до 31 мај иначе ти пропаѓаат, оние два од Јануари ги немаш затоа што имаш право на цел одмор од 20 дена веќе и тие ти се вклучени во одморот од 20 дена..
    Од каде ги извади тие 8 дена од 2024 денови од одмор иначе?
     
    Последна измена: 19 април 2025
  4. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    146
    Според тоа 20 дена годишно само ги поделив. Инаку ми кажаа дека немам така денови за 2024та. Изгледа тука ги даваат тие 20 дена откако ќе направам 1 година, тоест август што значи ја сум искористила веќе 8 од тие унапред и имам 12 до крај на година..
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Не може да не кажуваат, тоа се податоци кои мораш да ги имаш напишано и во договорот за вработување. Ќе им испратиш писмено барање или ако се правт на две ипол, ќе ги пријавиш. Ако си редовно и регуларно вработена, имаш право на одмор, цел или правопропорционален, инаку нов одмор се користи од 1/7. Тука ние само ќе погодуваме дали имап денови или немаш, фирмата мора да те извести, ќе си бараш на писмено ако нема ништо во договорот (што според мене не може да биде).
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.896
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека немаш денови од лани, само за оваа година. И така не е правилно и законски. Лани заклучно со 31.12 си имала 5 месеца на работа и ти следувале 10 дена. Од 1.1 почнува нова година и ти следува нов одмор од 20 дена, но зошто сеуште си немала 6 месеца стаж, тоа за тебе почнува од февруари. Ама во секој случај ти следува цел одмор за оваа година, плус 10 дена од лани.
     
    На eliesaab и нина122 им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.584
    Пол:
    Женски
    И јас вака знам, можно е да е поинаку само ако фирмата дава повеќе денови од одмор, помалку не смеат да дадат и да сакаат..
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    По закон со нов одмор се стекнуваш и имаш право да го користиш од 1/7, дел ти е летен одмор (по правило 12 дена врзани), остатокот 8+ (зависност од стажот) се распоредуваат во остатокот од годината и најдоцна може да се искористат до 30/6. Нов одмор со какендарска година не е по закон, тоа е во договор со фирмата.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.896
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Баш спротивно. По закон е во тек на целата календарска година (значи од 01.01), а фирмите интерно не сакаат да даваат пред 1.07. Повели извадок од закон за работни односи:
    Screenshot_20250419_210119_Adobe Acrobat.jpg
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Не. Точка еден значи дека одморот кој го добиваме треба да се користи во текот на целата календарска година, значи се користи во делови, летен и зимски. Прочитај си ја точката 3. Дел летен одмор, дел до јуни наредната календарска година.
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.896
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Добро. И каде пишува дека пред први јули не може да се користи? "Летниот дел" е во тек на календарската година. Тоа не е само втората половина на годината, тоа е од 1.1 до 31.12.
    Јас може имам стар одмор од лани, може немам. Ако имам, ќе го користам до јуни, ако немам ќе си користам од тековната година денови. Минимум 12 последователни денови, ако сакам да бидат во мај или јуни, па дури и во јануари, тоа си е мое право. Не може фирмата да не ми ги даде пред јули дека така им текнало.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Ако е како што велиш ти, од 1.1, тогаш која е поентата година дена да не искористиш одмор и да ти остане за да мораш да го користиш до јуни наредната календарска година, нема смисла. Пред први јули се користи "стариот" одмор, така што секако може да си користиш одмор и пред јули, затоа постои точка 3, затоа што одмор ти користиш една година, а не година ипол. Твое право си е, ама летниот дел од одморот се зема во лето, а не на пролет, значи од јули до септември, тоа се смета за "главен одмор" на некој начин. Некаде се флексибилни тоа да биде повеќе од 12 дена, некаде си постои колективен одмор според колективен договор.
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.896
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваме за логика, така е.
    Јас го коментирам законот за ситуации како членката погоре. Не се вработуваме сите на први јануари па после јули да почнеме со одмори. Таа си го одработила своето за претходната година и земала одмор соодветно. Од први јануари (или конкретно кај неа во февруари) има веќе 6месеца стаж и со тоа има право на цел одмор за календарска година. Според законот ништо не ја спречува да користи одмор и пред први јули. Можеби сака да земе 2 недели вон сезона, крај на мај/почеток на јуни, па остатокот да си го чува за зимски одмор или за следна година во мај, како сака така. Законски тоа е дозволено. Не може фирмата да кажува дека пред јули не се зема нов одмор кога законот вика дека ако исполнуваш услови за одмор (повеќе од 6мес стаж) ти следува соодветно одмор (прв дел од 12 дена) во тек на календарската година, која почнува на 1.1.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Ако не си стекнала право на полн годишен одмор, тогаш се користат 2 дена по сработен месец значи сѐ што е сработено може да се искористи, ама не можеш никако пред 1/7 да земеш нов одмор, туку пропорционален, затоа што за да користиш денови мора годишен циклус да заокружиш односно да ги сработиш тие 12x2 денови. Стар одмор ти е тој од претходната година и тој треба да се искористи до 30/6 иначе ќе ти пропадне, остатокот од сработеното спаѓа во нов одмор. Тоа е точка 3 од законот. За да земеш во јули на пример 12 дена нов одмор, тоа можеш да го правиш благодарение на сработувањето на одморот кое почнува со новата календарска година, ама во мај не можеш да земеш 12 дена пошто не си ги сработила. Затоа нов одмор се рачуна од 1/7, а не календарски, прво се сработува па се користи.
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.896
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Пак ќе речам, логички така е. Ама законот не е така дефиниран. Откако еднаш ќе направиш стаж од 6 месеца во една фирма, ти следува нов целосен одмор со почетокот на секоја календарска година. Значи не чекам да одработам 6 месеца секоја година за да земам одмор. Секако дека нема смисла фирмата да ти даде одмор во март, па во мај да си дадеш отказ. Ама работните односи се одредени со закон, а не со смисла и логика. Во законот за работни односи не пишува дека секоја година треба да направиш 6 месеца пред да земеш одмор поголем од 2 дена по одработен месец, и не пишува дека во текновната година не може да се земе одмор пред јули. Затоа одмор може да се зема и во првата половина на годината и ниедна фирма не може да му каже на работникот дека не е дозволено зошто така им одговара.
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Не се разбираме. Ти се стекнуваш со право на цел годишен одмор, ама не можеш да го користиш одеднаш (тоа е така баш за да може работникот да ги одработи тие денови), ајде побарај во мај 20 дена одмор и прати решение тука да го видиме. Не е за џабе одморот поделен на летен и зимски. Не чекаш шест месеци затоа што имаш право на пропорционален дел од одморот, дискрециони право е на фирмата да ти даде некој ден повеќе ако сака (н апример сум работела 3 месеци, имам право на 5 дена, а фирмата ми дава 7), но секако не може да надмине повеќе од она што го имаш во рамките на тој пропорционален дел, кој ионака ќе се одбијат од целиот одмор кој го имаш кога ќе надминеш ешст месеци стаж, значи ако ти дадат 7 дена, ќе ти остане 20 дена - 7 дена , знчи твојот "цел одмор" ќе биде 13 дена. Не мешајте интерни одлуки на фирми со закон. Постојат фирми што на сите вработени им даваат 30 дена одмор, разни ситуации постојат, ама едно е закон, друго е интерен правилник или колективен договор.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.853
    Пол:
    Женски
    Нема поделба на летен и зимски одмор. Ако еднаш си се стекнал со право на годишен одмор нов одмор те следи од 01.01 секоја година и можеш да го користиш, не треба да помине пола година за да можеш да го користиш одморот. Ако имаш стар одмор да, го користиш прво стариот од ланската година, кој законски имаш право да го користиш до 31.06 наредната година. Ако си го потрошил слободно можеш од 01.01 да користиш нов одмор. Работодавците што толкуваат инаку е друга работа. Во текот на календарската година еден дел од одморот мора да трае две непрекинати работни недели, без разлика кога го користиш дали во март дали во август.
     
    На Zhukov, riba79 и Spidy им се допаѓа ова.
  18. Milen4etooooo

    Milen4etooooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Здраво. Сакам да прашам доколку некој знае да ми каже, дали за самохран родител по закон следуваат плус денови од одмор?
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.566
    Допаѓања:
    11.104
    Пол:
    Женски
    Не
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    15.545
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема такво нешто, но до шест годишна возраст на детето не треба да работиш ноќни смени и прекувремено (освен писмено ако не се согласиш).

    Едит. чл.28 „Постар и повозрасен работник, инвалид со телесно оштетување со најмалку 60% и работник кој чува и негува дете со посебни потреби, има право на уште три работни дена годишен одмор“.

    Само за оние со посебни потреби.
     
    Последна измена: 11 јуни 2025
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.