1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.013
    Пол:
    Машки
    Ме интересира, во фирмите каде што работите, какви се правилата околу земање годишен одмор? Сакам да направам споредба кај мене.
    Во некои фирми знам им викаат првата половина мора до тогаш-и-тогаш, а втората кога сакате;
    некаде мора колективно кога цела фирма оди на одмор и сл.
    Некаде не ни водат евиденција...

    И дали постои некое ограничување во смисла, мора да најавиш минимум месец дена унапред?
     
  2. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    2.076
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секоја фирма си има различна политика. Ние немаме колективен одмор, си ставаме денови кога сакаме, и кога ни требаат.

    Кај мене политиката е да се најави 3 недели минимум предходно. Ние планиравме подолго летен одмор крај на јули па јас си кажав уште во Април за да си имаат во предвид.
     
  3. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    146
    Дали смее фирмата да бара од тебе да го враќаш годишниот одмор откако ќе се вратиш? Прв пат се соочувам со вакво нешто. Да нагласам исто дека би требало да работам скоро цел месец без слободен ден. Немаат вработени и наместо да вработат нови тие што сме тука не користат максимално. Не знам ни според кој закон смее да работам 78 саати неделно.
     
  4. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    3.279
    Пол:
    Женски
    Годишниот одмор е законски загарантирано право, како да го враќаш?
    Јас знам порано за случаи кога на папир се водеа го користат, ама го работеа и на рака им плаќаа како да си работеле регуларно, значи си го продаваа годишниот одмор.
     
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    2.925
    Пол:
    Женски
    Како да го враќаш?
    Дали ќе ти ги платат дополнителните како прекувремени?
     
  6. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    146
    Па сега земав неколку дена месецов од годишен, а нареден бараат да работам без слободни. Ќе им кажам дека не прифаќам, ако треба и отказ ќе дадам. Само криво ми е зашто имам 20 дека одмор што ќе ми пропаднат. Згора на се ме убедуваат вака било во секоја фирма, па ајде реков да пишам тука јас да не сум нешто грешка, иако нема никаква логика. Место договорените 40 да работам 78 саати неделно.
     
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.230
    Допаѓања:
    7.758
    Пол:
    Женски
    Не постои такво нешто. Имаш загарантирано право на 20-21 дена одмор.

    Која е поентата на годишен одмор ако треба да се окозиш после на работа. Па не ти се ни исплати да одиш. Веројатно си млада и неискусна и те користат.

    По правило, ќе си одиш на одмор, ќе се вратиш, ако работиш плус саати на работното време, треба да те исплатат.

    Прв пат слушам вакво нешто, како воопшто им седите таму.
     
    На eliesaab и Tam4yy им се допаѓа ова.
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.609
    Допаѓања:
    8.631
    Никако. Во ниедна фирма не е така и нека не ве лажат. Пријави во трудова, ќе постапат по пријавата 100%.
     
    На eliesaab и Tam4yy им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Дали имаш регуларен договор и што пишува во тој договор врзано за одморот? Ќе се повикаш на тоа што е напишано, ако веќе си решила да тераш до отказ, тогаш имаш месец дена отказен рок во кој ќе си го искористиш одморот. Не гледам како би можела законски и човечки да работиш 80 саати неделно односно дупло од предвиденото, односно сигурна сум милион посто дека не постои, освен ако работиш на црно и договорена си да имаш хх саати во неделата кои сега мораш да ги надоместиш (односно ако работиш на црно не ни имаш право на одмор). За сѐ друго захтевиве се нелогични и бесмислени.
     
    На eliesaab и Tam4yy им се допаѓа ова.
  10. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    146
    Може да ги платат тие денови, но секако не ми одговара имам и други обврски. Ќе пробам да се разберам човечки, ако не ќе дадам отказ.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    146
    Имам договор да, регуларно сум вработена и ме следуваат повеќе од 20 дена одмор, но џабе. Јас поднесувам се регуларно да земам годишен одмор и после ми викаат ама нареден месец има потреба да работиш без слободни. Кога се побунив дека јас во тој случај не зимам годишен одмор туку ги одработувам после тие денови добив одговор во сите фирми е така. Во договор ми стои исто 40 саати неделно, а бараат од мене да работам 78. Не се работи за ден плус само па да се најдеш, туку за подолг период вака.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    2.925
    Пол:
    Женски
    На ниту едно раб.место не било така. Така не било во ниту една фирма верувај. Законски те следува одмор и какви 78 часа, ти не си робот.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.532
    Допаѓања:
    180.824
    Пријави ги у трудова нека му го изгорат газот
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    146
    Ќе пробам прво да се разберам со добро па ќе видиме. Секако не ми дошло да мора да останам на работа има милион опции, да знаев дека ќе е вака уште порано ќе си отидев.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Во ниту една фирма не е така, за 25 години ваква глупост не сум чула, дури и со консултантски договори не сум имала никогаш ангажман од 78 саати неделно, тоа е смена од 14 саати, дали се нормални. И јас ти препорачувам да си го земеш законот за работни односи, договорот во кој ти стои дека имаш право на минимум 20 ден годишен одмор (и сигурно никаде не стои дека треба да го враќаш, каква глупост) и ако сакаш и си во прилика, да ги пријавиш. Океј е да има зголемен обем на работа, да се договарате за одмор во зависност од обемот, да ускочиш ако нема доволно врботени, да работиш ден плус (значи пет плус еден) понекогаш, ако ептен затреба, ама враќање одмор, дупли смени и слични работи, тоа не.
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Секаде е различно. Од искуство, некаде сум најавувала буквално во петок за понеделник, некаде сум најавувала во јуни за септември (пример). Зависи од многу работи, обем на работа, колкав е тимот, имате ли смени, каква е природата на работата. Кај нас најчесто имаш летен одмор (или недела или две) и другите две недели (во просек) ти се до крајот на годината или до јуни наредната година. Некаде има интерни правилници или колективен договор каде се регулираат овие работи за да се има ред и правила, некаде се оди колективно на одмор во однапред определени датуми. Милион ситуации, реално затоа што и законот дозволува еластичност.
     
    На eliesaab и Tam4yy им се допаѓа ова.
  17. angelgirl03

    angelgirl03 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, сакам да прашам во фирмата каде што работам сеуште немам 6 месеци. Одморот сакам да го земам во август па дали би можела според тоа што за секој поминат месец во фирма следат 2 дена одмор а до август ќе имам направено
    5 месеци дали би можела да земам 10 дена платен одмор. Ме убедуваат дека такво нешто не е можно и единствено можело неплатен одмор. Работата е што кога се правеше муабет за одмори сами рекоа дека не е проблем да се земе и порано бидејки кога ми паѓа да го користам се очекува зголемена работа а сега е поопуштено. Тогаш не спомнаа дека ќе биде неплатен туку рекоа не е проблем се си иде во меѓусебен договор ама по ова сега не постои никаков договор туку едно кажуваат друго прават
     
  18. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.609
    Допаѓања:
    8.631
    Секако дека е можно. Тие денови ќе ти ги одбијат од одморот чим поминат 6 месеци.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.