Логично би било да, зашто си се појавувала и јавувала воопшто, на годишен одмор сум и чао, ништо нема да се случи верувам ако не си ти присутна. Јас не би ни прашала искрено, сама би си напраила extend на одморот.
Кај мене имаше многу работа и не можев да си го земам одморот. Сега излезе веќе пропаднал, такада дечки не чекајте и форсирајте со време за све што ве следува. Јас си ја научив лекцијата.
Од 2024 не ми го даваа дека немало кој да ме смени, па после и ме убедуваа дека не ме следи. Не се понудија ни да ми ги платат тие денови, а да не зборам па за саати и денови плус што сум работела. На крај заклучок пу пу не важи ајде нов одмор имаш сега. Криво ми е само што не бев поупорна на времето кога ми требаа деновите, а работев и болна. Пак ќе кажам на грешки се учи, требало вака да биде да се опаметам.
Дали Бадник се брои во годишен одмор или не? Знам дека Божиќ не се брои, ама верскиве кога ќе се паднат во работен ден?
Кај нас не се брои, мислам дека е неработен само за православни Бадник, па на тие што го слават не им се одзема ден
Се вработив крај на август. Дали за септември, октомври, ноември и декември ми следат 8 дена одмор а од нова година да ми важат тие 20?
Зависи. Некои фирми ти даваат пропорционално. Пример кај мене така за 4 месеци даваат 7 дена одмор, тоа е минимумот.
Може да објасниш подетално. Пример од крајот на август ете до крај на јануари има 10 дена(по 2 за секој месец). Дали ако овие 10 дена се искористат тогаш се одбиваат после од тие 20дена што ти следуваат после 6 месеци? И ти остануваат само уште 10 за користење? Или тој одмор после 6 месеци нема поврзаност со овие денови? Па ако не ги искористиш до 6 месеци ти пропаѓаат? Се надевам дека се разбравме што сакам да прашам
Баш онака како што @Tam4yy ти објаснила. Сите слободни денови од минатата година, треба да ги искористиш до крај на Јуни од оваа година. А за оваа година имаш 20 дена по закон.
За вработен од февруари во фирма, дали 2та дена од секој месец доколку ги искористи пред истекот на тие 6 месеци отпосле се одбиваат од 20те дена годишен одмор? Од погоре што читам претпоставувам дека не се одбиваат, меѓутоа до кога можам да ги искористам? И дали овие 12 дена од тие 6 месеци смеам да ги спојам или само 2 дена месечно?
Ако во календарска година имаш помалку од 6 месеца, тогаш само тие ги добиваш. Пример вработена во септември, до крај на годината ќе ти следуваат 8 дена што може да ги искористиш до 30јуни следната година. Ако во календарска година имаш повеќе од 6месеца стаж, пример вработена во март, до 6от месец имаш по 2 дена месечно, ако не ги искористиш, по 6от месец ги добиваш сите 20. Ако користиш во тие први 6 месеца, се минусираат од вкупните 20 за таа година. За твојот конкретен случај, до август имаш 2 дена месечно, после август имаш 20 минус што веќе е искористено, и може понатака да се користи до 30 јуни следната година.