Користење на годишниот одмор Член 141 (1) Годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година. (2) Годишниот одмор може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена. Законот за работни односи е јавен документ и сите работници треба да го прочитаат. Не верувајте што газдата ви кажал.
Има промена во ЗРО од 2018та година, првиот дел од најмалку 12 дена е сменет на две непрекинати недели, што значи 10 дена или помалку ако има празници. Во повеќето фирми е останата старата пракса од 12 дена, што е случај и кај нас во фирма. Инаку да, апсолутно може и повеќе денови.
Оваа промена не сум била во тек дека е направена, и фала на инфо. Чувам ЗРО во телефон ама очигледно имам стара верзија. Сепак тоа би значело дека 14 дена мора да се спојат, ама ако редовно работиш пон-пет тоа би било 10 дена одмор. И на прашањето на членката погоре пак значи дека ја лажат, нека се 10 дена минимум, а не максимум како што и рекле од фирма. Пак ќе речам, сите треба овие работи да си ги знаеме. Ако не знаеш, секој работодавец може да те злоупотребува.
Апсолутно ја лажат, минимум се две последователни недели, ако има празници, може и 8,9 дена да се одмор. Е сега може да не и одобри 14 дена ама тоа е друг муабет
А, зошто бе не даваат фирмиве неплатени денови? Побарав на работа 2 дена пошто не ми даваат боледување и ко којзнај шо да им побарав........
Вработен сум во фирма од јуни 2025 и немам искористено ниту еден ден годишен одмор. Пошто со управителот дојдовме во судир и веројатно ќе завршиме на суд, планирам утре наутро да го изненадам со барање за користње на неискористен годишен одмор од 2025 почнувајќи од 16 јуни до 30 јуни, односно 11 дена, како и 20+3 дена (имам 15+ години стаж) во јули, односно првиот работен ден после двата одмори би ми бил 3 август. Ве молам некој искусен/правник нека ми каже дали е во ред ова мое размислување (иако сум 99,9% сигурен)?
Законски посекако ти следува користење на стар одмор заклучно 30.06. Поднеси си барање до ЧР, нема причина зошто да те скратат кога ти следува. Не се случило вработен со управител туку-така да дојде во судир, така што кога веќе го спомнуваш значи има нешто поголемо.
Има внатрешни акти фирмата? Ако да, може да е различно регулирано користењето на одмор. ЗРО вика на работникот му следуваат минимум 20 дена годишен одмор за годината, откако ќе наврши 6 месеци стаж, кои може да ги користи заклучно 30.06 следната година, НО работодавачот има право да донесе внатрешен акт, правилник, процедура и сл со кој ќе го регулира користењето на одморот. Значи ако има интерна процедура или правилник, одлука дека стар одмор мора да се искористи до април, мај, нема да можеш да го користиш. Дополнително има право 3 пати да ти го одбие барањето без разлика за стар или нов одмор. Исто така работодавачот може да даде фиксен термин согласно работниот процес кога ќе се користи одмор. Ти можеш да поднесеш барање ама дали ќе ти го одобрат е на нив.
Фирмата нема никакви внатрешни акти, па згора на се еве цела година немаме потпишано договор за работа, знам дека е чудно ама ете и во 2026 има фирми чии управители работат со грубо кршење на ЗРО. Во законот никаде не постои рок колку дена унапред треба да се најави користење на годишен одмор. Исто така не знам од каде, пошто го нема во закон, ова „правило“ дека може три пати да ме одбие.
Ако сакаш да бараш исплата за стар одмор, треба 3 пати да те одбие работодавец. Како немаш договор? Пријавен си? Ако немаш никакви потпишани документи, врз основ на што ќе тужиш?
Пријавен сум, цела година земам плата со МПИН со сите платени придонеси, а тоа што немаме потпишано договор е тежок прекршок на работодавецот, па откако ќе раскинеме договор, односно откако ќе ме одјави во АВРМ ќе видиме каков ќе е исходот на суд. Иначе пријавен сум на НЕОПРЕДЕЛЕНО време. Јас не барам исплата за стар одмор, барам да ми се овозможи користење на стар одмор.
Истово ќе ти спомнев за дали има внатрешен акт како што ти пишала членкава. Др. ставот ти е како шериф, не иде тоа така. За да одиш на одмор мора одобрение, независно што си во право за стариот одмор, ама за новиов и кога ќе го користиш како што си пишал каде така без одобрение? Само ти си вработен таму па во јули си натокмен да користиш? За др. колку тој е виновен што не склучил дог. со тебе, толку си и ти. Еве хипотетички во случај на повреда на раб. место на што ќе се повикаш ти за обештетување? Мн. лошо организирана фирма, незаконско раб. кое нормално создало револт кај тебе, па и донекаде те разбирам зошто шерифуваш, ама полека со закон и културно и разбрано се би се средило. Во твојов случај кога веќе сте во судир не знам колку мирно и фер во твоја полза би било решението кога планираш да одите на суд. И за судот имаш израчунато колку ќе имаш трошкови наспроти бенефитот од добиен спор и пресмета дека процесот има можнист да се одолговлекува или си му го кажал ова на управителот само за да го заплашиш?
Од кај изведе заклучок дека ШЕРИФУВАМ, или по онаа македонската, навреди ги сите наоколу, па после „аргументирај“? Тоа што јас сум барал а немам договор за работа е грешка на управителот, не моја. Фирмата е супер лошо организирана, така е, па и затоа велам, кога нема интерни акти за тоа колку време однапред може да се бара годишен одмор, ниту пак колку долго, дали може да има прекини и сл. тогаш си го земам правото да побарам целиот да ми биде одобрен веднаш, и тука не гледам никаде во законот дека ова мое барање се коси со ЗРО.
Земи си го правото ШЕРИФУ и со среќа на суд, ќе ти треба . Ќе ти објаснев и др. раб и мн. законски нешта ама си ја покажа македонштината кога чист факт го сметаш за навреда па терај. А ако толку те допре далеку сум јас од таквото македонско, ни живеам таму, ни кога живеев ми беше вообичаено. Твоево на мудро и народски македонски речено е ем шуто, ем боде. Е тоа македонско е дел од мене каде и да сум и се гордеам со нашата народна и мудра МАКЕДОНСКА ризница. Ај сега имај убав ден.
Од јули 2025 сум на договор на дело, во државна установа, ме интересира дали имам право на одмор и колку денови?
Какошто знам по закон, кога си договор на дело не следува годишен одмор затоа што не ти тече стаж, бенифиции и такви работи меѓутоа нека потврди некој друг што можеби повеќе знае.