1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Само за 2 месеци
     
  2. Glig

    Glig Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Би сакала да ми разјасните некои работи. Работам 1 месец во една фирма но сега ќе се префрлам во друга фирма. Во двете фирми сум со договор на определено време. Дали доколку немам прекин во стажот ќе ми се рачуна тој 1 месец во однос на правото на годишен одмор во новата фирма, односно дали за да користам одмор во новата фирма ќе треба да направам само 5 месеци работа или нема да ми се рачуна?
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Теоретски се зема потврда од првата фирма дека не си користела одмор, за да продолжиш со стажот во втората фирма, и да си земеш одмор кпга вкупно ќе поминат 6 месеца. Практично, до сега не сум слушнала фирма во Македонија од било која бранша што тоа го испочитувала. Така да ќе си чекаш 6 месеца во втората фирма.
     
  4. Glig

    Glig Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ти
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rena-mena

    rena-mena Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ќе замолам за совет, доколу некој знае. Имено, засновав работен однос 07/19 на определено време, кој договор ми се продолжува. Со тоа во 2019та немав право на цел годишен одмор, туку на пропорционален дел од 2 дена за секој месец или вкупно 10 дена. Јас не ги користев овие денови секој месец и не ги искористив сите. Дали овие денови ми се префрлаат како неискористени во 2020 кои можам до јуни 30ти да ги искористам или сум морала да ги искористам во 2019та во тековните месеци и сега ми се пропаднати?
     
  6. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Неискористените денови од годишен одмор од 2019 година можеш да ги искористиш во 2020 година до 30 Јуни.
     
  7. rena-mena

    rena-mena Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Благодарам ја знам одредбава, ама попрезино - прашањево ми е за пропорционален дел на годишен одмор, дали конкретнава одредба важи и за прпорционален дел од годишен одмор по чл. 140 од ЗРО. И уште едно прашање, доколку сте запознаени. Хипотетички-ако некој заснова раб. однос на 1ви декември 19, колку му следува припорционален дел од годишен одмор согласно на чл. 140 од ЗРО, ме интерсира како е ова во пракса? 2 дена само за декември 19 бидејќи во календарска 2019 не се стекнвува со право на цел домор во таа године, или уште 10 дена т.е. додека да наполни 6 месеци. Лицето во 2020 би се стекнало со право на цел годишен одмор од 20 дена во 2020 и во тој случај доколку ти следува за секој месец по 2, практично ќе излезе 30 дена за 2020? Што мене ми нема логика. Затоа ме интерсира како е во пракса, се распрашував јас околу ова, па добив и еден одговор дека се по 2 дена за секој месец ама мора во ист месец да се користат, значи ако не ги искористиш во тој месец ти пропаѓаат. Е сега ако некој засновал во јули месец работен однос има по 2 дена за секој месец, или вкупно 10. И јас сметав дека одредбава за користење на годишен одмор што ти ја цитираше, важи и за неискористен пропорционален дел од годишен одмор, оти нигде нема исклучок. Од друга страна, нема одредба која вели дека тие два дена од пропорционален дел од годишен одмор мора да се искористат во тековниот месец за кој следат, и пропаѓаат во спротивен случај. Од трета страна пак ако некој засновал на 1ви декември работен однос, колку дена пропорционален дел од годишен одмор додека не стекне 6 месеци? Ако се само 2 за календарската во која засновал однос, а му треба да речеме слободен ден за лекарски преглед некој во тие 5 месеци од наредната година во која треба да се стекне со право на цел годишен одмор ама он не може да користи пошто нема уште 6 месеци наполнето? Многу е конфузно и ме интерсира по чл. 140 како е во пракса?
     
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    @rena-mena како е правилно не знам да ти кажам, ама имам колешка вработена лани во јули. Има земено чат пат по 1 ден кога и требало за детето (немаше извадено боледување, па и се рачуна како ден од одмор да земала), ама официјално одмор за 2019 немаше воопшто. Од 1ви јануари си доби редовно 20 дена за 2020 како и соте останати.
     
  9. rena-mena

    rena-mena Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    И ги одбија ли тие денови за детето што ги земала во 2019 од одморот за 2020?и дали е во приватен сектор вработена, ме инетресира пошто ако е јавна/државна администрација таму си добиваат све што следи по ЗРО-прашувам од аспект што на прашањава најубаво би ми одговорил како било/е некој што исто така на среде година се вработил во администрација.
     
    Последна измена: 29 април 2020
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Приватна фирма. Не и ги одбија зошто нели секој месец и следува по 2 дена ако сака да земе иако нема 6 месеци. За во државна администрација најдобро да прашаш адвокат, да ти го протумачи законот, таму е строго како пишува во закон, за разлика во приватно може и да си се договориш со газдата.
    А искрено не верувам дека ќе најдеш некој со искуство што земал денови, зошто тие што се вработени помалку од 6 месеци нема шанси да барале да земат денови дури и да им следувале.
     
  11. rena-mena

    rena-mena Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    И јас во приватна фирма, и исто ко другарка ти. И све чувај денови и зедов 4 дена во 2019,од тие 10 што ми следуваат. Инаку фирмава кај што работам во принцип се водат по закон и кога се вработив ми беше кажано по 2 дена од месец се, ама не беше потенцирано дека треба секој месец да ги искористам, и дека ако не ги искористам во 2019, нема да ми се префрлат да можам до јуни 2020 да ги искористам-а нигде нема таква одредба. Ко Forca што пиша сметав дека таа одредба важи и за пропорционалниот дел од годишен закон. И јас во јануари зедов 2 дена сметав дека користам од тие што ми останале од 2019, ама после излезе ми ги одбиле од новиот одмор. Јас прашав и колега 1 година пред мене што е како било за него, он ми кажа дека си ги користел секој месец тие два дена што му следеле, му требале-не требале он си ги земал. Е сега од кадрова служба е нова-вработена е после мене и кога ја прашав неа, она рече дека не следувало како што сме мислеле и како што било порано, као следуваат ама само ако ти треба и ти дозволат, не по автоматизам. Ја ја прашав ова сега политика на фирма е или по закон ми кажуваш, ми рече не е политика на фирма-по закон е така. Као планирав состанок за ова да држам, а јас се консултирав и со сметководител и со адвокат ми рекоа дека си следи по 2 дена и треба решение за пропорционален дела од годишен одмор да ми било издадено. Е сега она мене не ми верува, ваљда и она има некој консултирано чим мења сега работи, ама мој против нејзин збор е сега. Јас барав по нет, коментар на закон или некој прирачник кај што се толкува одредбава-ама не успеав да најдам-мислев да најдам црно на бело и да и испратам во мејл, оти и самата кажа дека не е политика на фирма. Фала ти во секој случај
     
  12. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Штом сте вработена од 01 Декември 2019, за 2019 година ви следува само 2 дена годишен одмор кој сте можеле да го искористите заклучно со 30 Јуни 2020, во било кои денови сметано од 01.01.2020 заклучно со 30.06.2020 затоа што законски имате право да искористите 2 дена од годишен одмор по ваш избор во кои денови би ги користеле, а имено во за 2019 се стекнувате само со 2 дена пропорционален дел од годишен одмор за секој месец работа, во случајов само за Декември 2019 година.
    Додека за 2020 година ќе стекнете право на цел годишен одмор од најмалку 20 дена, а најмногу 26 работни денови (согласно договорот за вработување, и колективен договор) сметано од 01.06.2020 затоа што треба да поминат 6 месеци од засновање на работен однос за да се стекнете со право на цел годишен одмор.
    И во однос на последното прашање,во тековната година ако стекнувате право на цел годишен одмор, не ви следува пропорционален дел од годишен одмор по 2 работни дена за секој месец работа, затоа што овие 2 работни дена за секој месец работа следуваат само доколку во тековната (календарска) година не може да стекнете право на цел годишен одмор заради законската забрана да се стекне право на цел годишен одмор додека не изминат 6 месеци од засновање на работен однос.
    Ако ве интересира нешто поконкретно пишете ми во порака.
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.304
    Допаѓања:
    16.751
    Дали кога ќе направам 6 месеци во фирмата можам било кога да го искористам одморот? Односно, 6 месеци ќе имам направено во јануари, дали веднаш имам право да го користам или они кога одлучат да ми дадат?
    Инаку да напоменам немаат колективен одмор туку секој вработен или 2 макс одат во посебен период.
    И колку дена смеам да искористам? Целосниот годишен е 21 ден, од кои 14 ги користат како летен а 7 како зимен.
     
  14. Ana_zvezda86

    Ana_zvezda86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Dali so zemanje neplaten odmor se prekinuva stazot?
     
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.304
    Допаѓања:
    16.751
    Не.
     
  16. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Одморот по закон се користи така што првиот дел од одморот задолжително е во траење од 10 работни дена а остатокот можеш и на помалку денови да си го поделиш. Со навршување на 6 месеци можеш веднаш да земеш одмор, освен доколку работодавецот не ти наложи поинаку, пример има потреба од тебе баш тој период а нема кој да те смени.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Има прекин затоа што за тој период си одјавена од работа, а по истекот на неплатеното пак те пријавуваат.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Ме интересира пред да се даде отказ нели следува користење на годишен платен одмор? Јас само 5 дена искористив и ми рекоа или да дојдеш на работа или дојди да си потпипшеш отказ. Имам ли јас некое право да си ги искористам 15те дена од одморот? Има ли некој закон?
     
  19. Slatkata00

    Slatkata00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Имаш право да го користиш или треба да ти ги платат тие денови
     
    На marchi-cool и tina2018 им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    се договоривме,со престанок на договорот ( на 13 ти ) ќе ме одјават деновите ќе ми ги исплатат оти инаку за да ги искористам ќе треба да ми го продолжуваат договорот уште еден месец ( од месец за месец ни важат договорите)
     
    На Slatkata00 му/ѝ се допаѓа ова.