благодарам. Засега ништо од работа. Нека пркне малово. Можеби за година - годинаипол ќе размислам. Ваму ми рекоа кога сум во можност можам слободно да се јавам за да се вратам.
Здраво девојки, јас сум во збунка па ве молам за помош некој кој повеке се разбира. Газдата ми дава само 7 дена годишен одмор. Во меѓувреме точно 5 месеци немам ниту еден слободен ден. Не сум во позиција да си дадам отказ бидеки сум бремена. Ајде некој совет од вас поискусни, како да се справам со ситуацијава, премногу се нервирам.
Ако си бремена, не смее отказ никако. Слободно дај му до знаење дека ти следуваат минимум 10 работни дена, летен одмор и според закон за работни односи се земаат непрекинато. Останатиот дел ( зимскиот) минимум 8 дена се земаат по договор, не мора непрекинато и мора да се искористат до 30.06.21. Отказ никако да си даваш сама, не потклекнувај на закани, ништо не ти може во твојата состојба. Ако не можеш да седиш, матичен лекар или гинеколог може и боледување да ти даде. Едит: Не се нервирај и не трпи, едноставно не вреди, а енергијата ќе ти треба
I normalno ne smee da te otpusti dodeka ti trae porodilnoto boleduvanje( 9 meseci neprekinato za edno dete i 15 meseci za bliznaci,trojka itd).. i minimum uste 6 meseci posle toa...vo sprotivno slobodno mozes da ja tuzis firmata
Затоа што не си вработена во фирмата. Договор за дело е привремен, за извршување на привремена работа. Се плаќа само персонален, не ти плаќаат придонеси, не ти тече стаж.
Ok tnx A so ova sto saka da kaze https://eurokonsaltplus.com.mk/portfolio/исплата-на-паричен-надоместок-за-лица/
Ова е од април-мај. Им исплатиле на тие што се на договор за дело, но во некој државен орган, не во приватна фирма.
Здраво.. Бремена сум и од март месец сум дома прво седев дома со потврда после ме напнаа да си отворам боледување. Отворив патолошка ми следуваше зошто имам историја на претходни не успешни бремености. Ми заврши патолошката и 45 требаше пред термин да отворам породилно бев на работа прашав дали ќе ми го дадат одморт за оваа година прво ми рекоа ќе ми го дадат па после искочи дека не сакаат да ми го дадат. Одвај успеав само 5 дена да ми дадат е сега сакам да знам дали може да не ми го платат или мора. И доколку знае некој повеќе што да направам зошто крајно безобразни испаднаа башка што им враќав пари што седев дома со потврдата уште одморов да не сака да го плати
Дали после 6 месеци ми следуваат 21 ден одмор? Бидејќи правам 6 месеци во период кога ќе се користат зимските одмори 7 дена, дали имам право до јуни да ги искористам и останатите денови?
Кога ќе навршиш непрекинати 6 месеци работен стаж од прво вработување во фирмата ти следува целосен годишен одмор, ако во тековната година не успееш да навршиш 6 месеци работен стаж тогаш за секој месец работа во тековната година ти следува пропорцијално по 2 дена годишен одмор. Годишниот одмор може да изнесува нajмалку 20 работни дена а најмногу 26 работни дена, истиот се користи најмалку 12 работни дена во тековната година и останатите 8 дена во наредната година заклучно со 30 Јуни. Во секој случај во тековната година работодавачот е должен на работникот да му обезбеди непрекинати 10 работни денови, од друга страна работникот има право 2 работни денови од годишниот одмор да ги користи во работни денови по свој избор. Ако те интересира нешто дополнително пиши ми во порака, не ми дава опција да ти пишам порака.
Здраво. имам прашање во врска со одмор. Значи вработен сум во Фирма од крај на јули 2020 и сеуште сум таму, па ме интересира дали и колку денови ми следуваат за одмор кои треба да ги искористам до јуни 2021 ? Бидејќи реално 6 месеци од вработување направив крај на Јануари 2021...Поздрав...
10 работни дена годишен одмор за 2020 година кои треба да ги искористиш до 30 Јуни 2021 ако ги немаш искористено претходно, и ти следува цел годишен одмор за 2021 година.
Во сегашната фирма сум вработена во Февруари 2020. Договорот ми завршува на 25 јуни и нема да го продолжам бидејќи најдов нова работа. На истата ќе бидам префлена без прекин во стажот на 26 јуни. За 2021 од фирмава кај што сум моментално по процедура ми следат 22 дена годишен одмор. Прашањето ми е дали во новата фирма ќе можам да ги искористам сите денови со потврда за неискористен одмор или само 12 дена со правилото 2 дена за секој месец. Благодарам
Согласно законот можеш во новата фирма да ги искористиш деновите без оглед дали имаш или не прекин во стажот. Треба да им однесеш потврда за неискористен годишен одмор само пази да пишува колку дена одмор имаш или доколку ти издала фирмата Решение за годишен одмор покрај потврдата ќе им го приложиш и решението. Е сега зависно од политиката на новата фирма може и да не ти дозволат да го користиш тоа зависи од фирма до фирма.
Не би рекла дека ова е законски, бидејќи во случајов треба да користи лански одмор кој може да се користи само до 30.06.21. Зошто не ти е искористен пола до сега е исто така проблематично, бидејќи законски работодавачот треба да ти има дадено решение за непрекинат летен одмор од 12 дена, кој сеуште не ти даден. Најчеста пракса е вработен кога си оди, да ги искористи деновите кои му следуваат за одмор, исто така да бидат последните денови додека е во работен однос пред и вклучено со денот на одјавување од работниот договор. Друг момент во случајов, без разлика дали е законски или не, зошто мислиш дека е добра идеја да почнеш на ново работно место со одмор?