Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Јас колку што ја разбрав нов одмор од 22 дена има за 2021 година. Нели кога ќе се стекнеш прв пат со право на годишен одмор во тековната година, следната веќе од 01 јануари имаш право на нов одмор.
    Ако сум јас грешка ако станува збор на стар одмор онда ти си во право. Стар одмор од 2020 година може да го користи до 30.06.

    Кај нас во фирма ако нов вработен донесе потврда за годишен одмор му се дозволува да го користи.
     
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Пишала дека е вработена во Февруари 2020, значи во Август 2020 исполнет е услов за одмор.
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Точно и во јануари 2021 година се стекнува со право на нов годишен одмор за 2021, заради тоа мислев дека пишува за новиот одмор.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па не, до 30.06 се користи лански одмор, односно останатиот зимски дел, а по шест месеци во работен однос во дадена година, поточно од 01.07, се користи одмор за истата година, кој по Закон за работни односи се зема летен дел непрекинато од 12 работни денови, а останатиот дел кога и колку сакаш но не подоцна од 30.06 наредната година.

    Е сега, законски може ќе го искористеше да беше пред 30.06, целиот одмор на новото работно место, но со 22 дена одмор, би била отсутна месец до месец ипол, малку да не речам безобразно и спрема новиот работодавач и новите колеги.
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    Јас би те советувала сите денови од стариот одмор да си ги земиш сега во старата фирма. Затоа што во новата фирма стариот одмор нема да можеш да го искористиш. Во врска со новиот одмор од 2021 мислам дека во новата фирма ќе ти дадат да го користиш последна, затоа што ти си нова и преднос ќе бидат старите вработени ако веќе сакаат да ти ги дадат наеднаш тие 12 дена. Се зависи до фирмата и како ќе се договориш. Овде законот не те штити многу. Законски ќе ти ги дадат деновите. А како ќе ти дозволат да ги користиш зависи од политиката на фирмата и нивните потреби.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    По процедура, ти следуваат толку денови колку што ти е договорот. Ако во фирмата во која што си сега договорот ти е до Јуни, ти следува годишен одмор за пола година, не за цела. Не знам зошто би ти дале 22 дена кога си вработена до Јуни. Дури и да си добила стварно 22 дена, со отказот ти се рачунаат само деновите до Јуни. Во новата фирма ти даваат одмор од денот кога ќе се вработиш до крај на договор.
    Префрлање на неискористен одмор од една во друга фирма е само ако новата фирма се согласи.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Извини ама грешка си новиот одмор може да се користи од 01.01 во годината не треба да поминат 6 месеци за да имаш право да користиш нов годишен одмор. Ова ни го има потенцирано Бојана судијата за работни односи од Основен граѓански суд Скопје на семинар. Тоа што фирмите кај нас си тераат нивни посебни правила тоа е башка. И тие 12 раб дена што ги спомнуваш по ЗРО се две непрекинати работни недели до крајот на календарската година не мора летно време да се користат.

    Како и да е да не е во ред одма одмор кај нив работодавач сепак се остава некоја поинаква слика за почеток, иако законски може.

    На крај го збунивме девојчето што праша хаха
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Од 01.01 до 30.06 се користи одмор стекнат од или во текот на претходната година. За да имаш право на годишен одмор, треба да се поминати 6 месеци од почетокот на работниот однос. Во случајов на членката, таа има денови, т.е цел одмор од 2020. Ако и годинава има непрекинат стаж, кај новата фирма ќе користи летен одмор за 2021, ако има прекинат стаж ќе мора да чека 6 месеци за да стекне право на годишен одмор за 2021.

    Законот е доста јасен, можеш и да го прочиташ, јавно е достапен.
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Не ми беше целта да се расправам туку чисто да размениме мислења, не се секирај го знам многу добро законот пошто тоа и работам, дополнително на милион обуки за работни односи сум била... Не си во право (по мое мислење, знаење и пракса) за одредени работи ама нема потреба да те убедувам или да ти наметнувам мое мислење секако не можеме да се разбереме. По истото прашање има многу различна и судска пракса така што џабе ќе се убедуваме.
     
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Мислам дека постои можност и да ти бидат платени слободните денови од старата фирма, за да не ти пропаднат.
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не можеш да користиш одмор во Јануари, февруари 2021 а истиот да е тој за кој уште не си исполнил услови за истиот, нема логика годината да ја почнуваш со одмор кој уште не си го изработил.

    Не е работата за убедување, туку како е по закон, кој можеше да го отвориш и прочиташ, наместо да се докажуваш овде со мене.
     
  12. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Чекај малце сакаш да ми кажеш дека спред тебе секоја година треба да работиш 6 месеци за да се стекнеш со право на годишен одмор? Апсолутно НЕ. Ако јас почнам на работа прв пат во мај 2020 година во ноември имам право на цел годишен одмор. Ако продолжам на работа на истото раб место во јануари 2021 година јас веќе се стекнувам со цел годишен одмор за 2021 година, не треба да работам 6 месеци во новата година за да имам право на годишен одмор. Сулудо е да толкуваш дека секоја година треба да работиш 6м за да имаш право на годишен одмор. Зашто инаку би се издавале решенија зс годипен одмор на почеток на година.
     
    На baguf4e, cresa-jagoda и Forca им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    @Bubamaricka Се стекнува со право на годишен одмор за тековната година, а до 30.06 се користат денови од одмор од претходната година. Читај поубаво.

    И да, апсолутно не може да се користи одмор од тековната година пред 30. 06
     
  14. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Апсолутно може.
     
    На baguf4e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Повели Screenshot_20210516-165357.png Screenshot_20210516-165321.png Screenshot_20210516-165655.png
     
  16. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    @Mikha4 Не мешај работи... текстов што си пратила е за префрлување на годишен одмор што нема врска со тврдењето твое дека треба секоја година да работиш 6 месеци за да имаш право да користиш годишен одмор.
     
    Последна измена: 16 мај 2021
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Во право си генерално ако зборуваме за користење одмор, и хипотетички ти е искористен целиот од претходната година. Не мешам работи, требаше да допишам, не можеш да користиш нов одмор од тековната година пред да го искористиш од претходната. Во случајов на членката уште не ѝ земен за 2020, да не си помисли дека тој ќе го користи, а ѝ го дадат во новата фирма за 2021. Во тој случај ќе ѝ пропадне цел за 2020, освен 5 дена од 25ти до 30 јуни.
     
  18. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Апсолутно секако прво треба да искористиш стариот одмор. Е сега ако пример јас немам стар одмор сум го искористила заклучно со 31.12 а работам на истото раб место од јануари можам од новиот да користам, тоа ми беше поентата. А за членката искрено мислев дека за новиот одмор зборува од 2021 година. Инаку со последново твое мислење се согласувам.
     
    На baguf4e, Forca и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. Alex.Max

    Alex.Max Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    И јас така мислам , но на работа ми кажуваат дека никакви денови за одмор не ми следуваат за 2020 год бидејќи 6 месеци од вработувањето направив во јануари 2021 година. Каде да се обратам за подетални информации ,мислам кое министерство? Труд и социјална политика?
     
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Ви пишав во порака.