Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    10.071
    Пол:
    Женски
    Дечки, јас прашував за одморот од 2021. Оној од 2020 ми е целосно искористен и нема да имам потврда за неискористени денови. И не, не планирам да почнам кај новиот работодавец искористувајќи 22 дена одмор уште непочната, фала многу што скокнавте на заклучоци пред да прашате :D прашањето го поставив во тој контекст доколку во случајов немам прекин во стажот, дали работодавецот би ми дал два-три дена одмор пред да наполнам 6 месеци во фирмата доколку ми се потребни.
     
  2. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Да, задолжително е за работодавачот за секој месец работа да ти овозможи 2 дена годишен одмор, во пракса ги даваат вкупно сите денови после 6 месеци од засновање на работниот однос, инаку во секој случај можеш да побараш 2 дена годишен одмор во било кое време само треба 3 дена однапред да го известиш работодавачот за користење на 2 дена годишен одмор во денови кои тебе ти одговараат.
    Единствено не можеш да користиш било како годишен одмор во првиот месец од засновање на работниот однос, затоа што немаш стекнато денови за годишен одмор, после првиот месец тоест во вториот месец од засновање на работниот однос можеш да побараш да си ги искористиш 2 дена од годишниот одмор кои си ги стекнала по еден месец работа, и така натака за секој месец одделно или како што кажав на крај да бараш вкупно да ти се дадат деновите од годишниот одмор за тие 6 месеци работа.
     
    На Traveler91, baguf4e и tina2018 им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Зависи од работодавачот, по закон имаш право да ги користиш тие денови кои си ги сработила, макар биле и два. Но, праксата покажува дека не се сите расположени за соработка. Кај мене во фирма многу сакаат така сецкано да даваат одмор, многу потешко добиваш споени две недели. Договори се дури е време и најдете средина.
     
  4. zbunka

    zbunka Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Колку „експерти“ толку толкувања кај мене на работа :)
    Работам во фирма, ми останува одмор, договорот за работа ми завршуваше на 31.12. Во истата фирма (додека траат конкурси и слично) продолжувам да работам од март следната година. Имам ли право да го користам стариот останат одмор? Стаж имам многу, не сум почетник. Ги читав тука искуствата, ама не се најдов себе. Новиот не е спорно дека треба да го добијам.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Ако имаш непрекинат стаж од мин 6 месеци ти следува но бидејќи имаш прекин во раб.однос колку што сватив од постот тогаш не ти следува
     
    На zbunka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zbunka

    zbunka Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Да, имам прекин. Во една претходна фирма ми имаше останато одмор, ми дадоа потврда дека можам да го користам во следната фирма во која ќе се вработам, без оглед на прекин. Тоа ме буни.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Да потврда може да даде и да се користи ама ако нема прекин во стаж, таков е Законот за работни односи. Тие во потврдата можат така да напишат но новиот работодавец ќе си го применува ЗРО.
     
    На tina2018 и zbunka им се допаѓа ова.
  8. zbunka

    zbunka Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Благодарам на одговорот. Значи одиме со користење на новиот одмор. Здравје :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    9.492
    Немам 6 месеци во фирмата, но немам ни прекин од претходната дали ме следува одмор?
    Знам дека од месец имам по два дена, тогаш ќе имам 8 дена плус викенд значи 10 дена, но прашањето ми е дали без прекин ми следува цел одмор или кога ќе имам 6 месеци?
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Пренесувањето на одморот се прави во договор со фирмата со која потпишуваш договор, ретко која фирма им дозволува на новите работници да користат веднаш одмор. Ако не си се договорила на почетокот, со документ од претходното работно место за искористен одмор, тогаш ќе оди потешко. Ако имаш доволно број месеци сработено, а не се шест, тие осум спои ги со два викенда и ќе ти искочат 12 технички. Летен одмор е 12 работни дена, и да имаш право на цел одмор 20+ дена, не можеш да ги користиш во лето сите. Според ова што го кажуваш, не си далеку од тие 12 дена летен одмор.
     
    На Kataklinkers му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    17.428
    Дали после 2 месеци во фирмата можам да побарам 3 слободни дена, иако одмор ме следува после 6 месеци?
     
  12. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Да, можеш да побараш, ти следуваат 4 работни дена годишен одмор за 2 месеци работа.
    Ако мислиш за слободни денови кои не се од годишниот одмор, тогаш исто можеш да побараш, но се зависи од работодавачот дали ќе ти дозволи, или замени се со слободни денови со колегите.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    9.319
    Месечно имаш право на 2 работни дена одмор. Ако не се вработуваш по прв пат, можеш да ги искористиш пред наполнување 6 месеци на местото. Ти имаш одработено 4 дена до сега, ама реално е во договор со работодавецот дали ќе дозволи користење. Факт е дека работниците со цел годишен одмор за користење имаат предност пред тебе, па може и да те одбијат за терминот.

    Ако имаш ок однос, и работната позиција трпи, не би требало да имаш проблем ама не планирај пред да разговараш.

    *За мене лично земање одмор после само 2 месеци на едно работно место е несериозно.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    913
    Пол:
    Женски
    Мојот газда реши оваа година само 18 дена да сме имале одмор,доста ќе ни било
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.886
    Допаѓања:
    45.190
    Пол:
    Женски
    Каде се пријавува газда што не им дава на работниците користење на годишен одмор, 10 години иста песна, една недела одмор у август во кој се вклучени Илинден и викенд со што искористуваат само 5 дена одмор уствари. Одат на колективен и после веќе немаат одмор, празниците кои се задолжителни и ги сметаат во одмор и стварно е нечовечно веќе, они не сакаат да дигнат глас, мајка ми сама не може ништо, многу се нервирам. Да работиш ти 12м, без ниедна сабота слободна и да ти дадат 5 дена одмор у цела година, ма да пукнат. Сакам да ги пријавам.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Во трудов инспекторат, можеш да ги пријавиш анонимно на веб страницата на трудовиот инспекторат.
     
    На cresa-jagoda, 1209 и tina2018 им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    22.623
    Пол:
    Женски
    После колку години стаж е ова со 2 дена за секој месец, односно 24 годишно.
    Прашувам оти еве пример мм има 21 ден.
    Реално ок му ги дава деновите,односно може и сите одеднаш да му ги даде, ама баш би сакала да знам.
     
  18. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Во Општина Центар им е седиштето на ДТИ, барака 7 мислам беше, од вратата главна скроз лево бараката пишува, ќе ти дадат преставка да напишеш, во архива се поднесува. Инспекторки се, за 1-2 дена веднаш ќе почнат со работа. После и те известуваат што е одлуката, писмено.
     
    Последна измена: 20 јули 2021
    На cresa-jagoda и 1209 им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.886
    Допаѓања:
    45.190
    Пол:
    Женски
    Не можам да одам лично, не сум бо МК, а и се работи за во Кочани не знам дали има врска. Сепак фала ќе ми се најде оваа информација, јас пријавив на страната ама немам одговор до сега.
     
  20. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    Тоа два дена за секој месец се вика пропорционален дел од годишен одмор и е САМО КОГА работникот нема 6 месеци стаж за да се стекне со право на цел годишен одмор. Откако ќе се стекне со право на годишен одмор колку што има по решението согласно законот толку, во конкретниот случај 21 ден.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.