Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. Lengerda

    Lengerda Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Би било добро да се имаат 4 месеци годишен одмор.
    И 3-дневна работна недела.
    И 5-часовен работен ден.
     
    На Londrina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки

    Од искуство ти кажувам,џабе страната, тоа не функционира. Мора или телефонски ако ги добиеш или писмено.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.886
    Допаѓања:
    45.190
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е од мене ама отишла инспекција и одморот и е продолжен, сега мајка ми ме линчува ќе дознаеле кој ги пријавил ќе ја испаделе од работа. Јас знам дека е анонимно и дека нема начин да дознаат кој има пријавено, ама сепак да се уверам, нема шанси да дознаат нели?
     
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Ако е анонимно, нема да дознаат, мајка ви нека се прави како ништо да не знае ако ја потпрашуваат на работа.
     
    На cresa-jagoda и 1209 им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Да не заборавиме каде живееме. Каде што се наоѓаат врски преку полиција, и министерства ако треба и ќе се "подмачка" за да се дознае.
     
  6. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.373
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    upload_2021-7-30_12-2-57.png

    Вработена сум 11 месеци, на пола работно време, а пред еден месец ми го продолжија работното време од 20 на 30 саати.

    Бидејќи ова ми е првпат да засновам работен однос, дали ми следуваат 20 дена годишен одмор според ова?
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Според ова да ама според работодавачот зависи. Зависи од фирмата дали се држи до законите :)
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.373
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Да, странска фирма е и регуларно работи.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    После шест месеци рботен однос имаш право на одмор, до тогаш, право на два слободни дена за секој сработен месец. Ако се поштена фирма, требале да ти го кажат тоа.
     
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.373
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Па јас после 6 месеци си го искористив зимскиот одмор 6 дена ми следуваа. (две недели ми дојде со се слободните денови, бидејќи бев на пола работно време).

    Сега ми кажаа со middle time дека ми следуваат 16 дена годишен одмор, ама според законов, бидејќи ми е прв работен однос ми следуваат 20, така? Со тоа што и за претходниот одмор што ми следеше после 6 месеци најверојатно ми следувале 12? Или не сфаќам добро нешто?


    Кај можам да се јавам да прашам колку дена годишен одмор ми следуваат?
     
    Последна измена: 30 јули 2021
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Право на цел годишен одмор
    Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.
    Без разлика дали си на полно работно време или на пола работно време, после 6 месеци имаш право на цел одмор, односно на 20 дена. Еве ти го и линкот, па прочитај си сама.
    https://www.pravdiko.mk/koristen-pravoto-na-godishen-odmor/
    Не знам дали има измени во законот, нека каже некој друг дали е исправно или не.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Другарка моја беше вработена повеќе од 2 години во една компанија со продолжување на договорот за вработување преку приватна агенција за вработување. Од 01.08.2021 е вработена на неопределено време во друга компанија. Од претходната компанија има потврда дека за 2021 година има право на 23 дена годишен одмор и дека нема искористено ниту еден ден од одморот. Нема прекин во стажот.
    Кога ќе може да користи одмор во новата компанија? Дали додека наполни 6 месеци во новата компанија има право секој месец по два дена одмор или може сега во септември да земе 10 дена одмор?
    Однапред ви благодарам за одговорите.
     
  13. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    Дали неискористени денови од одмор се префрлаат во новата фирма каде што ќе работам?
    Во новата фирма договорот ќе ми биде на определено?
    И дали доколку не ми се префрлаат старата фирма треба да ми ги исплати?
     
  14. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски

    Од старата фирма нека ти дадат потврда за неискористени денови, истата потврда ја носиш кај новиот работодавач со цел дека имаш стар одмор за користење .
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.989
    Допаѓања:
    5.328
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја страна каде можам да си проверам колку денови од одмор имам неискористени или останати?
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Тоа фирмата треба да ти каже, тоа е за секоја фирма и поединец различно.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    9.492
    Ти треба да си знаеш, а и треба решение за искористени денови да ти дадат.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.989
    Допаѓања:
    5.328
    Пол:
    Женски
    Да, го најдов листот, средено.
     
  19. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    766
    Kolku odbivaat zaradi godisniot odmor od platata?
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не смеат да одбиваат, одморот е платен исто како да си била на работа.
    А К15 е додаток за годишен одмор, треба да се исплаќа кога се користи летниот дел.