1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Значи кога ќе даваш отказ тоа нека биде написмено, и во него можеш да допишеш барање да ти се овозможи одмор согласно Закон за Работни односи,.. или да составиш посебно барање надоврзано на отказот.

    Должни се да ти го дадат, всушност и веќе направиле прекршок, бидејќи не ти го дале првиот дел до крајот на 2021, законот вика првиот летен дел од одморот се користи непрекинато и минимум 10 дена, во периодот од 01 Јули во тековната година до 31 Декември, а остатокот по договор меѓу работодавачот и работникот но не покасно од 30 Јуни наредната година
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Токму тоа сакав да искоментирам, пред крај на право на користење одмор да имаш 20 дена одмор е незамисливо. Не ми е јасно ова.
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    Дали знаете како се добиваат дополнителни денови одмор според стаж, не можам да најдам во законот. Пишува минимум 20 работни дена, ама знам дека имаше некое правило. Во смисла после 5 години стаж добиваш уште еден ден плус.
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    За пет години стаж, еден ден плус, ако не грешам.
     
  5. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Не постои веќе стар-нов одмор. По закон одморот се користи во тековната година, значи од 01.01-31.12 (освен ако фирмата со колективен договор дозволи дел од одморот да остане за наредна година).

    Исто така не постои летен и зимски одмор. Одморот е еден, минимум 20 дена, максимум 29 дена. Само првиот дел од одморот мора да се искористат 10 дена, а понатаму кој како сака и има потреба.

    Фирмите што даваат 10 дена летен и 5-10 дена зимски одмор, со ограничувања кога да се користи работат незаконски.

    Уште за случајот погоре што прашуваа: ако ја почнеш тековната година како вработен во одредена фирма, ти следува целиот одмор за таа година. Нема 2 дена по месец, нема користење до јуни-јули. Значи целиот одмор.
     
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Да? Има промени во ЗРО?
     
  7. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Оваа промена е од минатата година, само ретко каде се почитува
     
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Користење на годишниот одмор
    Член 141

    (1) Годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската
    година.
    (2) Годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со
    работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку
    две непрекинати работни недели.
    (3) Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди
    искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната
    календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година.
    (4) Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната
    календарска година заради отсутност поради боледување или повреда,
    породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да
    го искористи до 30 јуни идната календарска година.
    (5) Работникот кој работи во странство може во целост да го искористи
    годишниот одмор до крајот на идната календарска година, ако е така
    определено со колективниот договор на работодавачот.

    ---------------------------

    Ова е член 141 според последната верзија од ЗРО и го нема тоа што го пишуваш. Не знам од каде е потребата да си измислувате прописи кога за 2 минути може да се проверат.
     
    На baguf4e, Pixi5 и Abel им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Јас не пратам закони, но ако е од лани, ќе треба време да почне да се имплеметира, односно по логика на нештата, временска, реално ќе може да се имплементира од 2023. Првиот дел од одморот порани беше 12 дена, ок ете сега е 10, не менува многу, и да, прашање е на договор. Два дена за месец си е практично пропорционален дел од одморот, работникот има право на тоа. Летен/зимски во смисла дека постои некој ред, а и тоа е периодот кога обично фирмите даваат одмор.
     
  10. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    (4) Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната
    календарска година заради отсутност поради боледување или повреда,
    породилен одмор или одмор за нега и чување на дете
    , работникот има право да
    го искористи до 30 јуни идната календарска година.

    Убаво пишува дека само од овие причини може одморот да се користи во идната календарска година
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Ај прочитај го став бр. 3
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ако така гледаш, 3 и 4 се контрадикторни.
    пс. И ако го имаш новиот закон, сподели го, не е тајна.
     
  13. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Го прочитав, став број 4 е надополнување.
    @Abel можеби се контрадикторни, или пак е само надополнување како што кажав.
    Законот е тој. Став бр 1 кажува се.
     
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Да, ако и првиот дел од одморот кој треба да се користи до крајот на тековната година, познат како летниот дел од одморот, не е искористен од наведените причини, се користи и тој до 30 јуни од наредната година.

    Нема ништо контрадикторно.
     
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Законот си е тој. Од моето искуство, одморот е најподложен на договор таму каде што работата дозволува.
     
    На BezglasnaBukva и Mikha4 им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Да, се уредуваат условите додатно, но во рамките на законот.
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Тие ставки колку што знам, може грешам, се исти, нема промени. Тоа што од х причини не се искористило до крајот на годината, се префрла до 30 јуни наредната. Ако не се искористи до 30 јуни, не може да се префрли, иако во пракса и тоа се дешавало, само административно поинаку се решава.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Договорот е секако најважен, секако во рамки на законот.
    Муабетот ми беше најмногу за членот што му пишавте дека не му следува нов одмор. Ако ја почнал годината во фирмата, му следува цел одмор.
     
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    После шест месеци следува цел одмор, дотогаш мислам само пропорционалниот дел. И мислам дека муабетот беше повеќе на тоа што всушност значи цел одмор, не може да бидеш во некоја фирма 5 минути и веднаш да земеш 20 дена одмор, затоа тој се дели во два дела.
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Му следува ако му дадат потврда од старата фирма дека не му е искористен одморот од кај нив и секако ако нема прекин во стажот.