Право на мајковина

Discussion in 'Правни совети' started by Sirin, Nov 1, 2012.

  1. Sirin

    Sirin Активен член

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Мајка ми е почината 2000 година , татко ми е сеуште жив . Во брак имаат стекнато заеднички стан . Пред 5 години татко ми се прежени меѓутоа не се венчани со сегашната сопруга , проблемот е во тоа што тој сега не живее во Скопје отселен е кај сопругата во друг град каде што сака да гради куќа , продавајќи ја оваа во Скопје . Ве молам за совет какви се моите права , дали имам права на мајковина и дали смее да ја продаде без моја дозвола . Ве потсетувам дека куќата е стекната заеднички со мајка ми иако гласи на негово име .
     
  2. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Joined:
    Oct 7, 2012
    Messages:
    124
    Likes Received:
    47
    Џабе сонуваш! Мислиш некој куќа ќе ти даде?? Можат само навредувачки зборови,ништо др,затоа не се надевај мн..
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,674
    ^^ Зошто џабе сонува? Девојката како наследник од прво колено има право на наследство, имот од починат родител. Се она што е стекнато во брак, им припаѓа на брачните другари по пола, два еднакви дела. Е сега, на форумов има покомпетентни па ќе кажат, но мислам дека од делот на мајката, ако Сирин е едно дете и следува половина, а втората половина е на таткото.
     
  4. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Joined:
    Oct 7, 2012
    Messages:
    124
    Likes Received:
    47
    По правило или закон (како сакаш кажи го) е така,неа и следува пола,ама луѓето се гледа какви се,така да тешко една соба да добие....
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Штом е на име на татко ти мислам дека ништо не можеш да направиш, куќата е негова и може да прави со неа што сака
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,674
    А ако бара по Судски пат право на наследство?

    п.с. по некоја логика, татко и не би имал проблем да ја продаде куќата затоа што е на негово име, а при тоа нема ни терет на тој имот (судско барање за дел од имот)
     
  7. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Joined:
    Oct 5, 2012
    Messages:
    52
    Likes Received:
    6
    Имаш право со сигурност.Кога починува еден родител имотот стекнат во брак се дели на една половина во случајот на татко ти а во другата половина ти и татко ти.Не смее да продава без твоја согласност.Отиди до адвокат и под хитно направи забрана за продавање.Па после оставинска постапка и ќе добиеш решение во кое ќе стпи дека една половина е татко ти една половина ти и татко ти.Поздрав
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2011
    Messages:
    1,851
    Likes Received:
    760
    значи како што разбрав она би имала и1/4 од куката а татко и 3/4 значи како и да е има надеж да си го бара правото пак ке и припадне некоја паричка
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    Имаш право да бараш дел бидејќи тоа е стекнато додека твоите бил е во брак,а ти си нивно дете.Можеш да поднесиш барање за делба на имотот и за добивање на наследство од мајка ти.Откако судот ќе го разгледа барањето најверојатно ќе му даде еден дел на татко ти,а еден на тебе и на татко ти,значи во секој случај ти ќе имаш дел.
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Чекајте дечки, не и давајте лажни надежи.
    Прво не сум сигурна дали има воопшто таков правен израз како мајковина, нема таково нешто.
    Вака сирин, ако станот е на името на татко ти, и ако он реши да го продаде, ти немаш ништо во тоа,за жал негова сопстеност негово право.
    Сега друга работа би било доколку пред смртта на мајка ти, станот да бил на нејзино име, тогаш требало да има оставинска постапка, и тогаш станот да се подели пола на тебе пола на татко ти.
    Ако не, тогаш немаш ништо да бараш.
    По смртта на татко ти, се што е на негово име, ќе ти припадне тебе како единствен насленик, освен ако не се венча со жената, ма да и вака, додека живеат во заедница, макар и што не е брак, жената на татко ти има право на половина од станот, ако не и 3/4 од него.
    Или договорете се, да ти даде дел од парите, од станот бидејќи логично си му единсвено дете, настрана тоа што си негов наследник.
     
  11. new

    new Активен член

    Joined:
    Jan 12, 2012
    Messages:
    12
    Likes Received:
    1
    Ова што го кажува Hipster е погрешно.
    Значи вака, како прво веќе не е битно на чие име е станот, доколу е стекнат во брак (освен ако се работи за дар или наследство) значи ако е стекнат додека мајка ти и татко ти биле во брак, се смета дека сопственоста е пола-пола. Ова е така за да се заштити правото на жената на сопственост, бидејќи кај нас по некое правило се стои не име на мажот.
    Како второ имотот не се дели како што кажа Hipster, туку само делот од мајка ти (половината од станот) се дели пола-пола помеѓу тебе и татко ти.
    Но, најпрво мора да се отвори оставинска постапка имотот на мајка ти.

    И совет, за вакви прашања консулитирај се со адвокат, вака те доведуваат во заблуда со погрешни мислења за важна тема.
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Незнам јас ништо, лаички си пишувам и си тресам глупости од мерак по форумов за правниве теми ;)
    За последен пат, АКО СТАНОТ Е НА ИМЕ НА ТАТКО ТИ ВО КАТАСТАР, нема никаква врска тоа што станот е стекнат во брак, едноставно станот е негов, тој има сопственост над него.
    Друга ситуација е доколку после смртта на мајка ти, имало оставинска постапка, и сопственици се појавиле мајката и таткото тогаш е друг муаебет.
    Човек кој нема никаков имот, НЕМА НАСЛЕДНИЦИ.
    Види како бил станот во катастар заверен пред да умре мајка ти.
    Ако биле двајцата, тогаш оставинска постапка сте требале уште одамна да отпочнете и тогаш добива пола од станот, т.е не 1/2 од половината на мајката.
    И нема таков поим у правото како мајковина, нема такво право, амн.
    Си има термин наследник од прв ред во случајов, САМО АКО МАЈКАТА ИМАЛА ИМОТ НА НЕЈЗИНО ИМЕ!
    Да не бидам погрешно сватена, ти фактички треба да си сопственик на цел стан, но во дадаенава ситуациа како ми стојат работиве, тешко дека ќе бидеш барем насленик на делот од мајка ти.
    Зашто, ако се отворило оставинска постапка после смртта на мајка ти, и немало имот, т.е само татко ти бил запишан на имотниот лист, немало наследници, и се затворил случајот.
    Друг е муабетот што станот е дефакто е на двајцата, у брак стекнат имот треба да е така запишан у катастар и на мајката ти и на татко ти.
    Комлицирано е искрено ова.
     
  13. Lamei

    Lamei Активен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    6
    Likes Received:
    1
    Од пред некое време, оставинските постапки се решаваат на нотар, освен ако нема нешто спорно. Кога има спор, се оди на суд. Без разлика дали куќата е на име на таткото или мајката, на мајката и следува половина, ако куќата е стекната во брак. Така што, најдобро е да се поведе веднаш оставинска постапка додека се уште не е продадена. Јас не знам колку години си имала кога починала мајка ти, но ако си била малолетна, требало да реагира и Центарот за социјални работи со цел да те заштити тебе, како потенцијален наследник на имотот. Значи, ако куќата е стекната во брак, ти имаш апсолутно секакво право на наследство.
     
  14. new

    new Активен член

    Joined:
    Jan 12, 2012
    Messages:
    12
    Likes Received:
    1
    И јас истото го зборувам ама еве Hipster повторно тврди дека тоа не е така. Значи иако станот е на име на татко ти, ти имаш право на наследство од половината на твојата мајка, иако станот бил на име на татко ти. Ништо не е комплицирано, се отвара оставинска постапка и потоа се заведуваат сопствениците во катастар.

    И Hipster звучиш како лаил т.е како учен а не доучен правник. Ако сакаш да не звучиш како лаик преположи го семејно и наследо оти на некои предавање очигледо си отсуствувала.
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    Значи вака, целиот имот кој заеднички е стекнат во брак е заедничи имот на двајцата брачни другари. Нема врска што имотот е запишан на име на едниот брачен другар, тој имот е заеднички. Доколку и двајцата брачни другари се живи и имаат имот заеднички стекнат во брак, а тој имот се води на име на едниот брачен другар, тој не би можел имотот да го оттуѓи без согласност на другиот брачен другар. Ниеден нотар нема да завери било каков договор за оттуѓување на имотот без согласност на другиот брачен другар.

    Е сега во твојот случај мајка ти е веќе почината, но ти како нејзин законски наследник имаш право на дел од станот. Бидејќи станот не е запишан на име на мајка ти, затоа не се водела и оставинска постапка за станот. За да се поведе оставинска постапка мора 1/2 од станот да дојде на име на мајка ти.
    А како да дојде на нејзино име?
    Ти како законски наследник на твојата мајка имаш право да поднесеш ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТ и на суд да докажеш дека станот е купен во брак. Доколку станот е стекнат во брак (а тоа многу лесно се докажува), судот ќе донесе пресуда со која 1/2 од станот ќе се запише на име на твојата покојна мајка. Без тужба, не може ни да се решава оставината за станот зошто стнот уште ќе си се води само на име на татко ти.

    После (тужбата и пресудата, кога 1/2 од станот во катастар ќе се запише на име на мајка ти) ќе се води оставинска постапка за таа половина од станот која и припаѓа на мајка ти, и во која оставинска постапка наследници ќе бидете и ти и татко ти. Значи предмет на оставина ќе биде само 1/2 на мајка ти, од која татко ти пак има право на 1/2 зошто и тој како и ти е законски наследник.
    Ова многу лесно можеш да го добиеш на суд( сум се среќавала со неколку вакви случаи и сите добија) затоа не се откажувај и терај ја работата до крај.
     
    midnight.flower likes this.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Јас длабоко се изивнувам што погрешен совет дадов, малку под поинакви сознанија,и плус со претпоставка дека веќе имало оставниска постапка по смртта на мајката, и не знаев дека има начин сепак да се оспори, зашто што имотот е стекнат во заедница.
    Еве колешката убаво објаснила што како треба.
     
  17. pross

    pross Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2012
    Messages:
    267
    Likes Received:
    150
    Gender:
    Male
    Sirin, Прво не наведувате дали за имотот на мајка ви, по нејзината смрт е водена оставинска постапка, во која ќе бидете огласени вие и вашиот татко (не знам дали има уште наследници) како законски наследници на вашата мајка.
    Доколку има водено таква постапка, и судот донел решение за наследување, вие како наследник на дел од имотот на вашата мајка со тоа решение ќе се запишете во катастарот на недвижности, и во тој случај таткото нема да може да ја продаде целата куќа без ваша согласност...
    Доколку немате водено , брзо поднесете предлог за поведување на оставинска постапка пред надлежен суд вие како наследник, со цел да си ги остварите вашите права....
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,365
    Likes Received:
    21,351
    Gender:
    Female
    Не сум правник, но пријател мој имаше некои слични проблеми.
    Мислам дека многу е важно да се знае дали имотот (односно куќата) на родителите е стекната/изградена пред тие да стапат во брак или после.
    Доколку таткото ја направил или купил пред да стапи во брак со мајката тогаш таа е само негова и може да располага со неа како сака и да ја остави на кој сака.
    Но доколку куќата е купена/изградена одкако стапиле во брак без разлика на чиво име гласи двајцата партнери имаат исто право. И сега без разлика што мајката е почината децата си имаат законска право да си бараат дел од неа (безразлика што она не фигурира како сопстевник). И во тој случај таткото неможе туку така да ја отуѓи.
    Кој е по упатен нека ме корегира.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,724
    Likes Received:
    38,449
    Gender:
    Female
    Доколку имотот е стекнат во брак, по смртта на едниот родител децата имаат право на наследство од неговиот дел од имотот.