Dedo mi pocina pred tri godini, a baba mi pred dve godini. Imaat dva sina i dve kerki. Doznavme deka vo 1991 godina dedo mi svoevolno go dal na poklon stanot na edniot vujko bez potpis od baba mi i drugite tri deca (stanot e steknat vo brak na dedo mi i baba mi, a vo dokumentite go pisuvase samo dedo mi). Majka mi (ednata kerka) podnese tuzba na vujko mi za nuzen del od stanot od polovinata na baba mi odnosno 1/8 od stanot. Dobivme odgovor deka bil pominat period od 20 godini i deka deloto zastarelo. Ve molam za praven sovet sto ponatamu, bidejki mi dadoa informacii deka delata od ovoj tip ne zastaruvaat?? [mod-kirilica:3mj0ompt][/mod-kirilica:3mj0ompt]
pravo na nasledstvo Има ли некој договор за доживотна издршка помеѓу баба ти и дедо ти? Ако нема или ако има и е раскинат, тешко дека нешто може да се напраи. Со нашата куќа беше исто само што баба ми ставила потпис, па после тоа никој ништо не можеше да напраи, случајот застарува, треба не знма таму во рок од 15 дена ли што како.
pravo na nasledstvo Dogovor za dozivotna izdtska ne postoi, znaci ima samo davanje poklon na stanot samo so potpisot na dedo mi. Baba mi ne e nikade potpisana, a spored zakonot, zatoa sto e steknat vo brak polovina i pripaga nejze. Nejzinata polovina bi trebalo da se podeli na 4 dela.
pravo na nasledstvo Застарен е случајот. За враќање на подароците заради намирување на нужен дел треба прво подарокот да бил даден 90 дена пред смртта на во конкретниов случај дедо ти (или во последните 90 дена од животот на дедо ти), а барање за да се врати подарокот може да се бара во рок од 3 години од смртта на дедо ти како оставител. Значи застарено е побарувањето, прво подарокот не бил даден 90 дена пред смртта на дедо ти (нели како што кажа бил даден 1991 година), а и поминат е рокот од 3 години.
И јас имам големо право на наследство.Од 3 големи куќи ни една соба,ама Господ гледа па враќа.... Па врв на тоа што не сум видела досега во куќата на мајка ти да несмеееш да отидеш во др соба....ццц се пореметил светот...
Погрешно го насочувате оној што прашува. Тоа што Вие го наведувате претставува повреда на нужниот дел, и доколку истиот е повреден со тужба може да се бара враќање на подароците сторени во последните 90 дена од животот на оставителот. Точно е дека во конкретниот случај не може да се иде со таква тужба, меѓутоа во случајов имаме нешто друго. Бабата не дала СОГЛАСНОСТ !!!! иако се работи за имот стекнат во брак, а го отуѓил само дедото !! Во конретниот случај ќе се оди со тужба во која ќе се бара УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ НА ДОГОВОР ЗА ДАР!! (Правото на поднесување на оваа тужба не застарува) !!!!!
Прво не наведувате дали бабата е сеуште жива. Во овој случај ќе мора бабата да поднесе тужба во која како тужен ќе се јави дедото, и со која тужба ќе се бара УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ на договорот за подарок, бидејќи е склучен без нејзина согласност дадена пред Нотарот кој го солемнизирал договорот (ова е пропуст и на самиот нотар кој НЕ СМЕЕЛ да солемнизира ваков договор без согласност на двајцата брачни другари) затоа што се работи за имот стекнат во брак. Затоа одма поднесете тужба пред надлежен суд да се утврди дека таквиот договор е ништовен и не произведува правно дејство, а по правосилноста на пресудата, тој имот ќе се врати на име на двајцата брачни другари и ќе може да се наследува согласно правилата за наследување !!!
Но овде треба да се има во предвид фактот што бабата знаела за склучувањето на договорот за поклон и не се противела за цело време односно бидејќи не се противела се смета како да е согласна со дарувањето, многу битен момент што може и да не доведе до утврдување на ништовност на договорот за поклон заради немање на согласност од другиот брачен другар или во конкретниот случај бабата. Како што разбрав бабата е почината.
Точно така, меѓутоа немаме доволно информации дали е почината, доколку не е , а не била согласна има активна легитимација за поднесување на тужба за утврдување на ништовност на договор за дар, доколку е жива а е согласна нормално нема да ја поднесе тужбата. Доколку е почината а не дала согласност наследниците ќе бидат активно легитимирани за ваква тужба, а товарот на докажување за тоа дека БИЛА СОГЛАСНА ќе падне врз спротивната странка (и ќе биде многу тешко тоа нешто тие и да го докажат)!!! со оглед дека не поседуваат писмена согласност !!!
дедоми е починат одамна(ќе да има 7 години) бабами е уште жива(џеврие не и е рамна).Имаат 5 деца-3 ќерки и 2 сина. Таткоми(едниот син)не знаеме каде е поточно исчезнат е. Една од тетките е почината пред 1 година. Целиот имот уште гласи на дедоми и сакаме да го поделиме. Ме интересира кој има право на имотот поточно дали синот на тетками која е почината има подеднакво право како и јас. Како иде таја цела процедура за делење колку време и колку ќе чини отприлика цела процедура. И ако знаете повеке во врска со ова... добродојдена ми е секоја информација
Доколку нема тестамент, имотот се дели на еднакви делови помеѓу членовите ос семејството од ПРВО КОЛЕНО. Доколку некој е починат, неговиот дел го наследуваат неговите деца.
Ќе ве молам за совет, се работи за следново: Три деца, две сестри и еден брат живеат на различни адреси, но братот има лична карта на адресата на куќата на таткото. Куќата се состои од 2 стана од кои едниот го држи братот, а во другиот живее мајката која има 84год. Пред 10 месеци почина таткото, а нема тестамент. Која е постапката за поделба на наследството и кому што би му следувало? Ви благодарам
Поднесуваш барање со умреница за оставинска постапка во суд. Судот ви одредува нотар. Нотарот ќе ве повика да доставите документи, да не ги набројувам сега. На вдовицата и следува половина од имотот, а децата односно другата половина се дели на тројца. Воглавном е тоа, е сега постојат варијанти. Вдовицата да го отстапи нејзиниот дел на едно од децата или на сите тројца подеднакво. сите да се откажат во име на еден итн. Уште ова, нема врска кој на која адреса живее на сите ви следува подеднакво.
Ме интересира од кој датум се засметуваат последните 90 дена, дали од денот кога е склучен договорот кај адвокат или од датумот кога е солемизиран кај нотар, од причина што откако ќе се потпише кај адвокат договорот поминува околу 30 дена во градско собрание за утврдување на данок, па после се заверува кај нотар, од кој се засметуваат 90 дена од денот на склчувањето или од денот на солемизацијата?
Ако мислиш на повреда на правото на нужен дел, се враќаат подароците направени во рок од 90 дена пред смртта на оставителот. Значи битен е датумот на смртта, се што е дадено како подарок изминатите 90 дена пред смртта. Договорот за подарок може да е склучен и порано, ама ако е реализиран/солемизиран и упишан во јавните книги во тие 90 дена е опфатен. Јас го сфаќам така.
Кога договорот е склучен Член 18 Договорот е склучен кога договорните страни се спогодиле за суштествените состојки на договорот. Солемнизација претставува потврдување приватна исправа од страна на нотарот, односно давање правна сила на приватна исправа. Преку оваа правна работа, нотарот со своја заверка на приватната исправа ѝ дава сила на јавна исправа, односно потврдува дека содржината на исправата е во согласност со волјата на договорните страни и дека тие своерачно ја потпишале. Пак не ми е јасно, каква е судската пракса.
Според закон тој е моментот на склучување на договорот, ама за да добие правна сила и да се спроведе истиот потребна е заверката/солемнизацијата на нотарот (во минатото судот). Значи иако страните го склучиле договорот, се дури не е потврден од нотар истиот не произведува дејство во правниот промет.