Мојот татко почина пред 2 дена.Мојата мајка е почината пред 19 год а татко ми се прежени (венча) со друга жена пред 7 години.Јас имам уште еден брат.Татко ми живееше со неговата втора жена во посебен стан на негово име. Дали јас и брат ми имаме право на неговиот имот (незнаеме дали има оставено некаков тестамент или дали постои некој друг документ (како договор за догледување,поклон или било што).Трошоците за погреб ги сносевме јас и брат ми (дали тоа има некакво влијание за прво на наследство). Молам за совет.
Нормално дека имаш право и ти и брат ти, ама и неговата сегашна жена. Значи целокупниот негов имот ќе се дели на три дела. Ова зборам доколку нема тестамент, и збориме за законско наследување прв наследен ред. Ќе добиете покана сите наследници, тоа сега оди преку нотар, ама судот одредува кај кој нотар ќе биде случајот. Вонпарнична постапка. Мислам дека нотарот го отвара трстаментот доколку го има, порано ова се идеше преку суд, ама во последните измени сите овие постапки се делегирани на нотарите.
Наследството ќе се дели на три дела. На неговата сопруга, твојот брат и тебе (освен ако нема тестамент). Мислам дека треба да ја покрене некој постапката кај нотарот инаку ќе се изначекате. Не сум сигурна ама препрашај за таа работа.
Најбитното не сум го кажала, алал да ми е, браво @anina Сум сретнала на многу места низ литератирата дека оставинската постапка иде по службена должност. Е сега треба бараење за оставинска постапка т.е Цитирано од слична тема на форумов, btw има 10 теми за оставинска постапка можеш да прочиташ убаво и таму.
Да имотот ќе се дели на три дела, на тебе, на брат ти, и на неговата сегашна жена. Инаку да почива во мир татко ти.
Потомците и сопругата на починатиот се наследници од прв законски ред. Тие имаат право на наследство на оставината на починатиот. Оставината на починатиот е целокупниот имот со кој располагал починатиот во времето на смртта, односно оној имот кој е запишан на негово име во Јавната книга во Катастарот на недвижности. Ако починатиот располагал со сметка на свое име во некоја од Банките и доколку постојат расположливи средства на сметката и тие влегуваат во имот на починатиот. Освен недвижниот имот( стан, нива, деловен простор или било која површина која добива третман на недвижност) и подвижниот имот - возило, работна машина и сл. а чија сопственост може да се утврди од сообраќајна дозвола или дозвола за поседување на работната машина, во имотот влегува и оставината со која починатиот располагал во текот на животот на пример по основ на Договор за дар, ако евентуално е повреден законскиот нужен дел на некој од наследниците, но во тој случај ако некој сака да вара враќање на подароците мора да се направи во одредени законски рокови од приемот или стекнување сопственост на подарокот, кое пто е регулирано со Законот за наследување. Потребна е консултација со адвокат. Вие( братот, сопругата ) конкретно сте законски наследници и нужни законски наследници во случајот и имате право на наследство на имотот на починатиот татко. Надлежен за водење на оставинската постапка е Нотарот на чие подрачје е запишан имотот на починатиот а овластен за иницирање на постапката е Судот на чие подрачје е запишан имотот - предмет на оставинската постапка. Судот добива информација и доказ за смртта на лицето од Управата за водење на матичната книга на умрените, кој е должна службено да ги достави до Судот. По покана од Нотарот , законските наследници даваат наследнички изјави, на прашањето дали се прифаќаат или не за наследници на имотот. Нотарот испитува кој од поканетите е присутен и со личната идентификациј го утврдува вашиот идентите а потоа е должен да го утврди имптот на починатот притоа читајќи ги податоците за имотот и сопственоста односно сосопственоста на имотот. Ако во текот на постапката се појави спорно прашање а спорно прашање може да се појави меѓу наследниците во однос на големината на делот од имотот , ( внимавајте можете да ја оспорувате големината а не и правото на наследство) На пример не се согласувате со делот кој би го наследил брачниот другар затоа што сопругата уште додека билжив таткото располагала со дел имотот , но не може да биде спорно нејзиното право на наследство, да се тврди дека нема право на наследство заради тоа што била една година или две години во брак, затоа што тоа право Законот и го признава. Исто така и брачниот другар може да пријави поголем дел ако смета дека учествувал со пари или труд во надоградбата на станот или куќата. Евентално ако станот е запишан на име на двајцата брачни другари, тогаш во оставината ќе влезе само 1/2 делот кој припаѓал на починатиот, па тој дел ќе се дели на три еднакви дела односно на онолку дела колкав е бројот на законските наследници. Или некој од наследницитњ смета дека има поголем дел во имотот затоа што учествувал некогаш со труд или средства во имотот на починатиот. Во тој случај Нотарот ја прекинува постапката и ги упатува наследниците на Суд се додека се разреши тоа спорно прашање. Овие се само примери од праксата за појаснување на некои ситуации. Задача на нотарот не е само да утврди кои се наследниците на починатиот, туку и колкав дел кому му припаѓа и сето то го утврдува во Решение кое го доставува до секој од наследниците. Не сум сигурна за рокот на жалба дали беше 8 или 15 дена од добивањето на решението. Можат правниците да ме корегираат или да ме надополнат
Алал да ти е,татко ти починал а ти одма на интернет...Јас да бев на твое место не дај боже во кома ќе паднев немаше на ова да ми текне ич..Се дели на сите,и на жена му,но повеќе права имате ти и брат ти.
A sto bese toa tolku vazno koj gi platil trosocite za pogrebot? Deca ste mu sramota e toa da go kazete, ve ranel, ve poel, ve skoluval, ve mazel, zenel.Ste potrosile 1500 Evra, a drzavata 1000 ke vi vrati. Ova ti go kazuvam zosto ovde ne te znaeme, a se brukas kade te poznavaat.
Ако ги прочитате другите мислења на членот ќе видите дека не е во добри односи со татко му. Не избрзувајте!
Сите на различен начин се справуваат со трагедии. За жал откако ќе почине човек мора да се направат и некои вакви формалности.
Tuka ne se raboti za tatkoto, dali si bil vo dobri odnosi ili ne, se raboti za nasledstvo po tatkovata smrt. Tatkoto si otisol, se deli imovina so ostanatite. Verojatno najveke ke bide pogodena soprugata na nivniot tatko. Ubavo e od kurtuazija da se poceka nekoe vreme. Imovinata nigde nebega, ama covecnosta zasekogas ostanuva.
Ne te karam, nego da si kazam. Koga sum uspat da si kazam deka koga pocina covekot so koj edniot od roditelite ziveese po smrta na drugiot roditel, znaci mene ne mi e roditel nitu sum ziveela den so toj covek, Jas bev taa sto plativ polovina od troskovite za pogreb. Seto toa vo znak na blagodarnost, sto bil nekoj so mojot roditel za seto toa vreme. Ubavo e da pravime mali dela za lugeto okolu nas, kamo li za bilbioloski roditel.
По мене, сопругата има право на имотот само ако е стекнат за време на брак. Доколку е така, тогаш таа има право на 1/2 (својот дел од заедничкиот имот) и на 1/3 од делот од сопругот. Ако ова не е точно мочете да се влечете по судови и да спорите и да се надмудрувате. Секако, зависи што ви е целта и какви се односите.
Хмммм, имав случај во фамилија. Целиот имот си го добија децата, а сопругата остана без ништо бидејќи цел имот бил пред она да дојде. Доби дел од заштедата, затоа што придонесувала тие х години.
Абе дечки нас работата не ни е да морализираме, туку да дадеме совет и да помогнеме од правен аспект. Кој како и кога треба да се грижи за наследство не е наша работа. Темата сепак не е за дискусија туку за правна помош.
Тетин ми е починат одамна а тетка ми остана самохрана мајка на две малечки деца. Заедно имаа само автомобил кој го задржа тетка ми. Откако починаа родителите на тетин ми, на суд беа повикани и мојата тетка и децата кои веќе беа полнолетни. Затоа се осудив да коментирам бидејќи сум сигурна за случајов
По смртта на сопружникот, наследствотото се дели ккао што објаснила погоре @FridaKahlo. Сопругата има право на дел без разлика што станот бил купен пред нивнот брак. По ново и невенчани заедници имаат право на наследство после смртта на едниот од партнерите ако живееле заедно. @kukla21 твојата приказна е навистина за зачудување, не знам кој е тој судија или пак ако е скоро нотар направил таква катастрофална грешка.