1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на наследство

Дискусија во 'Правни совети' започната од genkisi, 12 март 2015.

  1. keti85

    keti85 Нов член

    Се зачлени на:
    8 април 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    I jas sakam da prasam slicno kako prethodnoto prasanje,Mojata majka pocina pred edna godina,tatkomi sega zivee so druga zena,se sto poseduva tatko mi e steknato so mojata majka ,dali vo slucaj na brak, zenata so koja sto zive ke ima pravo na nasletstvo kolku I mene
     
  2. vale.t

    vale.t Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Ве молам да ми одговорите на едно прашање: имаме покренато оставнинска постапка за имот од покојна баба.Наследници сме јас и брат ми(татко ни е починат), две тетки(ќерки на баба ни) и чичко(син на баба ни).Меѓутоа чичково како дете бол посвоен од неговите чичко и стрина и го носи неговото презиме.Дали и тој има право на наследство од баба ни, бидејќи од разговор дознавме дека ако е посвоен нема право на наследство.
    Се надевам ќе ми одговорите,
    Поздрав- Тина
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.577
    Се изедначуваат посвоените и родените деца. Има право на наследство. Вие две ќе добете по една осмина од имотот (ти и сестра ти).
     
  4. farmagotka

    farmagotka Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Според нов закон од 2017 година мора да биде присутен адвокат на расправата кај нотарот.
    Дали е тоа и во пракса така или сепак може нотарот самостојно да ја заврши постапката?
    Загрижена сум за финансиските трошоци, претпоставувам со присуство на адвокат е многу поскапо?
     
  5. Поддршка Права

    Поддршка Права Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Секој има право на наследство , ваше е дали ке се прифатите за наследник/ка или нема да прифатите.
     
  6. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми каже за наследство поголемо кои се процедурите
    Имав прадедо во Турција кој работел. Имал пари на сметка,на што како сега да се решавале сите напуштени девизни сметки и откриле дека и тој има пари
    Сега скоро ме контактира една жена како раководител на банка и која вели дека тој немал жена и да точно е нема деца и дали сакам мене да ме пријави за наследник. Искрено мене ми е страв бидејки не ги знам баш добро работите,па некој ако имал вакво искуство нека ме посочи
     
  7. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Доколку станот е купен на кредит 2016 година(мојот сопруг), а законски сме се венчале 2018 година и се уште се плаќа кредит(сопругот повторно), а јас не сум дала ништо за тоа, дали се рачуна како брачна стечевина или не?
    И како се наследува тогаш? (откако ќе се исплати се разбира, и што би било ако на сопругот му се деси нешто а не е доисплатен?) имаме едно дете, плус он има уште две
     
  8. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Станот ќе се смета како посебен имот на вашиот сопруг освен ако не се докаже дека и вие учестувате во отплаќањето.
    Во наследна постапка вие може да барате издвојување на 1/2 идеален дел доколку докажете дека станот е отплатуван од средства стекнати во текот на бракот, во спротивно станот ќе биде оставина на вашиот сопруг и ако нема тестамент или договор за доживотна издршка или договор за дар итн., тогаш ќе се наследува подеднакво односно вие, вашето дете и другите две деца на вашиот сопруг ќе наследите по 1/4 идеален дел од станот.
    Ако се случи нешто на вашиот сопруг додека трае хипотеката со прифаќање за наследници сразмерно секој од вас (сите наследници) ја наследуваат хипотеката (долгот) во рамки на 1/4 доколку некој не одлучи да се откаже од наследство, или биде искличен од наследство итн.
    Претежно се склучува животно осигурување за сиот износ и ако се случи нешто на вашиот сопруг тогаш осигурителното друштво го плаќа станот во полн износ и вие како наследници не должите ништо.
    Ова е накратко што можам да одговорам за подетално ако ве интересира пишете ми порака.
     
  9. Mateas

    Mateas Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2021
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    592
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сакам да прашам за поделба на недвижност (стан).
    Истиот припаѓал на лице што е починато повеќе од 30 години.
    Во документите како наследници се водат неговата сопруга (почината пред 10 год), неговиот син (кој живее во тој стан целиот свој живот) и неговите 2 сина (од претходен брак со друга жена).
    Дотолку повеќе, во текстот стои и дека имало склучено договор за доживотна издршка помеѓу оставителот(примател) и неговата сопруга(давател на издршката).
    Прашањето ми е дали двата сина од неговиот претходен брак со друга сопруга имаат право на дел од станот или дог.за доживотна издршка се смета за доволен за да бидат исклучени од наследство?
    Благодарам...
     
  10. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.400
    Пол:
    Женски
    Здраво незнам дали е за тука прашањето но ако не е слобоно нека се преместви во друга категорија вака за наследство од подвижен имот која е процедурата ги имаме документите за доделување но ме интереисра за легализиција која е постапката