Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице за времето поминато во работен однос, за кое се уплатувани придонеси од задолжително социјално осигурување и тоа: – во работен однос со полно работно време; – во работен однос со неполно работно време, пресметано во полно работно време; – во работен однос на определено време (сезонска работа) подолго од 40 часа во неделата, ако тоа време му е пресметано во работен стаж и – за работа во странство. Право на паричен надоместок не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: – давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; – спогодбено престанување на работниот однос; – остварува права од работен однос спротивно на закон; – престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; – неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; – престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавач за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; – одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; – одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавач во согласност со закон; – одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавач, што му се обезбедува во согласност со закон; – губење на работната способност согласно со прописите за пензиското и инвалидското осигурување и – исполнување услови за остварување право на пензија. Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот согласно со закон, колективен договор и договор за вработување и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеца, а за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца, а за преостанатото време 40% од просечната месечна нето плата. Надоместокот не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката, објавена за последниот месец. Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува: 1) еден месец, ако има стаж на осигурување најмалку девет месеца во непрекинато траење или 12 месеца со прекин во последните 18 месеца; 2) два месеца, ако има стаж на осигурување над 18 месеца до две и пол години; 3) три месеца, ако има стаж на осигурување над две и пол до пет години; 4) четири месеца, ако има стаж на осигурување над пет до седум и пол години; 5) пет месеца, ако има стаж на осигурување над седум и пол до десет години; 6) шест месеца, ако има стаж на осигурување над десет до дванаесет и пол години; 7) седум месеца, ако има стаж на осигурување над дванаесет и пол до 15 години; 8 ) осум месеца, ако има стаж на осигурување над 15 до седумнаесет и пол години; 9) девет месеца, ако има стаж на осигурување над седумнаесет и пол до 20 години; 10) десет месеца, ако има стаж на осигурување над 20 до дваесет и две и пол години; 11) единаесет месеца, ако има стаж на осигурување над дваесет и две и пол до 25 години и 12) дванаесет месеца, ако има стаж на осигурување над 25 години. На невработеното лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија, паричен надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настапувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок. Паричниот надоместок на невработеното лице му припаѓа од денот на престанокот на работниот однос, ако невработеното лице поднесе барање до Агенцијата кај којa е уплатуван придонесот за вработување, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос. Правото на паричен надоместок на невработеното лице му престанува ако: – заснова работен однос; – основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице; – врши занаетчиска или друга професионална дејност; – одбие да се јави кај работодавачот ако е упатен од Агенцијата за засновање работен однос; – одбие да заснова работен однос кај работодавачот ако го упатилa Агенцијата. – одбие вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на неговото образование, знаење и можности; – одбие обука, преквалификација или доквалификација која одговара на неговата стручна подготовка, знаења и способности или по своја вина ја прекине обуката, преквалификацијата или доквалификација; – исполни услови за стекнување право на пензија или оствари право на пензија; – невработеното лице од страна на надлежен орган се затекне на работа, е работно ангажирано или врши дејност спротивно на закон; – ја загуби работната способност со денот на утврдување на изгубената работна способност. – неоправдано одбие привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично) од страна на надлежен орган кој организира акција за отстранување на последиците или за нивно спречување; – одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; – одбие вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од неговата, а ако непосредно пред да остане невработен, со своја согласност, работел на такво работно место или изјавил дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; – отпочне издржување на казна затвор, подолго од шест месеци; – не се јавува во Агенцијата во утврдениот рок; – не се јави на покана на Агенцијата од неоправдани причини; и – не ja извести Агенцијата во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок. Невработеното лице на кое му престанало правото на паричен надоместок може да го оствари тоа право ако повторно ги исполни условите за здобивање со право на паричен надоместок, со тоа што во стажот на осигурување не му се пресметува времето поминато во работен однос пред примениот последен паричен надоместок, освен на невработеното лице кое по престанокот на последниот работен однос има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување на право на старосна пензија.
Супер што сте ја отвориле темава, баш имав некои прашања и недоумици. Работам речиси 4 години во приватна здравствена установа. Докторката ми наговести дека од Нова Година „ќе затвара“. Веројатно ќе го изгубам работното место поради отказ од деловни причини, популарно речено ќе станам технолошки вишок. Е сега, според горе напишаното од членката, значи ли тоа дека три месеци ќе имам право на паричен надоместок? Ако сум земала плата 10.000 денари, ќе ми следуваат 5.000? Ве молам некој ако знае или има искуство со ова нека помага Благодарам.
@NajMila2 Да ,ќе имаш право на 3 месечен надоместок во износ од половина од платата на која си пријавена, но само ако ти дадат ( обичен ) отказ или фирмата отиде во стечај, а не ако ти си дадеш отказ лично, ако потпишеш спогодбен отказ или те отпуштат поради непочитување на некое од правилата во фирмата.
Здраво. Дали некој знае по кој основ следува паричен надоместок при напуштање на работа? На страницата на трудот имаат објаснето во кои случаеви не следи.
Само еднаш има право да се користи оваа парична помош или може пак и ако претходно пред некоја година си ја искористил?
Здраво, кој е поупатен по ова прашање да замолам за одговор, на пријателка пред месец дена и кажале дека ќе и дадат отказ, односно нема да и го продолжат договорот кој истекувал за месец дена. И дале документ на кој пишувало спогодба, набрзина го прочитала и потпишала. Истиот не бил потпишан од директорот бидејќи во моментот не бил во државата. Откако се распрашала и сфатила дека не требала да потпише реагирала кај HR от зошто раб однос не и е прекинат по основ на истек на дог за да може да користи надомест од завод, добила одговор дека тоа било само известување да знаела да си бара работа и дека секакони следува 3 месеци надомест од завод. Вчера била да ги подигне документите за да оди во завод и хаха биле сменети, место спогодба на документот пишувало одлука во која убаво е наведено зошто и се прекинува раб однос и дека и следуваат сите права законски како невработено лице. Прашањето ми е зошто сакале да и подвалат спогодба? Што губи работодавецот ако неа раб однос и е прекинат по истек на дог и може да користи 3 месеци надомест од завод? Зошто се оди на варијанта спогодба? Ако не реагирала, претпоставка е дека ќе и подметнале спогодба.