Право на помош

Discussion in 'Правни совети' started by Dafinka_Te, Mar 31, 2015.

  1. Dafinka_Te

    Dafinka_Te Нов член

    Joined:
    Mar 31, 2015
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Пред извесно време почина мојот свекор со кого живеевме во заедница.Мојот сопруг не е вработен а јас сум вработена во јавна установа.Ме интересира дали ми следува парична помош од установата каде сум вработена.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    За умирање на член на семејство се даваат 15 000ден но си поднесуваш барање во Министерството под кое си т.е работодавачот и чекаш пари кои легнуваат после 2-3год. Под член на семејство се мисли на твои мајка, татко, недај боже дете, сопруг но не сум сигурна за свекор. Мислам дека не, затоа што претпоставувам го рачунаат фамилија од второ колено, како што се тетки, стрини, баби, дедо итн.
    Знам личност која зема за смрт на нејзина мајка.
     
  3. atala

    atala Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2011
    Messages:
    1,164
    Likes Received:
    940
    Gender:
    Female
    @Dafinka_Te твојот сопруг иако не е вработен има право да земе опремнина од неговиот починат татко,т.е. твојот свекор бидејќи тој бил пензионер.Нека поднесе барања во Центарот за социјална работа во градот во којшто живеете и му следува опремнина од 30 000 денари при што треба да поднесе извод од матичната книга на умрените за татко му,негов извод од матичната книга на родените и лична карта од татко му и негова лична карта,како и лекарски извештај за причината за смртта на татко му.Знам за сето ова бидејќи ние така земавме опремнина кога починаа моите баба и дедо.