1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прага (Чешка)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Ana3567, 19 јули 2015.

  1. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Прага
    (чешки: Praha) ( Prague Czech Republic ) е главен и најголем град на Чешката Република и 14 по големина во Европската Унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот е воедни и главен град на Средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеке од 1000 години Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат претседателот, владата, централната власт и ограните на Врховниот суд. Покрај тоа, во Прага се лоцирани голем број на други канцеларии и е централно место на единиците на локалната самоуправа. Исто така во неа се наоѓа седиштето на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верси и други здруженија на национално ниво во Чешка.

    За да ја достигне сегашната форма, Прага се развивала 11 векови. Како историски град, некогаш беше место на чешки кралеви и цареви, на германски и римски императори. Исто така Прага беше и главен град на Чехословачка. Во моментов има површина од 496 км² на која има 1,4 милиони жители. Во 2004 година (влезот во Европската Унија) биле одбројани приближно 2 милиони жители. Прага е економски развиенаи богата област со исклучително висок стандард на живеење, и со тоа се издвојува не само надвор од чешките туку и од европските стандарди. Според статичките податоци на Евростат е шестиот најбогат регион во Европа. ХДП по жител изнесува 172% додека во просекот на ЕУ, ХДП по жител изнесува 80%.

    Прага се смета за еден од најубавите градови во Европа. Историскиот центар на градот со уникатна панорама на Прашкиот замок, најголемиот замочен комплекс во светот, кој е наследство од УНЕСКО. Историскиот центар на градот како и многуте атракции го прават привлечен градот за многу туристи. Од земијите на целиот свет во 2007 година, Прага ја посетиле 4 009 000 туристи, што го прави еден од најпосетените градови во Европа. Во 2006 година се наоѓа на 8 ранг од најпосетените градови во Европа. Потоа во 2007 година на 7 место. И во истата година се наоѓа на 19 ранг на најпосетени градови во светот.

    Сте биле ли некогаш? Кои се вашите впечатоци?
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас бев на ескурзија во април, во Прага бевме сместени (Топ хотел).Меѓу Виена, Прага и Дрезден највеќе Прага ми се допадна.Во замокот бевме, на плоштадот, во црква една, на мостот.Прекрасна архитектура, полно со луѓе (Кинези воглавно:D) многу убава енергија имаше целиот град.Пивото е прекрасно, поефтино и од вода е таму.Кога бевме во една пивница (У Војводу така нешто беше, ако ве носи патот натака најефтина е во цел град) земавме некои колбаси, специјалитети за чудо некое беа многу вкусни а не изгледаа така.Накај 200 круни плативме за порција и 2 кригли пиво, тоа се негде 4 евра.Кога менувате пари барајте една менувачница до Њујоркерот голем на два спрата, само таму даваат по 27 круни, секаде по 25.Има и пазар многу интересен, сувенирите се доста ефтини таму.Има и доста Балканци што си работат таму, сретнавме македонци, срби, бугари.Марихуаната е легална, и има црнци што дилаат на сред плоштад по ненормална цена за туристи.Алкохолот е доста ефтин, како кај нас нешто, цигарите се изгор.Дозволено е пушење внатре по ресторани и дискотеки.Обавезно одете на крстарење по Влтава.
    Ако сакате шопинг да направите, одете до Дрезден накај 2-3 саати е пат ама е ненормално ефтино, поготово во Примарк.И таму има што да се види, ама ние кога бевме по пат ни врнеше снег, а таму дожд истураше, така да ништо скоро не видовме.
     
  3. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Дали може да се плаќа во евра или само со коруни?
     
  4. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев и на неколку места што плакав не се плаќаше со евра , ние таму си разменувавме
     
  5. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Јас бев на ексурзија пред две години и многу убаво си поминав ми се свожаше највеќе што е легализирана Марихуана!!!
     
    На ♡Vildana♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Oд сега, картите до Прага за крај на септември се 95 ЕУР во два правци, со бесплатен багаж. Тоа е слично како Wizz.

    Користам https://www.kiwi.com оти имаат директен договор со ЧСА, и се поевтини од ЧСА за некој 5-10 еур. Инаку одличен сајт за поврзување на два лета, ги вклучува и сите low cost компании. Гарантираат поврзан лет и меѓу фирми како Wizz i Austrian [​IMG]
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marche12

    Marche12 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    ste go videle ova ??
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Годинава одиме на екскурзија и сме сместени во хотел "Уно" со три ѕвезди. Викаат дека имало интернет само долу на рецепција, а не во собите. Некој да не имал искуство со овој хотел?
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Какво е времето во Прага во март?
     
  10. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.182
    Пол:
    Машки
    Живеам одреден период во Брно Чешка. За сите што ви треба информации поврзани со Чешка слободно прашајте или пишете.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Колку би потрошило едно лице за храна месечно? Дали се отворени за странци? Со англиски како се? Гледав една стипендија, за месец дена престој, ама се двоумам дали воопшто да аплицирам. Сега со инфлацијата веројатно и таму е оган и пламен. За Прага мислам.
     
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Многу ја сакам Прага, и Чесите каде и да ги сретнам се секогаш фини и пријатни.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    888
    Пол:
    Машки
    Дали има директен лет Скопје-Прага
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.284
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ја посетам Чешка ,Прага по точно
     
    На daylight и Аргентина * им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    И јас ти посакувам да ја посетиш што поскоро :hug:, нема да се разочараш.
     
    На hermosa и daylight им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Купи си тродневна слободна (ја викаат јизденка, важи 72ч.) цената е 330Kč (околу 850 ден.) и прошетај ја долж и попреку цела Праха со метро, трамвај, автобус... плус важи и за кабловската железница на Петржин (рид кој им е нешто како градски парк). Мераци!

    п.с. обавезно набави си мапа на градот во некоја книжара.
     
    На Alex.T, Tanjamm и hermosa им се допаѓа ова.