Скопје - Братислава лет е најлесно, после или со воз или со автобус до Прага. Имаш лет Тирана - Прага или Ниш - Виена, Солун - Виена или Солун - Братислава. Можеш и до Германија од Скопје, Берлин или Нирнберг, па после исто воз или автобус. Има и директен превоз од МК со неколку превозници со автобус/комбе ама трае предолго и е напорно.
Имам одено преку Франкфурт. Еден лет Скопје-Франкфурт, втор лет Франкфурт-Прага. Инаку, можеш до Братислава или Виена има директни од Скопје. После со воз до Прага е околу 4 саати според Гугл Мапс. Друга опција ти е автобус Скопје-Софија, од Софија има директни до Прага.
Темава не е баш активна, а Прага веќе извесен период ја има како опција со директен лет од Скопје. Верувам дека доста веќе биле. Ако има некој да сподели искуство што да се види дополнително од веќе познатите знаменитости и предлог сместување би било одлично
Музејот е убав и голем. Има многу различни делови што може да се видат. Има дел за Кирил и Методиј (таму се гледа колку има значат и колку се значајни за сите Словени), има и дел за социјалистичкото време што е исто супер. Ако имате време прошетајте до островчето на реката таму се локалците и качете се на Вишеград замокот.