За трпење не сакам да трпам, не го сакам тоа чувство кога чекам да помине. (зборам за поголеми болки, не обична главоболка) Под број 1 нормално забоболка до праг на полудување. Имало момент кога не помагале 3-4 апчиња и сум вриштела затоа што беше празник и немаше никој присутен да ме спаси од мизеријата. Од кога го искусив ова, најдов добар заболекар и 2 пати во годината сум си редовна. На никого не посакувам таква болка. Под број 2 кинење на лигамент од повреда. Иако е моментална болка не боли цело време ама на секое мрдање на коленото таа болка мава во мозок дури и автоматски те праи неподвижен. Можеби пораѓај ќе ги избрише со коректор овие две... ќе видиме.
Праг на толеранција на болка -1. Не се секирајте и пред време пијам апче коа осеќам почетна главоболка.
Не да се фалам јачам нешо ама болка трпам последно не памтам нешо тешко болка да сум имал и да ја памтам и чим за забар се плашите да се надоврзам ја си заспав од умор на столица не се шалам озбилен сум
Зависи за што. Веќе 10 години како имам мигрени со аура, на периоди почесто, на периоди поретко. Кој има мигрена со аура знае дека е многу болна, но и дека самата аура ти дава знак дека ќе ти настапи мигрената. Во тој случај, бум еден ефридол и мирна глава. Ако е обична главоболка (без аура), не пијам секогаш апче. Забоболка трпам, и вадење заб исто не ми е проблем, боље да ме боли 10 секунди додека да се извади забот него да се бафтам со разни лекови, заболекси, дробен парацетамол на забот, тинтири-минтири. Стомачна болка исто трпам, ама гадење не можам воопшто. Неколку пати имав гастритис, и болката ја трпев, ама кога ќе преминеше во гадење тогаш посегнувам во апче. Инаку и како мал, не се плашев од инјекции, а ниту денес. Друго да чукнам во дрво не ме болело... сочувствувам со сите други вас.
Трпам болка прилично многу. Најјака болка до сега ми било до камен во бубрег. Е тоа не се трпеше. Стварно досадно и јако боли. Породилните болки нула ми беа во споредба со тоа. Малку поблаги од менструални. Е завршив на царски и по 12 саати станав. Исто не беше страшно, само знам имаше во другата соба една која не сакаш да стане после царски два дена наводно многу ја болело.
Чекај малце, аура е она коа пред очи пред да почне главоболката, имаш као треперење на некои као фигури ли се шо ли се, не знам како да ги наречам и после следи главоболката и повраќање? Повраќање и гадење не мора секогаш ама често присутни се. Ова од дете ме мачи уште, дури тогаш пречесто ја имав. Па ја снема неколку години, после пак ете ја, сеа иначе во годината неколку пати ми се појавува. Добро е што последниот пат за чудо не беше јака главоболката, немав ни гадење, обично знаеш и ти дека фаќа јако. Али она треперењето е прегадно чувство, јас поише од тоа се плашев, сеа веќе навика ми е и ништо, чекам да прекине. За околу 10 мин мислам проаѓа, дур извртат сите кругови и све мислам дека едното око е само погодено. Еве мене ни обичната главоболка не ми проаѓа без апче. Сум трпела ама не прекинува. Се тешам што стварно ретко ме погаѓа. Ќути, добро е што не се мигренозни болки кои траат со денови како што се жалат луѓе. Само па знам после да се осеќам ко камион да ме има прегазено после ваков напад, зависи од интензитетот. Последниов летоска се зачудив и ја, скоро неприметно пројде.
Вие што имате мигрена со аура поблага е болката пошто знаете дека следи глсвоболка после аурата, и можете навреме да се напиете апче да спречите. Добро е што од ефридол ти поминува. Мене никакво апче не ми помага. Обавезно си трае по 3 дена. И после болката сум цела мамурна. И пак нефункционална.
Зависи кој како ја доживува. Некад е појака, некад послаба. Некад стварно цел ден трае и покрај испиено апче. Дефинитивно не е ко обична главоболка. Така утепано и омалаксано се осеќам и јас откако ќе помине. Порано дека не знаев, чекав да помине целото срање со тие одблесоците, па да настапи болката и тек потоа пиев апче ама приметив дека не ми чини баш и се мачам подолго време така. Сега веќе одма чим приметам дека почнала аурата одма апче зиам и поарно е. Еве и мачнините, гадење и повраќање немам веќе, инаку беше обавезно тоа. Иначе да, позитивна работа е тоа што знаеме што не чека, ни алармира дека ќе почне ама гадно е бе многу тоа чувство, не можам да глеам убаво, заматено е све, ќе пребледам, омалаксам.. Добро е што ете не ми трае со денови, ти си знаеш како издржуваш.. Мајка ми има такви главоболки и иде да полуди, глеам како се мачи. Јака ви душа.
Дедо ми го имаше ова. Можеби имаш проблеми со шеќер,притисок,стрес,тироида,алергии?. Дали стоиш многу пред екран. Дали конзумираш алхохол кафе и стимуланси. Вака нешто?
Од невролошка гледна точка, болката се дели на брза и бавна, а со тоа и различни типови на неврони се вклучени во преносот на информацијата до кортексот. Пример за брза болка е забодување на нож во прстот, а за бавна болка пример е главоболка и слични болки кои најчесто не се толку локализирани како брзата болка. За брзите болки прагот на толеранција е многу низок. За бавната болка, зависи, најчесто може да се толерира.
Прилично висок праг на толеранција на болка имам ова се однесува на се освен на главоболка ,имам мигрена па ако не се напијам нешто на време после нема начин да си помогнам .
А во Лондон не ти пуштаат сестра туку сам да одиш во вц и да се тушираш. вечерта во 7 беше царски, сабајле ме скорнаа на нозе да одам да капам. Мачно беше многу, ама помина, после тој ден веќе полесно беше за движење.