Дали ви смета кога ке дојде празник отидете некаде а околу вас мажјаци пијаници, скари, јадење, дерење, мене ми е бљаккк или сметате дека е во ред да си слават така
Оти темата е во политика и настани? Инаку, не ми е во ред да се влечат како полжави и да кршат се живо. Тоа е знак за примитивизам и само на Балканот го има.
Мене ми е second hand embarrassment кога ќе отидам на празник/матурска/слава/веридба и кога ќе почнат да кршат, да пцуваат, да се лигават и си станам и отидам. Исто и во дискотека. Онака со друштво некаде собрани и пијанчење ми е океј. Сум била. Ама, на места каде има повод за славење и каде има мали деца вакви скандали одбегнувам. @Bratot сум била во други, западни земји па не сум видела вакви работи. Може има, ама јас не сум сретнала лично.
Ме нервира тоа што најчесто славите се злоупотребуваат за пиење и кога се пали оганот пред Бадник се собираат околу него и пијат.
Затоа што нема празник, т.е. слава да помине без политички муабети, критики, па дури и караници и препукувања
Нека се пијанчат, ама да не претеруваат. Ужасно ме иритира дерење, глупирање, кршење, и сл. Особено на свадба. А и по слави го има тоа. На една свадба кај што била моја пријателка, еден од гостите толку многу се напил што почнал да се качува по масите, да се дере, да крши чаши и шишиња...Ужас. Ја упропастил свадбата.
Ми пречи кога верските празници им преставуваат повод за пијанчење и славење а празникот треба да се дочека во мирна и домашна атмосфера како што наложува религијата.
Не ми смета, секој на различен начин ужива во прославите, се додека нема инциденти како тепање и слично е океј. Доколку ми смета гужва и галама нема да одам на такви места.
А што па само мажјаци? Демек жени не го прават ова? Општо избегнувам прослави со многу луѓе каде што знам дека ќе има галама без разлика дали машки или женски ќе урлаат.
Единствено што ми смета се досадни прослави. И секако кога има инциденти од типот на тепачки, тоа веќе ги преминува границите.
Ногу ми е језиво лани бев на црква празник беше нешто не е битно кај точно седнале 10 мажи на клупата пиење, пеење, голи нагоре се соблекле, а кутрите жени седат на страна пијат сокче со децата и ги гледаат и веднат глави од срам
Ако мислиш на празници ко Први мај, Втори август и слично, не ми сметаат доколку не прават неред, ама со оглед на тоа што прават, да ми сметаат. Не сум јас тука да кажувам кој колку да јаде и пие, ама не се должни туристичките и излетничките места да трпат поради твојот ќеф и некултура.
Ужас оваа тема ја отворив бидејки сум изреволтирана онаа недела бев со шатор еден пијаници мочал до шаторот имаше како ливада близу до една црква... Ужасно меришеше и морав да си одам од таму за да спасам "жива главa"
Нека се пијани кој колку сака се додека не се дере, не крши, не знае веќе да почитува личен простор на другите па оди се гушка, да се бацува. Тогаш веќе во сељачизам преминува. Пукање на свадба со пиштол или чаше ломим руке ми крваве значи вакви работи ми се За први мај нема да коментирам околу ѓубриштата Ама ете, каков си внатре така правиш и надвор