Нека пијат. Нека се изнапијат. Нека им тече низ уши и низ стомак. Ама викање дерење кршење е нешто што највише мразам. Тогаш тестаменти отвараат. Тогаш правда делат.
Или кога се докажуваат кој е поголем јунак во пиење. Па соблакање маици, мочање кај стигнат, чукање по маси на прослави, кавги со музичарите затоа што не им ја отсвириле песната, тепачки...да не набројувам какви глупости имам гледано. Да му се згади на човек. Темава би можела да се преименува во Прослави.
Кај нас најчесто празниците се повод за пијанчење. Проблем е што тогаш почнуваат да ги искажуваат своите политички погледи некако поагресивно
Затоа не одам на слави, имендени, и сл. Маж ми оди да слуша прикаски. Коса ми се крева кога ќе се спомне тема политика.
А демек само мажјаци пијани има? Девојки никако. Иначе мене не ми смета се додека некој лично не претставува опасност за мене. Додека не ме напаѓа или нешто слично кој што сака нека прави.
А да почне да ти се обесува за врат и да те лигави? Или да треска глупости? Ма не се нормални некои. Има граница во пиењето. А не да се прават јунаци.
Епа тоа реков, се додека мене лично не ме замара некој и не ми досаѓа ок е, на своја маса кој што сака нека прави.
И јас така викам. Да не се претерува. Ако сака некој нека испие 5 шишиња пиво, ама нека не малтретира. Некои не знаат за доста.
Јас не пијам алкохол, освен некогаш чашка или две, повеќе од тоа никако, не издржувам Не ми пречи ако другите пијат, се' додека не се нападни или агресивни. Не сметам дека е потребен алкохол за добро расположение, ама они си знаат
Некои луѓе стварно одат на прослава или Нова Година за да се начукаат. Дури ни празниците не знаат со какво значење се. Важно им е да пијат. Не знам што е убавото во тоа...нека ме просветли некој...
Просто и едноставно е, алкохолот опушта, без него некои се многу стегнати и не можат да се забавуваат, не знам што е толку тешко за сфаќање
Зошто? На празници на пример нова година има такво социјално очекување дека ќе излеземе и ќе си поминеме лудо, е некои не можат да дојдат до тоа чувство без алкохол. Заради социјален притисок да се вклопиш во атмпсферата на празникот
Нова Година ајде ќе речеш добро понела не еуфорија,ама за Бадник,Велигден ? Велигден нели споени и ги слушам едни како едвај чекаат да дојдат тие 4 дена да се направеле ,,камен,,. Малце е глупо
Постеле 7 недели и сега да се испуцаат Нема врска. Прашањето беше зошто луѓего посегнувале по алкохол за добро расположение кога можело и без алкохол. Може кај некои, кај некои не може. Нема ништо дискутабилно