Турбофолк- океј, ама има убави српски песни од пеачи кои се над оние за кршење чаши у кафани. Плус, алкохолот е навика. Кој го пие, ќе го пие секогаш кога го има на дофат, безразлика дали има повод или не. Тие што не уживаат во него, нема да го пиат под нос да им е. Не е услов за забава.
Шо ти треба, тенџере со компир манџа? И јас не знам како може некои личности како онаа Луна Џогани да ја нарекуваат пејачка, ама то е.
Јас не слушам српска музика и ако не се напијам воопшто не ми е интересна прославата. Еве назад пишале дека за електронски журки да си поминеш убаво треба да си на не знам што. Јас на ништо не сум и супер си поминувам. Ни алкохол не ми треба.
Ај не можиш на сите да му вратиш дека сегде има. Седенките без осет кај постара генерација мажи се типично балкански. И нормално дека сегде ги има ама дека типично балкански е и дека во секое семејство имаш некој ваков - имаш. Инаку не, тој конкретниот шо веќе не иди кај мене дома е среден долго време зошто луѓе од овај калибар не толерирам воопшто. То не ги менва сите останати со менталитет на грав шо опстојуват со вакво однесување доминантно на балканот. Доминантно не значи само таму. Морам да ти нагалсам јбг. Луѓе шо се она шо објаснав шо го окарактеризира ти како „драма“ го прат јавно, кај шо сметат на луѓе со кои не се ни познават. Луѓе кај шо го прат ова ко ќе одат на гости и на домаќино му е срам да му речи ( мистерија ми е зошто срам али ај). Ова е секојдневие, мислам кудос ако старите околу тебе кои не можиш да ги избришиш туку така не се такви, ама на поќето баш вакви се. И зато го викаме „балканското“. Пак, да да да да знајме дека сегде има. Сите овие страни релативизираш. Не само кај нас. Не само мажи. Умерено е океј. Сегде е вака. Се слави со алкохол. Се веселат луѓето. Со мувата на капата си, или? Никој не ти зема тие работи. И да сака не можи. И ова шо ги плукам идиотите, не ќе престани да ги има. Уште долго ќе ги има. И пак ќе те прашам, која ти е поентата? Ги браниш, ги плукаш? Не те сфаќам. Средината во муабетов е нормална и прифатена ама мислам после еднаш ја сфативме и никој не ја оцрнува.
Е што ви сметаат луѓето де што си се веселат, па на турбофолк, е на што да пијат друго Дур не се претера у стил повраќање, кршење и сл. ништо страшно е сеа којшто слушал, пеел, викал ама стварно не е ничива работа (до 12 на полноќ) И онака за што се друго празници
Де, де, се' па нешто ви пречи вас. Сеа и прославувањето ви падна во око. Изнајмете си куќа на планина и не ги гњавете останатите, аман. Како сакам, така ќе прославувам. Сакам ќе се удавам во алкохол, сакам ќе ја поминам цела вечер со сокче. Се дури не правам штета на други луѓе, никој нема право да ми приговара како и шо славам.
Јас многу ретко слушам српска музика, а кога слушам обично се конкретни песни кои ми се допаѓаат и не се од тие "кафанските". Други не сакам да слушам, и не слушам. Ако има некаде музика што не ми се допаѓа, излегувам/менувам просторија/ си одам. Било турбофолк журка, било која друга. И не ми треба алкохол за да се забавувам. Верувам не ти треба ни тебе, туку едноставно кога си на забава сакаш да испиеш неколку чашки алкохол оти тебе на тоа те асоцира. И тоа е во ред, кој сака ќе пие алкохолен, а кој сака безалкохолен пијалок од понудените. И не знам кој заклучи дека за да уживаш во техно треба да си напијен или хај, ептен тапа и лесно паѓа во вода коментаров. Еве јас не сум склона кон никаков порок, и можам да уживам во било каква атмосфена која прави да се чуствувам комотно, па и забава со техно музика и слични.
Мислам дека членкава првично напиша за луѓе кои прават инциденти и се неподносливи под дејство на алкохол, е после се измешаа работите и испадна дека им фали нешто на луѓето што сакаат да слават со алкохол. И збориме за сите прослави општо или конкретно за празници ко што пишува во насловот? Многу повеќе логика има да се зборува генерално за прослави од било кој тип.
Мислам дека погрешно се разбравме. Турбофолк и српската музика ги земав за пример бидејќи најмалку ги слушам и ги знам, ама еве и пред карантинов бев на роденден(журка), на која се пуштаа македонски песни кои не ги знаев и едноставно не се пронаоѓав во атмосферата. Не пиев на роденденот и целата вечер се утепав стоејќи додека сите играа. Доколку се поднапиев верувам дека супер ќе си поминев, бидејќи кога пијам музиката речиси никаква улога не ми игра.
Јас те разбирам. Кај мене не е српска, но музиката што обично се пушта во дискотеките тука ич не ми лежи. Кичерај. Но она не ми е (нај)важна, ниту пак интејк-от на алкохол, туку друштвото со кое сум таму. Ако ние се забавуваме заедно, лично не ми треба алкохол дури и тие со и околу мене да пијат, а и музиката доаѓа секонд за 1-2 часа оти ние ќе играме како ќе ни одговара додека сакаме. После или се местиш, или одиш дома. Ама ако не ми е убаво, не можам да се опуштам, немам расположение, џабе и музика, и алкохол. Мене нема ни да помогнат, ни да ми одмогнат. Посебно алкохолот, оти просто не го можам. На тој што ќе го пие ќе му помогне, затоа што такво дејство има. Но повторно, нема да има врска со типот на музика, туку со целата атмосфера на таа забава. Мислам, исто збруваме, само што ти поентираш на цела конкретна музика(во случајов српска) дека е нетолерантна и тебе те тера да пиеш. А јас велам дека има песни што се убави, и иако за тебе можеби би биле не толерантни и се тригер за пиење, тоа не(ма да) се однесува на други. Т.е. не ЦЕЛАТА.
На сите не, само на тие шо се љубители на алкохол, а глумат лудило и напаѓаат "колеги" алкохоличари За тебе можеби се без осет, но не ти седат дома на твоја имовина па да можеш да им кажуваш шо да прават и како да слават, ако не ти одговара слободно напушташ терен и крај приче. Ова кога ќе прочитам маа балкански менталитет ова она јас тоа не, ми алудира на она истото јас не слушам српска музика ( повеќето не разликуваат дали е српска, босанска или хрватска) а на прва собиранка и маaалку алкохол ги вези од прва до последна сите, жал ми е за такви чоечиња шо се принудени да глумат луд, збуњен, нормалан. Кузне кај шо домаќини имаш одено кога го дозволуваат ова и вакви драми како шо ги пишиш цело време, јас до кај шо сум одел и одам вакви тешки испади немало. Ај да ти поедноставам кога веќе не чактисваш, ги бранам тие шо сакаат како сакаат нека слават и се веселат, а ги напаѓам насилниците. И да секаде ги има, тоа е факт.
А,бе,не е муабетот за луѓе што си имаат мерка и осет,туку е за оние што немаат. Поентата на секоја прослава е сплотување и споделување на среќа,на радост,а не да се дерат луѓе ко мали невоспитани деца и да летаат чаши и флаши наоколу и ради тоа да се повреди некој,и/или да му се уништи денот/ноќта на некој.
Празник пред се, алкохол не пијам или многу ретко да не кршам атер итоа со мерка и никогаш не сум се доведел во лоша ситуациja, пијанството и алкохолот мие одбивност.
Празниците се повод за пијанчење само за тие што алкохолот го гледаат како неизоставен дел од некоја прослава и притоа немаат контрола во пиењето. Досега не сум видела некој да се напие до степен да прави проблеми, единствено да повиши тон и да се расправа за политика.