По разговор со повеќе машки, а и доста девојки кога се во прашање нивните партнери најчесто слушав дека машките и не сакаат премногу бакнување кое не води кон нешто повеќе (секс), и дека најчесто после споделување на страсни бакнежи очекуваат дека ситуацијата ќе премине во нешто повеќе. Доколку нема простор за такво нешто, а ниту желба, истите не се заинтересирани за разменување на долготрајни бакнежи. Што јас се зачудив бидејќи отсекогаш сум сакал разменување на бакнежи, во секоја прилика, без притоа да инсуинирам на нешто повеќе. Дали вие практицирате со вашите партнери бакнување секогаш кога можете да се бакнете, а знаете дека ќе остане само на тоа? Уживате ли во самиот чин на споделување бакнежи или тоа го гледате само како појдовна точка за секс?
Не значи дека ако се бакнуваме мора да дојде до секс..за мене тоа е глупост... Има ли нешто поубаво од маратонско бакнување, галење, гушкање...и на крај од умор да си заспиеш до него(неа)? За мене тоа е многу побитно него самиот секс, интимноста во тој момент за мене е на повисоко ниво и од самиот секс..
Да! Партнерите треба да се спојат на повеќе начини, не само со секс. Бакнежите, гушкањето, галењето, се начин на споделување нежности. Не е само сексот. Јас практикувам. Дури некогаш со часови дремеме дома гушкајќи се и бакнувајќи без да имаме секс, се дур не заспиеме. Во секоја прилика гледам да ја бакнам, без притоа тоа да заврши со секс. Како што е сексот потреба, така и бакнежите се потреба во секојдневниот живот
Сакам да се бакнувам или гушкам со некого дури и да не резултира со секс тоа. Па и пред да сме имале прв пат однос сме се бакнувале и гушкале со некој/а, зашто да не и после.
Најголем дел од нашите бакнежи не водат до секс. Немаме секс секој ден, но секој ден си разменуваме бакнежи, некои пократки некои подолги. Повеќе ми значи гушкањето и бакнувањето, разменувањето нежности отколку сексот (не дека тој не е ич битен). Секој би требало да можи да се бакнува без тоа да доведе до нешто повеќе.
Многу сакам да го бакнувам дм а он мене уште повеќе ама кога сме искочени не му дозволувам баш затоа што ќе ми го размачка карминот.
Па поентата е уствари дека мужите не сакаат да трошат време на лапање, ако нема секс потоа со жени кои не им се официјално пратнерки, такозвани ебачици, швалерки, девојки за една вечер. А у врска најголем дел од времето го прават тоа од култура.
Практикувам бакнување, странствено, одма се осеќа дали го прави од култура или од што мора или со кеф, повеќе ме возбудува тоа, а и ми се чини имам некое awkward чувство, на безвеза ако само се ебеме без бакнување повеќе од 3 минути.
Па, според она што го слушнав од муабет, многу од нив дејствуваат овака или пак ми кажаа дека искусиле нешто овакво, што за мене беше малку шокирачки, затоа и ја отворив темата да чујам мислења... Дали ви се случило некогаш да бидете "одбиени" за бакнување, да го прават тоа чисто онака од досада или пак кога ќе го "одбиете" партнерот при страствено бакнување за нешто повеќе да прекине со лапањето?
Со мм на дневна база разменуваме кратки бакнежи во поминување, украдени се гушкаме но не се лапаме пред децата, страствените бакнежи кога остануваме насамо воглавно завруваат со секс после кој повторно си се гушкаме и бакнуваме и заспиваме..
Мене ме одбива за бакнување само кога ми е лута. Ама после кога ќе се смири пак доаѓа да ме бакне Па ако му е желба само да ја легне, ќе гледа само сексот да е добар и после ќе ја џитне. Но, ако се во врска и има ЉУБОВ тогаш нема да гледа само да ја легне, туку ја сака постојано, не само во кревет. Ако е врска, но НЕМА ЉУБОВ, тогаш можно е тие бакнежи да ги прави од култура како што викаш. Ај така е редот, ќе ја бакна
За малце погрешно ќе разберев. Да, не мора да се мисли на секс за да се бакнеш Е сеа некогаш се бакнуваш па намерно нели за да имаш секс.
Еве на пр. Кога бевме на 16 +- години. Тогаш секс немаше. Сега не се знае кој кого ебе. (Да ми извините) е во тоа време сите од моето друштво имавме дечковци и излагања и заебанции бакнување лапање шлапање мување.... И сите тие врски траеа по околу година дена и ниеднаш не се завршило со секс па ете сме останале живи некако. Па и во брак ко ќе се нема време можност за секс ќе се "подрапаш" така со бакнување пред спиење оти нели некогаш кај некои парови и децата спијат во иста соба со родителите па така да... Во глобала многу случаи има каде не мора секое бакнување да заврши со секс.
Искрено не верувам на луѓе кои во врска мора секој бакнеж да води до секс. Интимност не е само секс и да бидат голи еден пред друг, туку и вакво долго бакнување и гушкање. Инаку го бакнувам во секоја прилика, некогаш еднаш, некогаш малце подолго, некогаш долго. А со личност која ти значи и еден бакнеж ти е преубав и го цениш.
Да. И повеќе уживам во прегратки него бакнежи. А дали според мажите секој бакнеж мора да води кон нешто друго? The fuck. Прв пат читам вакво нешто, а скоро 26 години имам. Не бацвам никој појќе. Ќе испадне дека само го залажувам.
Зар не е всушност ова најубавиот дел од врската? Да го гушкаш и бакнуваш и да си се галите онака. Мене вакви моменти баш многу ми значат. Како читам во брак не било вака, зар до толку љубовта „умира“ во брак, па се нема воопшто време за да се негува истата?