1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Практикувате ли бакнување кое не води кон ништо?

Дискусија во 'Секс' започната од Billy Idol, 16 ноември 2019.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    It's okay :D Сите со свое искуство, став и примери. Воопшто не ми пречи, баш напротив убаво што се разви дискусија. :)
    Си имам дома пример на скоро 20 годишен брак, исполнет со огромна љубов, внимание а и по толку години сé уште не забораваат на битни денови и моменти, а и баш не гледам дека имаат некој монотон живот и се трудат да ја оддржат таа "искра", ни па заборавиле да се изненадуваат и да си посветуваат време, па одбирам да верувам во пример кој лично го гледам и го доживувам секојдневно и да одберам да верувам дека ќе имам брак од тој тип. :)
     
    На NoirSerpentine, glosipgirl, Maša8 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.063
    Никој не рече ништо.
    Нека ужива.
    Тоа е дел од созревањето.
    А и реално - далеку е од лошо, дури подобро од што си замислил, зошто доаѓаш од точка кога не знаеш што сакаш во точка кога знаеш точно што сакаш, а и самодовербата ти е стабилна.
    Но како и да е, како што децата треба да сонуваат, фино е и да го чујат искуството.
    У осталом, низ све тоа од тогаш до денес, имав фантастични искуства и и ја посакувам својата среќа од тие години по темава, зошто стварно ја имав и ја имам уште.
    Хармонија е се што прави да се осеќаш добро, а страста менува облик. А хоуплеа романтик ќе ја однесе во заблуда на многу пропаднати врски, мана во се и чекање на принцот на бел коњ. Кога немаш очекувања - добиваш ама баш се и повеќе од што си можел да замислиш.
     
    Последна измена: 18 ноември 2019
    На eliesaab, Tajnaotrovna, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Мрaчниoт aгoл :D Зaтoa збoриме, не дoзвoлувaм некoј нештo штo не гo рaзбирa дa гo идентификувa пo свoе. Пoштo не е реaлнoстa. Бaрем не зa сите.
    Некoгaш aкo сум рaспсoлoженa и aкo имaм време и aкo ми се пoгoди месечинaтa ќе нaпишaм еден текст, мoже и некoј друг aкo имa желбa, зa "дoсaдaтa" и "мoнoтoнијaтa" и нелaпaњетo и нередoвниoт секс и кoлку тoa имa или немa врскa сo љубoвтa и кaкo и зoштo се менувaaт рaбoтите и кoлку не е стрaшнo кaкo штo изгледa...aмa не сегa.
     
    На Tajnaotrovna, Lilit и Ordinary им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А нели љубов без секс не можеше?
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.857
    И книга да напишеш. Би ти ја купила.
    Ама знаеш како вели библијата, за се има време. И време за долго бакнување, и време за страст, и време за кратко бакнување, и време без бакнување... И ништо никогаш не е погрешно, ако тебе/мене/на едикојси му е погодено.
     
    На mal.ecka и Bridget им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.063
    Па тоа е работата, што искрата не се изненадувањата, а посветеното време е посодржајно од сега што ти се чини.
    Измеѓу има ствари кои не ги гледаш, а не се искажуваат со зборови, а нема ни да го дознаеш што интимно тие луѓе ги доживеале. Кризи од различен (не)љубовен тип кои пак ја тестираат љубовта, бледи погледи и загуби, тестови на издржливост да го држиш штитот над вас двајца кога едниот е ранет, ниту пак љубовта е секогаш забавна кога е таа вистинската. И така на така...
    The world ain't all sunshine and rainbows.

    Поентата е - на крај е многу повеќе од ова што кажуваш, но исто така е многу поубаво, поудобно, спокојно, повозбудливо зошто ти се менуваат целите и се фокусираш на други работи како заеднички дом, заеднички цели, лични цели, кариерни цели и све тоа компактно учите да го вклопите во секојдневието. Додека си млад мислиш дека све се реди зошто до тогаш логично течело само све, а љубовта е најнепредвидливото нешто. Ооо бејби... и те како не е.

    Ама до тогаш имаш еден со кој ќе кршиш чаши дур се карате, друг со кој ќе палиш кола у 12 за да играте по клубови, трет за да му изиграваш психолог, четврт за да те забавува и за да те сака, а ти него помалку, петти за да ти зборува паметно, шестти за да те тера на здрави навики, седми, за да те созрее и при тоа, осми, за да те дочекува во рани зори кога бегаш од тој кој не знаеш како да го откачиш, му заспиваш во скут, а тој пустиот ги собирал сите шноли кои ти паѓале од косата и ти ги чувал, деветти со кој имате ист вкус за книги и као она све те разбира, среќна си што ти е другар, ама не го сакаш. Десетти кој ќе ти изигрува фадр фигр, единаесети што ќе е супер, ама супер скржав, измеѓу ќе искочи и тој музички таленираниот и така натака. И сите можеш да ги сакаш на различен начин, речиси сите како другари, они тебе малку повеќе од тоа, да ти биде ем криво што ќе скршиш срце некому, ем убаво што си запознала некој таков прекраснец и не со сите да имаш ниту допир ( до душа, можеби и со ниту еден, ако си паметна), а камо ли пак повеќе, а све да си кажете, ќе научиш и дека страста е во умот и изговорените зборови, а не во хоризонталите и букетите.
    И после ќе ти дојде тој, со кој и меланхолијата е ко да правиш истовремено све како со сите набројани погоре, досадата да ти е ко да се возиш на ролеркостер и си перфектно среќна. И може да е збир од сите, а може и сосема свој и многу повеќе.
    Ееее младост...шоубава си беше.
    И ќе остане од сите тој некој еден на кој ќе му доаѓаат солзи ко ќе те види и кога ќе бидеш мажена и ќе става јавно зајдисонца кои ги лови некаде, како и маж ти кој ќе ти рече - ма мислам моево зајдисонце е боље и ќе те гушне.

    Преколоритен е животов. Гледај да искусиш се, ама не го очекувај ова што го очекуваш - зошто е многу подобро, но и болничко.
     
    На Monna.Monna, Lolipop23, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Абе темава е за лапање кое преминува у секс, читајќи ги ствариве ми се створи анксиозност сега, не бев ич спремна у категорија Секс да читам вакви ствари. :(
     
    На NoirSerpentine, glosipgirl, Anon и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    А луѓето што имаат само една врска уште од мали нозе и немаат вакви 11 типови да ги опишат? Шознам, пак ќе речам секој со своите искуства и мислења, сите имаме различна приказна, не дека не ти е точно ова напишаното само има многу кои што имаат сосем друго искуство... Како и да е, нема врска, секој пар е приказна за себе на крај краева.
     
    На NoirSerpentine, BlackMistery, Keiner и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Еве, Лилит веќе се "излилa", мене денoви ќе ми требaaт сaмo дa се спремaм :D Убaвo е дa се нaпише пoштo сите имaaт некaквa извртенa сликa зa туѓите брaкoви и врски врз oснoвa нa некoлку прoблеми штo се пoвтoрувaaт и се дoнесувaaт пoгрешни зaклучoци. Не декa ми е битнo кoј штo мисли нo кaкo текст би требaлo дa стoи. Универзaлен мoже немa дa е oти сепaк, секoј пaр си е пoсебен нa свoј нaчин, нo некoи рaбoти мoже пoдoбрo дa се рaзберaт aкo дoбрo се oбјaснaт. Или не.
     
    На Biljarkata и Lilit им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.595
    Допаѓања:
    18.776
    Пол:
    Машки
    Така повеќе го зголемува либидото, е сеа кој ќе потклене и по некое време ќе рече "не можам веќе да издржам".. :D
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.063
    Можеш да имаш другари и да имаш долга врска.
    И сите тие да ти дадат се погоре наведено. Ако ме прочита - не мора ниту еден од нив да ти биде дечко, ниту да се допрете, а да чувствуваш љубов ако срцето ти е отворено и си во врска со човек кој ќе ти ја почотува младалачката лудост, ама и ти неговата.
    Ова со долгите врски од беби денови... може да ти се деси да се разделите и пак да се сретнете. И не го држи тој булшит што ќе ти го кажуваат скршеното-лепеното, ваквото-таквото. Не се сите разделби такви од непомирливи разлики, каде што треба некој да се смени.
    Некогаш треба да стиснеш заби и да си дозволиш да пораснеш и да се сретнете надградени, ама имаш ризик и да сакате различни работи и да смените правци, што ќе испадне дека уствари правиот избор бил направен.
    Можам да кажам дека мене ми се случи тоа, нешто слично. Врска од година две и после годинки, аген. Нови, пораснати, различни, созреани, искусни, секој свој човек.

    Не би да зборувам за такви долги врски, оти... не сум баш за. Се случуваат во години кога се развиваш, ако се припоиш до некого, реалноста е дека никогаш нема да се осознаеш себе. Знам дека е тренд во Македонија тоа, не би да навлегувам, зошто ќе настане тепачка.
    Како да кажам... не верувам во долги, а стабилни врски. Да не те разочарам, неколку бракови од такви врски кои ги знам, се најклимави... некои од нив си простуваат неверства, ама после продолжуваат посреќни... како да ти кажам... навистина се е колоритно.

    Нејсе, бакнеж за онака, зошто па да не. Ваљда ја гаѓам темава, не е ваљда за некој рандом лик?!?
     
    На eliesaab, Shpagetta, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Дома е се совршено да, мама и тато се сакаат, се смешкаат пред децата, за тие да израснат во една "хармонична" средина, но реалноста може да биде далеку поинаква во спалната соба.
    И јас сум дете на мама и тато, нивниот брак можам да го идеализирам за совршен од она што го гледам низ секојдневието, но како деца гледаме онолку колку што тие ќе ни сервираат за брачниот живот.
    А у меѓувреме швалерки, швалери, им здосадил партнерот и сексот со годините, отворени бракови..

    Да не бидам оф топик. Да пишам пак за мокри гаќи ил не? :?:
     
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јако како од проста тема каде фино лепо може со да/не да се одговори, пошто е ствар на преференци, успеавте филозофии да раширите. :D
    Ми наликува на тема каде мајки се обидуваат на помладите да им докажат колку е тешко понатаму во животот и тие уште ништо не виделе, и седи сега ја вака да ти кажам...:D
    Мислам не дека не сте во право, со се што се дешава понатаму во животот, апсолутно сте, ама мислам дека се забегува од темата.
    Тебе само ќе те цитирам онака за пример. Пошто ем повозрасни сте, ем знаете дека реалноста не е розова, ем во отворен брак, а сепак си практикувате романтики. How cute.
     
    На NoirSerpentine, lovestoneddd, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.063
    Чешкањето поише од шлапањето.
    Потпишувам обе ручке!
    Зошто да не се зборува подлабоко? Кој ги постави правилата на темата? Зарем треба да се одговара само со да, не, можеби, што знам?
     
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Не дека постои правило, мене така ми заличе, како на тема 2+2 да се решава интеграл од трет степен.
    Како да се изврте темата во насока "понатака во животот е поинаку" а од друга страна се изјаснија и помлади луѓе дека скоро секогаш бацвање->секс, значи не сите млади се романтичари, еве и Вајлд како постара што ја цитирав- постојат и романтики во брак, и обратно, млади-романтичари и постари што практикуваат секс набрзинка и така натаму и понатаму, секому ко што му одговара, преференци.

    Хомо сапиенс примероци на различни возрасти, различно се изјаснија, што ме доведе до заклучок дека не постои правило за искуството, брак, врска, рана или доцна фаза, со деца или без, околу тоа дали некого бакнежи го водат кон нешто друго или пак се само чин на романтика, така да не би му кажала никому со сигурност дека понатаму во животот тоа би му се сменило.
    Подлабоката страна, сечија дефиниција за љубов е различна. Можеби во твојата дефиниција за љубов некој нема да се пронајде пошто неговата замисла и искуство не се толку длабоки, а и на постари години може нема тие длабочини да ги допрат, па може и да сретнеш некој постар од тебе а да не се препознае во она што го кажуваш.
    Се согласувам дека животот го менува човекот генерално, (околу ова и ми се размислува и ми се спие :D) ама од која во која насока се дешава промена сметам дека не постои правило. Индивидуално е, тоа е убавината во луѓето.
     
    На NoirSerpentine и Lilit им се допаѓа ова.
  16. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Бакнувањето е диригент на страста. Колку многу знае да ти каже, ако го вкусиш правилно. Колку пати сте се осетиле посакувано и незаменливо после врел и сочен француски бакнеж?
    Најубаво нешто во љубењето се бакнежите и допирањето на нечија коса. Страст и сензуалност, водилки во нова димензија, каде две души се едно, сплотени заради бакнеж, кој кажува толку многу. Исто ќе ти каже дали е пушач или не.
    Човек што не сака да ме бакнува не ме сака. Бакнежот денес е поинтимен од сексот. Ќе се слечат голи и ќе се задоволат, без вистинска страст и душевна поврзаност.
    Би се бакнувала, би ми кажало доволно за да сфатам многу работи.
     
    На eliesaab, Jas1976, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Зависи за какво бакнување се мисли. Ако е она кратко блиц цмокање у реду, се дешава. Ама пола сат лигавење а да не се зачини со ништо, богами не практикувам.
     
    На piksooki и oblace1 им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Ехе хе.
    Колку пати сме почнале а никаде не сме стасале. Ама да, практикувам. Он не е многу по лигавење, ама ми прави атерот:D.
    И порано практикував. Уште имам во сеќавање бакнежи од кои нозе ми се стресувале а од старт сум знаела дека нема да оди никаде работата. Ама за убаво било:D
     
    На Jas1976 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Мене ми се допаѓа тоа што темава завзема нови правци и откриваме нови хоризонти кои ние помладите уште не сме ги искусиле (иако јас далеку сум веќе од млад, сепак, учиш додека си жив).
    Кога ја поставив темава, никогаш не ја замислив како уште една сексуална тема каде може да се одговори со да/не, туку сакав да навлеземе подлабоко и да дискутираме баш од еден оваков агол и да зафатиме поширок спектар.
    И драго ми е што може да се прочита мислење од далеку поискусни членки или подобро речено од членки кои се во понапредна фаза од животот од другите. Нивните совети може да се грешни, може да бидат игнорирани, но мора да им се даде признание за она што го знаат и го зборуваат. Учи од паталец, не од гаталец.
    Верувам дека сите од нас овде не би сакале да имаме брак како што го опишуваат они, или бар не го замислуваме така и го романтизираме истиот, но не знаеме и не можеме да претпоставиме што ќе ни донесе иднината и како истата ќе влијае на нас. Убаво е да се прочита дека љубовта не е само бакнежи и галење во кревет, туку е нешто далеку повеќе. И не, не секогаш е убава, некогаш е и болна. А баш таа болна страна е онаа која не спојува подлабоко и не прави посплотени.

    Ја радо би читал километарски постови на темава и зошто вашите преференци се смениле со времето и созреале. Продолжете, ве молам.
     
    На WildMk, MarianaBT, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Размислував малку, и не ми се допаѓа баш насловот на темата...
    Знам дека не беше намерата да звучи, како што звучи... ама...
    Бакнеж кој не води кон секс, не значи дека не води 'кон ништо'.

    Води кон размена на нежности, лачење серотонини и допамини, и чувство на емотивна поврзаност :inlove:
     
    На Jas1976, jasbi, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.