Nad 20€ se plakja carina, a nad 40€ se plakja i danok. Takov e zakonot. Ke ti se javat od policija ili od posta da dojdes da si go zemes, osven ako ne si go zemale tie samite, kaj nas taka e...ako go bendisa, otide... sepak zavisi i od srekjata, moze nisto nema da ti pobaraat
Нарачани делови за компјутер од Германија, на нивниот сајт пишува дека се во Македонија и дека се на царина, дали има некој искуство колку време би требало од царина да ги донесат во пошта и колку време трае отприлика процесот додека да ги поминат на царина сите процедури?
Лани пратив едно писмо по пошта, препорачано и патуваше скоро 2 месеци. Ни во сон веќе праќање преку пошта.
Што значи препорачана пратка? Утрово поштарот ми доставил едно пакетче од Алиекспрес и картичка за препорачна пратка но не знам што значи ова.
Препорачана пратка треба лично да ти ја предаде, треба да се потпишеш, бидејќи не те нашол дома ти оставил картичка за да одиш во пошта сама да си ја подигнеш пратката (писмо или што и да е).
Имам една пратка што треба да ја пратам до Германија. Колку е цената до 2кг.? Или освен пошта кои се други, можам преку дхл?
Дали има некок искуство со ова: од Германија ни праќаат пакет како изненадување и не ни кажуваат, пошо демек требело да се изненадиме и не прашуваат за целосна адреса, напишано е име, презиме, улица, број на зграда, град ама без број на стан. Поминуваат 3 недели ни кажуваат за пакетот ама обично знаат кај што нема број напишано долу во вчезот да остават ливче со име и кога да се поддигне, такво нешто нема. Дечкиве не го пратиле препорачано и немаме број за пратење на пратката, дали е можно сепак да се најде пакетот во пошта со останатите податоци и дали пакетот доколку не се подигне ќе се врати на нивна адреса во Германија?
Мора да стигне. И јас сум нарачувала пратки на кои немало број за следење, ама кај нас може да касни и тоа по два три месеци, а може и некој да си го земал од пошта. Моментално имам две такви пратки кои каснат и ми рекоа не се стигнати уште. Ако има име и презиме, адреса и ти стигнала таа картичката, тогаш таму е, само каде...Ќе треба да поминеш од задниот дел од поштата каде што им се пратките па таму да прашаш.
Сум праќала и јас од Австрија за Мк и стасувале за најкасно 2 недели ама ми е проблем што немаме картонче, нити овие напишале број на стан, пратката е пратена со уште еден пакет за во друг град од Мк, они го добиле пакетот на 26ти декм, ептен чудно ми дојде..
Феминки,пратена ми е пратка од Шпанија, ми ја нема веќе 55 дена, пратена е без тракинг и не можам да проверам Дали каснат у Македонија пратките?
@ijana Нели е многу скоро 2 месеци за од Шпанија? Контактирај го испраќачот, прашај преку што е пратената пратката па потоа контактирај го тоа карго/пошта. Може и на нашите тука да им пишеш секако. Но, прво види дали можеш инфо од таму некое да добиеш. За доцнење, се зависи од каде е или до самиот сервис, што знам. Вообичаено се дава датум кога е предвидено да стаса. Досега немам искусено да доцни предолго од предвиденото. И пример, од Велика Британија ми има стасано за 3 дена. А од Кина ми е разбирливо да е повеќе чекање.
До 20 часот. Во сабота до 15 часот. Ако мислиш на таа кај Јане Сандански. А таа кај железничка до 19 и 30. За сабота не сум баш сигурна до колку работи.
Дечки, како се адресира писмо/плик На задната страна се пишува адресата од примачот, така? Не на таа напред кадешто се залепува пликот? А од испраќачот каде?
На задната да. Од испраќачот внатре во писмото или што и да е, не на надворешната страна од пликот. https://www.posta.com.mk/правилно-адресирање/
Јас обично запишувам податоци од испраќач напред, најгоре кајшто го лепам ковертот. Никогаш немало проблем. Секогаш пишувам "Од" и "До" пред податоците. Едит: Добро е да има адреса од испраќач во случај да треба да се врати писмото. А ако е препорачано, бараат во пошта да се напише и испраќач на ковертот.