Прашања за исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Hindsighter, 3 јануари 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Машки
    Повелете, кој е заинтересиран за оваа религија нека постави прашања, па јас или некој друг доброволец ќе се потрудиме да дадеме одговор. Би замолил само да пазиме при начинот на изразување и да имаме фина и етичка дискусија без поттикнување на било каква омраза или нетрпеливост.
     
    На eloves, fighter, Eli23 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    6.120
    Денеска слушнавме дека џихадистите повикуваат муслиманите да се борат на Балканот против неверниците. Да им ставаат отров во храната и со бомби да ги убиваат. Како муслиманите дома ги коментираат овие настани и овие повици на насилство?
     
    На Rama и Marick14 им се допаѓа ова.
  3. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    15.195
    Пол:
    Женски
    Islamot nikogas ne povikuva na nasilstvo zad ovie cihadisti stojat nekoj si treti luge ova nema vrska so islam ova go pravat za da ja ocrnat religijata, ako site muslimani bea takvi kako niv zarem i vo mk i sekade ima togas sekade ke imase ubivanje i eden kup drugi raboti, ova se gluposti nevideni koj znae koj se ovie luge i koj stoi pozadi niv ova nema vrska so islam , islamot povikuva na mir a ne ns ubivanje ova e strasno od nivna strana
     
    На Hindsighter му/ѝ се допаѓа ова.
  4. google

    google Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Па, обично дома ние си знаеме дека не се муслимани тие, бидејќи нашата вера вели дека да се убие еден човек е еднакво на убивање на цело човештво.
     
    На Eli23, papillonP, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    46.934
    На Rose96, theowndemon, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.924
    Кога ќе слушнам Ислам, мене ме потсеќа на Исламистите од ИД, Тероризам, насилство. Но не се сите муслимани такви, но за ваквите работи треба сами вие да им се спротиставите. Ние христијаните не сме ги измислиле терористите, исламистите и сличните.
     
    На Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Машки
    Мир вам.
    Ако погледнеме низ историјата на појавувањето на Исламот и биографијата на Божјиот пратеник Мухамед (нека е Божјиот мир над него) ниту еднаш верниците не поаѓале на војна како агресори, туку напротив секогаш биле во одбрана, па биле приморани да војуваат за да се одбранат од тогашните идолопоклонци (читај: The Sealed Nectar: Biography of the Prophet Muhammad peace be upon him). Кога против идолопоклонците, како најлоши во нивното верување не се водело џихад (во денешна смисла) и не биле нападнати, кои се тие неверници што живеат во Балканот против кои треба да војуваат муслиманите? Христијаните? Па Христијаните се верници, како што се и Јудаистите, како што се и сите други религии кои промовираат верување во еден и единствен Бог. Како да војувам јас со Христијаните кога Куранот ми вели дека тие се најблиски во вера со муслиманите, во Ел-Маиде 5:82 "... И сигурно ќе најдеш дека на верниците најблиски пријатели им се оние кои велат ‘Ние сме Христијани!’..." А во Балканот знаеме дека најбројните од верници се Православните Христијани. Значи одма паѓа овој "повик за џихад" во септичка јама само со аргументот на верници и неверници, не спомнувајќи уште многу други аргументи. Џихадистите кои повикуваат од Исламска Држава не се вистински џихадисти, тие се креација на Израелскиот Моссад и Америчкиот ЦИА (кој е заинтересиран нека истражи од каде ги набавуваат оружјата), и жал ми е за некои искрени муслимани кои се слепи и кои се приклучуваат во таа лажна џихад група кога знаеме дека целиот Исламски свет и сите зналци го демантираат ИСИС и ја опишуваат како подмолно понижување на Исламот како религија.

    Тоа е сликата што се креира за Исламот ако како единствен извор на информација за оваа религија се медиумите. Но медиумите нема да ви кажат за горенаведениот стих од Куранот што го цитирав. Не само што не се сите муслимани такви како што пишувате, туку мнозинството не се такви. Но тие нема да ви го кажат тоа. Не. Тие ќе ви ги прикажат сиротот малцинство на испрани мозоци кои имаат своја чудна интерпретација на Куранот (што е резултат на нивното незнаење и недостиг на образование) и ќе ви го соопштат како религија на сите муслимани во овој мил Свет. Приказната за терористите е веќе засебна тема, тема во која студентите од политички науки имаат шанса да нaучат што всушност значи терминот реалполитик и "пикањето носини" на разни држави, светски сили и придружни држави-сопатници во целата ова збрка (освен Русија, морам да признам). Но оваа тема е широка и за тоа може попосебно да се дискутира.
     
    Последна измена: 9 јануари 2016
    На ANGIE1, Eli23 и minne992 им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    6.120
    Стружанке сега не сакав да пукам. Сакав да видам што мислите за овие повици. Вашите верски лидери ништо не направија да осудат насилство. Во Македонија ИВЗ не направи ништо да се спречи оваа држава. Јавно никој муслиман не осуди убивање на немуслимани.
     
    На okcenzi и Rama им се допаѓа ова.
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.220
    О Боже, и муслиманиве имале фанатици по форуми. (facepalm)

    Ова болдираново, верниците на исламот никогаш не поаѓале во војна како агресори... дали тоа значи дека Турците седеечки од централна Азија го окупираа Балканот и нè држеа под ропство 500 години? Без да стапнат тука, ние Македонците тргнавме накај нив и со сила ги довлечкавме тука да ни бидат газди? :?:
     
    На ЈеленаЏиш, blackwave, Bojana.20 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Машки
    Мир тебе, пријателе. Да го опфатеше во болдираното реченицата од самиот почеток, ќе приметеше дека зборувам за историјата на појавувањето на Исламот, а не што се случувало по појавувањето. Од 610-та година (почеток на објавата на Исламот) до 1299 година (појава на Отоманската Империја) има кобајаги временски простор што си одлетал. Се надевам дека разбираш литературно македонски, а во спротивен случај не заборавај, секогаш постојат курсеви по македонски јазик за странци :)

    Нашиот верски лидер во најновиот Таквим за 2016 година:
    [​IMG]
    Со наслов: "Во 'државата' ИСИС нема ништо Исламско ниту пак Албанско":
    [​IMG]
    напишано од реисот Сулејман еф. Реџепи:
    [​IMG]

    И во многу други прилики во кои се има прононцирано, а за таквимот моментално ми текна бидејќи е најново. Од целиот Исламски свет имате осудувања за насилство и за таканаречени исламски држави кои немаат ништо Исламско во неа. Но не се постигнува ништо со осудување, потребни се мерки.
     
    На ANGIE1, eloves, Marick14 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.220
    Колку и да ме провоцира твојот сарказам да ти вратам со иста мера, морам да прифатам дека напишаното во овој цитиран пост ти е комплетно на место и ја разбирам твојата поента. По истиот принцип атеистите со години ги слушам како го напаѓаат христијанството дека е бездушна религија бидејќи ги дозволила крстоносните војни, и никако не можам да им објаснам дека тие не се христијанство, тоа е криминал, а христијанството во својата основа пропагира љубов, разбирање и пријателство, никако војна и убиства.

    Сепак, кога веќе темата е „прашања за исламот“, еве повторно те прашувам. Што мислиш, на што се должи тоа злоупотребување на исламот, на верата, на религијата и повикување на џихад од страна на некои поединци и истовремено, зошто муслиманите ги прифаќаат овие повици и одат во војна против кого било, независно дали е тоа во Азија, Африка или Европа.
     
    На okcenzi, faye, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    6.120
    Да истото прашање и јас го поставувам. Зошто толку муслимани се приклучуваат кон џихад ако не е исламско и зошто ниту еден верски лидер или влијателен муслиман не ги осуди овие дејства?
     
    На faye и Rama им се допаѓа ова.
  13. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Машки
    Секако дека ми е на место. Не сум крив кога не се знае да се чита нешто.
    Инаку интересно е кога велиш повторно те прашувам, кога претходното прашање нема никаква врска со ова ново прашање. Како и да е, твоето прашањето изискува долг и обемен одговор, но само ќе потенцирам дека недоволното и/или погрешното знаење и "background" игрите на светската политика се главни причини за овие случувања.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    6.120
    Добро ако сите велите дека исламот е мирољубива религија, како е можно секој терорист да биде муслиман?Каде е проблемот?Не читаат Куран или читаат ама си толкуваат како сакаат? Каде е домашното воспитување или да прашам какво е?Како може некој да отиде толку лесно во Сирија и да стане терорист?Каде е тука семејството да го одврати од таа намера?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.022
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Devojko, ne samo Islamot, tuku sekoja vera propoveda mir! Ako go proucuvas Islamot, pravi go toa so razumot, ostavi ja svojata opredelba I gorcina na edna strana, poso vaka ne gi sogleduvas realno rabotite. Kamo ti dokaz deka sekoj terorist e musliman?? Poso go tvrdis toa, valjda imas I dokaz nekakov? Vtoro, Islamskata drzava voopsto ne e toa sto se pretstavuva, toa e politika na dosta vlijatelni svetski sili I ima sosem druga namena, ama ti sekako ne go sfakjas toa.. Dzihad spomna taka?? Dali ti voopsto znaes sto znacit Dzihad?? Toa e borba na Allahoviot pat! Ama zavisit koj kako ja sfakjat taa borba? Eve na poednostaven nacin ke ti kkazam : pod borba podrazbiram sovladuvanje nad sopstvenata zelba da probam alkohol, da jadam svinsko, potoa da ne potkleknam na predizvikot da ne postam "denes" oti e mnogu zesko pa ke otidam na plaza, da najdam vreme, vo ovoj dinamicen nacin na zivot da se pomolam na Gospod, da mu se zablagodaram za sve sto mi pruzul, da odvrakjam brakja I sestri po vera koi zalutale po pogresen pat... Pod borba ne se podrazbira pishtol, pushka I bombi, ama sekoj so svojot pamet!
     
    На Rama, Rose96, Bender Rodriguez и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    6.120
    Тоа што ти го кажуваш е теорија, а праксата е сосема нешто друго. За доказ дека секој терорист е муслиман, не треба доказ, на сите им е јасно. Муслиманите секаде прават проблеми. Стигнаа бегалците во Европа и напаѓаат жени во Германија, бегалец убил жена во Италија, ја задавил.
     
  17. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.022
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Devojko epa toa vo sustina sto ti go pojasniv go propoveda Islamot, e sega ne navleguvam vo psihata na narodot, na tolkava masa lugje, vo svetski ramki, valjda ti e jasno ne moze da se deluva, koj kako sfakja, koj kako saka da sfati, na toa ne se deluva, ednostavno covek ako naumil nesto nitu edna religija, nitu kniga, ne bi go odvratila od namerata... Zosto mi zboruvas za Germanija, za Italija?? Prost primer, epten taze ke ti dadam : Zenata dadilka sto go tepase deteto, pravoslavna bese, zenata sto ja "cuvase" nemokjnata starica, a pritoa ja maltretirase, ja tepase, I pikase v usta valkani peleni, isto pravoslavna bese, od nasiot komshiluk, seto toa se desavase vo nasata drzava, dali Hristijanstvoto, kako religija go propoveda toa?? Si sretnala negde, vo noviot ili stariot zavet : Tepaj I maltretiraj deca, stari, bolni I nemokjni lica?? Sum gi procitala I so sigurnost tvrdam deka takvo nesto ne stojt nikade, nitu se opravduvat, kako vo Islamot, taka I vo Hristijanstvoto, sto znacit tie poedinci, spremni na takov zlocin, ne se vodeni od nekakva kniga, tuku od nivmite bolni umovi..
    Toa sto terorizmot im se prepisuva na muslimanite e politika na ogromni svetki sili, ti ne si so tolku otvoren um, za da go sfatis toa...
     
    На Capricorn96, Srce01, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    38.622
    ... (facepalm)
    Мене ме интересира за џиновите или како и да се викаа...
     
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    46.934
    Sto konkretno te interesirat za niv druze? :D
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.924
    Не ли ви ги крадат патиките кога ги оставате пред влезна врата?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.