1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања за исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Hindsighter, 3 јануари 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Па тоа е таа слика створена со цел да се оцрни исламот , ние го знаеме ама за сите да дознаат декА всушност 90% се лаги треба да им докажиш . мене мие мило кога некој се интересира да дознае нешто повеќе за нашата вера.. Всушност и јас сакам да го запознаам христијанството повеќе тука нема ништо лошо напротив се надоградуваш .. И радо би одговорила на сите прашања може за некои нема да знаам точно од книга одговор ама од тоа што сум го проживеала како муслиманка и општите знаења ќе бидам од помош .
     
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски

    Всушност, јас правам споредба од истражување спроведено во Босна, во 2006та година. Некогаш, некаде тоа се применувало, со одредена цел, не за да се пушти слика и да се оцрни исламот.

    Со огромна претпазливост и почит, се осмелив да ги повторам прашањата.

    Сепак, заедничкиот јазик на сите е љубовта. А тоа е најсилната врска меѓу сите нас.
    Фала ви @ANGIE1 и @Hindsighter .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Еве значи од срце баш мие мило имам многу пријатели христиани со кои де дружам и си се водам според сакај го своето почитувај го туѓото .. За се што сакаш слободно прашај се што те интересира и што можиме да одговориме ќе одговориме .. Само многу е битен начинот на кој се прашува ти прашуваш културно така ќе ти вратиме а има некои кои што прашуваат а више во главата и срцето се полни со омраза и што и да им одговориш толки се ограничени во мозокот узалуд ќе биде .. Нај битно е да се почитуваме нема вера што не го проповеда тоа . Поздрав
     
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Hindsighter, медиумите лажат дека џихадистиве мајката ја расплакаа на се живо и диво у Средниов Исток и пошироко?

    Коа више продаваш муда за бубрези, бар продавај со усул. :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Лажат и тоа само да знаеш како лажат. На големо, на топтан лажат. Сликата го објаснува тоа:
    power of media.jpg

    Сега твоето прашање е дали воопшто има џихад. Секако дека има, но прашањето се поставува тука дали тој џихад го претставува Исламот и дали е валиден џихад. Медиумите велат дека претставниците од ИСИС се навистина лошите момци, но тие се суннити, прави муслимани. Одма Х тука бидејќи тие се хавариџ (муслиманска секта). Руските медиуми од друга страна велат дека ИСИС се лошите момци, а Башар ал-Асад е суннит и тој е прав муслиман. И тука одма Х бидејќи он е алевит (исто секта) и неговите симпатизери алевити му се поклонуваат на неговата слика и декларираат дека тој е Господ. Доста муслиманско, да му се поклонуваат нему наместо на Аллах, така? Ако сеуште мислиш дека во ИСИС имало нешто Исламско, одговори на ова прашање:
    Тие не само што не го напаѓаат Израел што им е нивен комшија, одма зад граници, туку чак и објавуваат слики како ќе го освоеле Балканот тие. Малку чудно, да се претендира кон Балканот, а нивниот комшија кои се заречени противници на Исламот да го остават на раат, нели?
    Затоа целиот Исламски свет вели дека тие немаат врска со Исламот. Но дамата @Tanjamm сеуште инсистира дека никој не ги осудувал. Јас велам дека не си доволно информирана. ИСИС е креација на Израелскиот МОССАД и Америчкиот ЦИА и тука реалполитикот на светската политика игра многу значајна улога. Не е само отсекувањето глави пред камери. Има многу многу зад тој бекгроунд.
     
    На ANGIE1 и ADOKI им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Hindsighter

    Можеби џихадот не го претставува Исламот во целост, но начинот на дејствување доста говори за неговите начела.

    Не реферирав на ИСИС како таргетна група, туку на идеолошкото прифаќање на радикалниот ислам. А со тоа дека се ,,добри" момци, па и не можам да се сложам. Не негирам дека добар дел од терористите лажно се повикуваат во нивно име. Но, реално гледано факт е дека никој никогаш нема да успее да даде прецизен одговор на прашањето кој точно e инволвиран во сите оние терористички напади. Ти многу си ги поедноставил работите. Ги спомена Алевитите и хаваритите, кои се само религиски групички што оперираат на микро ниво, за разлика од Ал-Каеда која го има последниот збор.
    Не мислам јас ништо, само објективизирам. Инаку, се согласувам дека не ги напаѓаат бидејќи ги финансираат. Дури, најинтересно е тоа како Русија која може да ги срамни со еден потег е само мирен опсерватор во целата прича. :) Но, тоа не е никаков доказ дека во ИСИС нема нешто Исламско. Само појди во некое нивно училиште и ќе бидеш сведок на типичен ''brainwashing''. Ќе видиш како на еден родител од ИСИС детето постепено му се конвертира во џихадист.

    Само уште едно лажно сценарио, чија цел е да се поттикне страв и паника, бидејќи добро e познато дека преку стравот најдобро се манипулира. Впрочем, доколку навистина сакаа можеа лесно да се инфилтрираат на Балканот, но тоа засега нема да го сторат бидејќи немаат полза од тоа. Сешто можат е да предизвикаат повремени дестабилизации, како случајот неодамна во Париз и толку. Единствената наша грижа е што може брзо да дојде до асимилација, но тоа е веќе друга тема.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Знаеш, и јас можам да ангажирам некој атеист кој највеќе личи на Исус Христа да пушти брада, да се облекува како Исус и да излезе низ улиците на Ерусалим да си шета низ улиците. Дали ова го прави човекот да биде Исус или Христијанин? Начинот на претставувањето на ова лице доста говори за Исус, и тоа лице според неговото облекување и шетање низ Ерусалим доста го прави него да личи на прав Христијанин, но тој е всушност атеист.
    Истата аналогија важи и за Исламската Држава, која според некои (а не сите) нивни дејства доста личи на муслиманите, но тие немаат врска со Исламот како што атеистот нема врска со Христијанството, иако он личи на Христијанин.

    Во Исламот не постои нешто што се вика радикален Ислам, модериран Ислам, традиционален Ислам или поновото реформиран Ислам. Таа е една религија, Ислам, и не може да се менува или реформира бидејќи веќе е совршена вера, усовршена од пред повеќе од 1400 години од самиот Господ. Во Исламот имаш муслимани и немуслимани, како што во Христијанството имаш христијани и нехристијани. Ако зборуваме само за муслиманите, единствениот критериум со кој муслиманите помеѓу себе се разликуваат е според степенот на нивниот таква (свесноста Божја). А не радикален муслиман, благ муслиман, со калаш дома или без калаш дома. Таквата е единствениот критериум што совршената вера на Исламот го предвидува.

    И кога зборуваме за терористичките напади, истото важи и тука дека светските политики се вмешани во целата ситуација. Ако сакаш со други зборови да кажам, во филмот Crazy, Stupid, Love, актерот Steve Carell во еден дел вели: „It's a big game. Game. Creepy, creepy little game they play.“ Тоа е најточниот одговор за терористичките напади кои се случуваат. Истотака би додал дека Евреите Зионисти се главните актери кои стојат зад сцената на сите овие случувања. Тие дејствуваат во сите сегменти каде што моќта е највеќе консолидирана (светска економија, светска банка, Обединети Нации) и секако дејствуваат и преку америчкиот ЦИА и израелскиот МОССАД.
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    90% од терористите на исис што биле убиени .. Ги проверувале и ниеден не бил правен суннет.. Нема Муслиман што не е правен суннет . !!!
     
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Те мoлaм извoрoт нa oвoј пoдaтoк...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    јас би ве замолила за повеќе сериозност во констатациите :D,и обрнете внимание на прашњата што ги поставуваме
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    @peperutka87 Totalno se slozvam so tebe,poveli prasaj ako imas nesto,sto osobeno te interesirat.. :) Pozdrav
     
  12. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Слободно прашај што те интересира . тоа го пишав во врска со тоа дека тие терористи не се сите муслимани .
     
  13. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Оваа го слушнав од човек од таму кој што беше дојден во македонија за работа .. Случајно падна овој муабет и тој го кажа оваа ..
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370

    1. Баш ме интересира како тоа Русија е мирен осерватор на целата прича кога од вмешувањето на Русија во војната сириската војска врати и враќа територии? Нешто не се слага со приказната или читаме различни медиуми?

    2. Како Русија може да ги срамни со еден потег?
     
    На Hindsighter му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Може колку сака да враќа територии, Русија тоа сеуште не ја тангира. Располага со енормно количество оружје и артилерии кои би потпомогнале да се срамни нивната територија.
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Те прашав како може Русија со еден потег да ги срамни ИД така да би те замолил за конкретен одговор. Арсеналот и на Русија и на САД ни е добро познат, не мораме екстра да го дискутираме.
     
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Hindsighter, за поздравување е што си отворил темава, за едуцирање на луѓето околу исламот како религија и за вистините и заблудите околу него.

    Она што мене лично не ми се допаѓа е што за разбивање на еден стереотип „Муслимани = терористи“ се користиш со друг стеротип, а тоа е „Евреи = зло“.

    Реално, никој од нас не може со сигурност да тврди што точно или кој стои позади создавањето на Исламската држава – дали се во прашање религиозни фанатици, финансиски мотиви или странски држави, разузнавачки служби – или сето ова заедно. Тврдењата, како твоите, дека се одговорни ЦИА и МОСАД или САД и Израел како држави, се само шпекулации и теории на заговор, а јас лично – со теории на заговор не се занимавам.

    Само сакам да ти посочам дека со напаѓањето на туѓа нација или религија, со цел да ја одбраниш или оправдаш сопствената, не си многу подобар од оние кои го напаѓаат исламот. Ако исламот е религија која е на тапет последниве години, јудеизмот во истата ситуација бил илјадници години. Антисемитизмот е стара песна, слушната многу пати, а Евреите отсекогаш биле дежурни кривци, и искрено ми е мака кога сеуште во денешно време слушам секакви обвинувања за Евреите – од тоа дека се виновни за економската криза во светот, до последново, дека се креатори на ИД.

    Дали е ОК да ги напаѓаме Евреите само затоа што можеби во земјава (и на форумов) ги нема, па нема да се навредат од нашиве антисемитски муабети, односно дали треба да бидеме внимателни како се изразуваме само за муслиманите и христијаните, само затоа што тие религии се доминантни во државава? Секако дека не.

    Некој претходно многу убаво кажа – во основата на секоја религија се мирот и толеранцијата. Ниту една религија не проповеда насилство и убивање. Затоа, мислам дека е најдобро да ги оставиме генерализациите на страна и да бараме вина само во виновниците и никој друг.

    Ако припадник на одредена религија прави некакво зло, тоа не значи дека за тоа е виновна неговата религија. Ако припадник на одредена држава направи некаков криминал, не значи дека треба да се бара одговорност од неговата држава. И обратно, ако политиката на некоја држава е лоша, тоа не значи дека за неа треба да го обвиниме целиот народ на таа држава.

    Така да, да ја оставиме ИД на страна и да прифатиме дека нејзините припадници се „одметници“ од исламот, а темава нека си остане за прашања поврзани со исламот како религија и учење, а не за постапките на некои кои себе само се нарекуваат муслимани.
     
    На Capricorn96, Rama, kim.k и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    @Bender Rodriguez Го прочитав одговорот што го напиша и ја сфатив твојата поента, која е оправдана и е посочена на место.

    Но, ако го прочиташ повнимателно мојот претходен одговор, ќе сфатиш дека јас зборував за евреите Зионисти, а не за сите евреите. Ако не ја знаеш оваа разлика, тоа е друга работа. Што јас всушност напишав е дека тие евреи зионисти, како претставници на Зионизмот која е политичка формација од 1897 година, се главните актери (меѓу другите) кои стојат зад терористичките напади. Тоа не е теорија на заговор, како што не е и случајот на ЦИА и МОССАД и нивната креација ИСИС, бидејќи јас сум ги истражувал овие теми и во секое време можам да ти го докажам.
    Јас не пишувам неиздржливи аргументи само да се дополни просторот. Не е моја одлика. Зад секој мој кажан збор стојам позади и можам во секое време со факти и аргументи да ти докажам, објаснам или дообјаснам. Нормално од друга страна се евреите кои се против Зионизмот, кои се прави верници во нивната религија и со нив јас немам проблем. Точно укажа дека сите религии проповедаат мир и толеранција. Но проблемот е што ти напиша и некои неточни работи. Да цитираме:

    Ако ми посочиш еден збор каде сум нападнал одредена нација или религија, јас истиот момент го напуштам форумот и никогаш повеќе не се враќам. Доаѓа подобриот дел. Ти ако ми посочиш дека јас се трудев стереотипот „сите терористи се муслимани“ да го пребијам со тоа што ќе ги оцрнам сите евреи и да ги претставам сите како зло, јас сум подготвен мојата вера Исламот, што е нешто најдрагоцено за мене, да го напуштам. Да.

    А јас пак ќе кажам дека ако не ја знаеш разликата на евреи зионисти и сите евреи, тогаш тоа е друга работа. Ако под евреи зионисти ти подразбираш одредена нација, или уште полошо религија, а не одредени евреи со политичка афилијација (Зионизам), тогаш вината не е на моја страна. Не се сите евреи, како нација, Зионисти. Не.

    Во овој дел си во право. Тоа е всушност тоа што јас се трудам да докажам и за Исламот. Исламот како религија е совршена, а муслиманите се луѓе, а луѓето се несовршени. Што значи и во оваа религија постојат одметници. Убаво го кажа тоа.

    Инаку прашањата се слободни се додека се поврзуваат со Исламот, и во таа смисла ако има нови прашања за ИД слободно нека се поставуваат. Нема ограничувања.
     
  19. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Во врска со шминката, зависи во која ситуација се наоѓа жената. Ако е омажена, за својот маж може да се шминка кога сака и како сака. Исламот всушност ги поттикнува и сопругата и сопругот да изгледаат убави еден за друг и поттикнува да не се губи привлечноста помеѓу нив. Ако некогаш си ја прочитала фразата „Falling deeper in love each and everyday“, ова всушност се актуелизира меѓу муслиманите и муслиманките што се наоѓаат во брак.
    Додека кога е надвор од дома, кога се шета низ улиците, не и е дозволено да се шминка освен очите со посебен црн молив кој се вика kohl, направена од супстанцата ithmid. Во Индија и кај нас тоа се вика сурма. (fun fact: сурмата што содржи чист, а не мешан ithmid го подобрува видот на очите, го истакнува нивниот сјај и прави трепките да растат). Муслиманката својата убавина ја покажува и ја истакнува со шминкање само за нејзиниот маж. Жената кога е надвор од дома треба да го чува нејзиниот степен на хиџаб или скромност што од Исламот и се бара. Сега под хиџаб не влегува само шамијата како што е општо познато, туку се друго што влегува во скромноста на жената, а истотака и на мажот, како што е пристојното однесување, непогледнување туѓи мажи со таканаречени „ѓаволски очи“ и др. И мажот треба да го чува неговиот степен на хиџаб како што е непогледнување кон туѓите жени и кон нивните „забранети зони“, чување на погледот од гледање забранети нешта и др.

    Што се однесува до чупањето веѓи, за тоа објаснува хадисот трансметиран од Абдулах ибн Месуд дека Божјиот пратеник Мухаммед (а.с.) рекол: “Allah has cursed the woman who does tattoos and the one who has them done, the woman who plucks eyebrows and the one who has it done, and the one who files her teeth for the purpose of beauty, altering the creation of Allah.” (Сахих Бухари и Муслим, хадисот е автентичен). Што значи, ако посегне по чупањето веѓи од единствената причина за да изгледа поубаво, тогаш е забрането бидејќи тоа претставува менување на она што Аллах го створил. По аналогија истото важи и за пластичната операција чија единствена цел е да изгледа поубаво (а не за да корегира некој деформитет), бидејќи тоа претставува менување на Аллаховата креација. Во случај веѓите да претставуваат деформитет или и се залепени, тогаш може да ги чупа влакната од средниот дел и да ги одвои веѓите бидејќи тој дел не влегува во "областа на веѓи". Истото важи и кога од одредени хормонални причини ќе има мустаќи, брада и други познати деформитети, тоа слободно можат да го чупат, депилираат итн. Единствено само чупањето веѓи е забрането.
     
    На eloves, minne992, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Имам неколку прашања моментално.
    1. Како муслиманите кои одат во рајот (џеннетот) добиваат 40 девици (или 72 ако се разнесат) кога било каде на светов жените не се 50 спрема 1 споредено со мажите, односно нема 50 жени на секој маж а па камоли да бидат девици?
    2. Што добиваат жените кои одат во рајот?
    3. Зошто во исламот се забранува естетската хирургија затоа што тоа било промена на телото кое треба да биде онакво како што го создал Бог, а сунетот (обрежувањето) директно ја негира оваа забрана? Или дупчењето уши?
    4. Зошто казната за муслиманот кој ја сменил својата вера е смрт? А од друга страна, безброј муслимани низ светот работат за менување на верата кај останатите во Ислам?
    5. Убиство на виновен човек: Дали постои воопшто човек кој е невин? Секој има грев, но зошто се оправдува убиство на виновен човек и кој тоа го одредува, кога Аллах никаде не споменал кој грев е смртен а кој не, туку обични луѓе?
    6. По што тоа Мухамед а.с. докажал дека е вистински пратеник од Бога? Што тоа него го разликува од мене, обичен човек кој може да напише книга? Доказ некој?
    7. Зошто во Исламот е забрането идолизирање на кукли/слики и друго, а се поминува далечни патишта да се бакне 1 камен- Кабата?
    8. Зошто се дозволува обични луѓе да додаваат значења какви што тие сакаат на Куранот, а не се чита онака како што е? Дали се тие Божји пратеници? Ако се, директно се негира тоа дека Мухамед е последниот Божји пратеник?
    9. Конечно, според Куранот само муслиманите и тоа само оние кои се исправни ќе завршат во рајот. Дали тоа би значело дека повеќе 6 милијарди луѓе ќе завршат во пеколот?
    10. И, како тоа се тврди дека Куранот е Божја книга затоа што нема грешки, кога има повеќе од 300 контрадикторности самиот на себе?
     
    На Rama, Tanjamm и Outlook им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.