1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања за исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Hindsighter, 3 јануари 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    @Marick14 Малициозните прашања не заслужуваат одговор.
     
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    За секое прашање има одговор. ;)
    А ти ако не сакаш да го одговориш тогаш тоа е друга работа.
     
    На Tanjamm и peperutka87 им се допаѓа ова.
  3. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.318
    Пол:
    Женски
    Имам живеено 7 години во населба каде што сите беа муслимани. Па се секавам на една случка.
    Имам другарки но никогаш не сум ги прашала.
    Па ајде да прашам тука
    Зошто мажот (муслиман) смее да земе жена од друга вера, а жената(муслиманка )само од својата?
     
    На Priroden и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    И секој одговор има своја верзија.
    Која верзија на одговор го имаш ти е друга работа.

    Најпрво добредојде во овој топик. Ако имаш други дополнителни прашања, слободно поставувај ги.

    Одговорот на твоето прашање стои во тоа што жените муслимани што се мажат за мажи немуслимани ја следат традицијата и културата на мажот. Тоа било така во минатото, и така е денес. Кога се стапува во брак по правило жената се преселува во домот на мажот. Така мажот во таа смисла има повеќе влијание врз жената и поради тоа влијание може да дојде до тоа жената муслиманка да ја промени својата вера. За разлика од жената христијанка или еврејка, каде мажот муслиман може повеќе да и влијае и евентуално тие да го прифатат совршениот Ислам.

    Втората причина што за жените муслиманки е забрането да се омажат со немуслимани е тоа што мажите немуслимани не се направени суннет (обрежувани).
     
  5. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    "Втората причина што за жените муслиманки е забрането да се омажат со немуслимани е тоа што мажите немуслимани не се направени суннет (обрежувани)"

    сметам дека не си баш упатен во одговориве што ги даваш,затоа што и евреите се обрежуваат и ортодоксните христијани исто така кои живеат на блискиот исток или Африка
     
  6. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.209
    Допаѓања:
    93.613
    Велиме дека Исламот и сите останати религии проповедаат пред се љубов без разлика на тоа кој каков е во однос на боја на кожа, раса и религија, ама јас во ова што е цитирано не видов такво нешто.Тука единствено распознавам љубов кон својот, а кон другиот воопшто не. Поправи ме ако грешам.
     
    На Rama, Аliсe и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Во право си. Само сметаш.

    Исламот проповедува љубов за сите луѓе без разлика на нивната боја на кожа, раса, возраст, пол, а секако и нивната религија. Што се однесува до другите религии како институции (вери), Исламот проповедува мир, хармонија, заедничко разбирање едни со други, но не и љубов за тие религии. Исламот не проповедува љубов за идолопоклонци, безбожници, зороастријанци итн. Што се однесува до еврејците и христијаните, тие се спомнуваат во Кур’анот како Ехлул-Китаб што во превод значи Народ на Книгата (Тората и Евангелието) и тие имаат посебен третман, во смисла подобар, поблизок третман од страна на муслиманите. Затоа на мажите муслимани им е допуштено да се оженат со жени христијанки и еврејки, меѓу другите допуштувања. А што се однесува до Христијаните како народ, за нив Кур’анот вели:
    Ел-Маиде 5:82
    „…А сигурно ќе најдеш дека на верниците најблиски пријатели им се оние кои што велат: ‚Ние сме Христијани!„ Тоа е затоа што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се арогантни!“
    Тоа е причината зошто Христијаните се најблиски пријатели со муслиманите, бидејќи има Христијани кои не се арогантни. А Исламот е најстрого против ароганцијата.
     
    На Zeynep му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.209
    Допаѓања:
    93.613
    Ама нели сите сме ЛУЃЕ на крајот на краиштата?
    Или на мажите муслимани им е допуштено да се женат со христијанки и еврејки за истите тие да раѓаат деца муслимани?
    Епа тогаш ваквата дистинкција ако не е ароганција, тогаш не знам што е...
    Во превод ова е - туѓо сакаме, наше не даваме!
     
    На tessie, eloves, faye и 5 други им се допаѓа ова.
  10. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    темава е губење време,нема тука никој компетентен да ти одговори на прашања....поззз
     
  11. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Обично во неисламските општества се заклучува дека исламот ја понижил жената и дека од човечки аспект ја смета за пониска од мажот.
    За разбирање на положбата на жената во исламот мошне важно е да се има јасна претстава за тоа каква била положбата на жената во предисламскиот период, наречен џахилијет.
    Познато е дека положбата на жената, порано, во заостанатите примитивни средини била мошне тешка. Жената била целосно обесправена, била третирана како обичен објект кои му служи на човекот. Таа била слуга на мажот во задоволување на неговите сексуални и други примитивни потреби. Тој бил сопственик на нејзиното тело и нејзин господар. Бројот на жените за еден човек бил неограничен и што е уште полошо, постоел и обичај на убивање на женски девојчиња штом се родат. Тие биле без некакво право на глас и мислење.
    Исламот во тој поглед извршил, навистина, револуционерни промени! Па така, Куранот го забранил убивањето на женските деца, на жената и ја вратил основната каректеристика на човечко битие, ја ослободил од експлоатацијата на човекот, и дозволил да ги врши сите правни работи кои се складни со нејзината женска природа, да може да заработува и поаѓа во школо, може да оди на суд и да поднесува жалба, може да сведочи или да биде застапник и потполно ја изедначил во основните права и обврски. За жената и нејзината положба во општеството, за нејзините права и меѓусебни односи во Куранот се посветува големо внимание (можеби и најголемо) За тоа зборуваат повеќе од десет курански поглавја дури и едно цело куранско суре носи име (Ен-Ниса) - жени.
    Исламот меѓу жената и мажот од човечки аспект не поставува разлика. «Вие сте од ист вид» (Ен-Ниса, 25) Исламот верува дека жената и мажот во поглед на човечките права во сите општествени и индивидуални полиња еднакви. Значи, севкупните права на жената во поглед на материјалните и духовни вредности не се помали во однос на мажот.

    Исламот зборува за жената како мајка, домаќинка, сопруга. И посветува внимание и во нејзиното образование. Исламот не и забранил на жената излегување од куќа заради работа ако тоа е во склад со шеријатските прописи. Жената која се придржува за за исламските начела слободно може да биде вработена и да посетува факултет. Исто така жената е и одговорна за себеси, за своето однесување, своите обврски, ибадет, куќа, заедница … Нејзината одговорност не е ниту помала ниту поголема од мажот.
    Не негирам дека постојат такви што ги малтретираат ги тепаат и злоупотребуваат.. Но тоа не е според прописите на куранот тоа е до човекот неговиот карактер, ако си муслиман и се водиш според куранот нема да се осмелеш да ја тепаш жената затоа што следува казна за тоа..
     
    На minne992 и Hindsighter им се допаѓа ова.
  12. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    @peperutka87
    Те поздравуваме и ние, и наврати некогаш на ова тема.
     
    На ANGIE1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Што кога маж муслиман ќе земе жена христијанка и при тоа нема таа да ја прифати неговата вера, туку ќе си живеат секој со своите обичаи, празници, и кога ќе починат дали тоа значи дека едниот ќе биде во муслимански, а другиот во христијански гробишта?
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    1. Една од двете првоболдирани реченици не е точна, дали примеруваш дека се негираат една со друга, во првата тврдиш нешто а во втората реченица истото го негираш, што е точно?

    2. Првата реченица се негира со третата болдирана. Зашто не љубов за „идолопоклонци, безбожници, зороастријанци“ (твој цитат) зарем не се сите луѓе и сите живи суштества еднакви пред создателот (твој цитат во прва реченица), или има важни и помалку важни суштества? Дали се атеистите безбожници ако веруваат во виша сила но не и даваат име? Значи ли тоа дека сите народи што не прифаќаат монотеизам се непријатели на исламот?
     
    На tessie, Rama, Аliсe и 2 други им се допаѓа ова.
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
  16. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    НЕМА ШАХ ЗА МУСЛИМАНИТЕ – БИЛО ПРОТИВ ВЕРАТА, ПРЕСУДИ САУДИСКИОТ МУФТИЈА

    Ме интересира дали верниците во исламот во темава се сложуваат и дали би го прифатиле ова? Сепак е ова став на муфтија од колевката на исламот. Плус фатва има дадено.[/QUOTE]

    „О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате. Шејтанот сака со помош на виното и коцката меѓу вас да внесе непријателство и омраза, и да ве одврати од сеќавање на Аллах и од извршување на намазот (молитвата). Па, ќе престанете ли?“ Ел Маида, 90-91)
    Исламот ја забранува коцката, игрите на среќа и зошто Аллах Возвишениот ги нарекол шејтански дела, од кои треба да се пазиме, поради сопствената среќа, и поради среќата на своето семејство и заедница. Пратеникот, а.с., ја осудил дури и самата помисла на коцка, велејќи: „Оној кој само ќе му каже на својот другар:,Ајде да се коцкаме?’, нека подели садака.“(Бухари, бр. 4860, и Муслим, бр. 1647)

    Мое мислење
    Се согласувам дека коцката не носи ништо добро, напротив знаеме екстремни случаи на коцкари кои што изгубиле се затос што станале зависни од неа .. Но негледам ништо лошо ако тоа го правиш чисто од занимација ,играш дома со семејството не само шах туку и други игри од кои не земаш а ни даваш пари ..
     
    На Rama, Kukla994, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Се сложувам, не рече сите евреи, туку нагласи зионисти. Но, повторно, тука се работи за генерализација, а тоа е она што мене не ми се допаѓа.

    Со зионизмот со доволно добро запознат за да знам дека не постои јасна дефиниција (односно, постојат повеќе дефиниции, во зависност кој извор го консултираш) за поимот и дека дури и самите Евреи не се сложуваат околу толкувањето на овој поим. Така да, ако едноставно речеш – Евреи-зионисти, најверојатно во таквата категоризација ќе потпадне и голем дел на луѓе кои на ниту еден начин не се поврзани со она што го збориш, нити па имаат нешто против муслиманите. Но, како и да е...

    Види, ја не се сомневам дека ти мислиш дека си направил добро истражување и дека си убеден дека располагаш со аргументи. Но, тоа што за тебе е издржано истражување, за мене може да биде обично чепкање по интернет, блогови, страници и форуми, како и гледање документарци и видеа на јутуб, чии автори се све, освен непристрасни. Сакам да кажам, релативно и субјективно е. Јас тврдам дека никој, освен страните и луѓето кои се непосредно инволвирани во одредена работа не може со сигурност да тврдат дека имаат точни информации за истата.

    Мене муабетот ми беше дека не мораш (ни ти, ни никој друг муслиман на формуов) да им изиграваш апологет на ИД и да бараш други (немуслимански) виновници за нивното постоење – како САД, Израел, ЦИА или МОСАД. ОК е, навистина. Се сложивме дека сите луѓе, независно од тоа на која религија припаѓаат, може да бидат добри или лоши, и тоа е тоа. Ако припадниците на ИД се декларираат како муслимани и тврдат дека го прават она што го прават во име на религијата, ни ти ни некој друг може да им го оспори тоа. Можеш само да кажеш дека се однесуваат спротивно од учењето на исламот и дека она што го прават е за осуда, и тоа е сосема доволно.

    Секако, убаво од твоја страна. Но, искрено јас не би сакал ваква тема која навистина може да им помогне на многумина да научат и разберат нешто повеќе за исламот, да се претвори во тема за дебата за ИД – нешто што е повеќе тема за политичка, а не религиозна дискусија.

    Еве, да ја сменам насоката на дискусија кон неполитичка, ме заинтригира со следново:

    Зошто операцијата со која се корегира деформитет е дозволена, кога и деформитетот (ваљда) претставува нешто што Алах го створил? Истото прашање важи и за случајот за чупање на споени веѓи. Зарем ние како обични смртници можеме (и смееме) да си дозволиме да менуваме нешто што е Божја креација, и тоа да го менуваме на „подобро“? И кој е тој што одлучува што е деформитет, односно влакнестост која смее да се корегира, а што не е?

    Благодарам за одговорот. :)
     
    На Rama, theowndemon и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  18. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Во Ваков случај стварно незнам кој каде би припаднал не ми се има сретнето да пишува некаде .. Ќе те замолам да ми објасниш обратна ситуација ако жена муслиманка се омажи за маж христијанин а притоа си живеат во склоп на своите религии.. Како постапувате вие кој каде ќе биде закопан ?
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Јас не познавам таков пар муслиманка мажена за христијанин, па да знам каде би ги погребале. Немам таков пример. Е сега знам една јавна фаца Македонка мажена за Албанец и таа си е христијанка, и баш се мислев во случај на смрт дали нејзе би ја погребале во муслимански гробишта бидејќи носи православно име. Дали оџите би опеале христијанка пред погреб? Мене ми е нелогично цел живот поминале заедно и да почиваат на различни места. Ако имате пример пишете.
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Тебе не те сметам дека можеш и да ми одговориш на моите прашања. Не си достоен. Го немаш одговорот. Се прашувам, дали си и муслиман. Ако беше, храбро ќе ги одговореше моите прашања. Убаво-лепо прашав, ако знаеш одговарај, ако не знаеш игнор и веќе не се замарај со мене. Позз
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.