1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања за исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Hindsighter, 3 јануари 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Е оти ти е нелогично, бракот трае до смрт, така вели попот..што значи после смрт не важи и може секој на своја страна да оди..хаххахааа...се шалам.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Секако ми е нелогично. И да ја погребаат жената далеку од мажот и да ја погребаат со него, а не е муслиманка, пак е нелогично. Не знам во мешани бракови како прават.
     
  3. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не .. Мислам дека иако таа официјално не ја сменила верата со самото тоа што зела христијанин за маж оџите нема да и бидат на погреб .. А во обратна ситуација ако христијанката се омажи а не ја смени верата тогаш оџа не би одел ни кај неа .. Е сега не ме држи за збор затоа што оваа ти го кажувам од тоа што сум слушнала а лично искуство или ваков случај во фамилија немам .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    @Hindsighter
    "Совршениот Ислам".... е совршен во твоите очи.
    За мене е совршено христијанството, за некоја друга членка будизмот....
    Тоа што сакаме конструктивна дискусија, не значи дека ќе ти го дозволиме тој луксуз да ни пропагираш.

    @ANGIE1
    "Еден човек ми кажа дека 90% од терористите не биле сунетисани"...и не ти е баш веродостоен податок, па дури и со процент да го изразуваш.
     
    На Rama, tessie, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Твојот одговор потегнува еден куп други прашања и интересни муабети ама ај можеби друг пат.
    Во секој случај фала ти на одговорот.
     
    На ANGIE1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kiki93

    Kiki93 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас го читам форумов долго време, ама овоа ме заинтересира, па решив да направам акаунт и сакам да прашам што е такијата и китманот?
    Бидејќи како што јас разбирам тоа се стихови во куранот каде што се пробоведа дека е дозволено да се лаже на неверници и за да се овозможи понатамошното ширење на исламот.
    Бидејќи ако точно го разбирам тоа е навистина страшно, и дури би можело да се каже дека сите што пишуваат добро за исламот на овој пост ги користат да не кажам овие тактики.

    Ако некој го интересира на англиски се пишува taqiyya


    Сака исто така да прашам ако е воред македонка да иде со муслиман/албанец па дури и позитивно, зашто тогаш негативно албанците го гледаат ако врската е спротивна?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Те сфаќам и имаш право, изгледа како противречност. Да се дообјаснам.

    Секогаш кога давам одговор, го давам од гледиште на Исламот. Кога велам љубов за сите луѓе, без разлика на нивната раса, пол, боја на кожа, возраст и религија, тука мислам за оние кои се следбеници на Авраамските религии. Идолопоклонците и безбожниците не следат ниту една религија, па затоа тука не постои никаква религија. Првите обожаваат идоли (тоа е култ, не религија), а кај другите има отсусто на религија. Па така за нив Исламот не проповедува љубов како сакање, туку да се има мир, хармонија, почит помеѓу нив. Додека Ехлул-Китаб (Народ на Книгата), а тие се Еврејците и Христијаните, тие имаат посебно место во Исламот и за нив има љубов како верници на една од религиите чиј заеднички предок е пророкот Авраам, но не и љубов за самите тие религии како институција (Јудаизмот и Христијанството).

    А додека зборувам за религијата како институција и систем на норми (а не нивни следбеници), тогаш сите религии влегуваат во групата во која "Исламот проповедува мир, хармонија, заедничко разбирање едни со други, но не и љубов за тие религии".

    Во Исламот постои нешто што се вика тест. Секое зло коешто ти се случува во животот, а тука влегува и раѓањето со одреден деформитет, е само тест од Аллах да види дали ние ќе се покажеме трпеливи во врска со тој тест. Ако бидеме трпеливи, тогаш тој деформитет може да ти стане причина за Аллах да ти ги прости гревовите и да влезеш во Џеннет на Судниот Ден.
    Ако деформитетот претставува на пример крив нос и тешкотии при дишење заради тоа, тогаш може да се изврши пластична операција со цел слободно да се дише. Но има и луѓе, од толку што го сакаат Аллах цел живот го трпат тој деформитет. Има, не дека нема. Но тоа за мене е веќе екстремизам. А Господ знае најдобро. Истото важи и за споените веѓи.
    Но ако единствената цел за пластична хирургија е да се изгледа поубаво, попривлечно, тогаш е забрането, бидејќи тука пораката е: „Господе, не си ме створил доволно убав/а, јас ќе те подобрувам тебе“

    Да беше убаво-лепо, на сите прашање до еден би ти одговорил, верувај. Но да те цитирам, ти рече:
    А другото прашање ти беше:
    И двете заклучоци освен што се во најмала рака неточни (бидејќи нема такво нешто како разнесување за да се добие девици во Џеннет бидејќи самоубиството во Исламот е потежок грев отколку некој друг да убиеш, а истотака не се патува за да се бакне црниот камен во Кабата), туку во овие прашања има елементи на малициозност и понижување на Исламот. Тоа е причината за моето неодговарање.

    Со сета почит кон вас, јас зборувам според моите убедувања и секако за мене Исламот е совршен. Незнам зошто тоа го сфаќаш како навреда за твојата религија. Имам почит према христијаните, тоа го кажува фактот што во овој форум, во кое мнозинството се немуслимани, им одговарам на нивните прашања.

    Ова е прв пат што слушам за такијата и китманот. Проверив на интернет и видов дека се институти во јуриспруденцијата на Исламот, и неможам да дадам одговор без да истражам за ова тема.

    Што се однесува до второто прашање, мислам дека тоа повеќе се однесува на гледиштата што ги имаат албанците како етникум, а не како муслимани. Тука повеќе игра улога обичајот. Не си во право дека се гледа како позитивно врската албанец-муслиман со македонка, ако мислиш дека се гледа позитивно од страна на албанците. Од гледиште на Исламот, тоа е друго прашање. Знам дека кај албанците ни кон едниот ни кон другиот вид врска (албанец-македонка или македонец-албанка) не се гледа позитивно, од причини за кои претпоставувам дека тука доаѓа до судир на две различни култури (clash of diverse cultures), две различни обичаи и секако, две различни религии. Тука повеќе играат улога обичајот, историјата, меѓусебно искуството на двете нации отколку религијата.
     
    Последна измена: 28 јануари 2016
    На Bender Rodriguez и ANGIE1 им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    ТИ благодарам на одговорот. За деформитетите кои наметнуваат потешкотии во секодневниот нормален живот, како примерот со носот, разбирам и ова што го кажуваш има смисла.

    Но, за влакната на лицето, во деловите на кои не би требало да ги има – помеѓу веѓите, над усните или на брадата, одејќи по истата логика, не би требало да важи ова. Појавата на ваквите влакна на ниту еден начин не го загрозува или физички отежнува животот на жената – туку само ја прави помалку (физички) привлечна. Што значи, целта на отстранувањето на влакната, дури и од деловите на лицето на кои не е предвидено да ги има, е само за да се изгледа поубаво и попривлечно.

    Па оттука – зошто е ова дозволено и оправдано, а обичното чупање на веѓи не е? Пораката е истата – „Господе, не си ме створил доволно убав(а), јас ќе те поправам“.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Мир тебе.
    Видиш, не е така. Сите знаеме како би требало да личи една нормална личност. Случајот со споени веѓи, имање брада и мустаќи е нешто ненормално за жените, и тоа претставува деформитет со нејзините хормони. И секако дека тоа претставува отежнителна околност за неа (кој би сакал да се жени со жена чии веѓи и се споени?!) Има чак и една српска поговорка која вели: „Боже чувај ме од ќоса човека и од бркате жене“.
    И секако како што спомнав, некоја жена од толку што го сака Господ не корегира ништо по лицето, иако и е тоа дозволено (со ограничувањата кои ги спомнав). И секако има маж кој од толку што го обожава Господ, би ја зел нејзе. Има многу случаеви каде нормални муслимани се женат со жени инвалиди на пример, само со цел да направи добро дело кај Господ.

    Забрането е во случај кога зборуваме за една нормална жена, која нема деформитет, но усните некако и личеле тенки па да ги здебели, или образите не и се свиѓале па да ги промени, тогаш тоа е изречно забрането.

    Ако имаш други прашања, слободно поставувај.
     
    Последна измена: 29 јануари 2016
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    Додека ја проверував темата приметив дека ова прашање беше неодговорено.
    Можно е ова да се случи, посебно ако спомнатата професорка не била прописно покриена. Се додека жената не е прописно покриена, таа не може да влезе во џамија како верник, освен како турист, како што и беше наведено дека ја пуштија како турист.
    Во случај да не ја пуштеа само бидејќи е жена, ниту како верничка ниту како турист, тогаш тоа не би било во ред.
     
  11. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Sto ke iskomentirate za krst dzamijata vo Ohrid.Ja imam videno ama ne ja znam celata prikaska zoshto tokmu krst na dzamijata.Nekoj nekoe video da postira okolu toa.
     
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Исламот повикува на мир?Тогаш зошто сите муслимани се терористи?
     
    На Bojana.20, buba4e89 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    1.569
    ^Затоа што мора да се фатат за нешто што е ранливо кај луѓето. А тоа дека сите се, тоа е грешка затоа што во моментот овие се повикуваат на исламот, но не одсекогаш било така. Луѓето одбираат за што ќе се одлучат и како ќе ги перцепираат речениците во својата глава, како што во Куранот има екстремни делови и забрани така и во Библијата.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcesrce

    srcesrce Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    17672_1639252572959566_5032108063546937385_n.jpg





    [​IMG]



    [​IMG]
     
    На girl-miri, eloves и Hindsighter им се допаѓа ова.
  15. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Заклучокот е дека :
    Религијата УБИВА !
    Религијата е создадена за да создаде смрт и кавги во светот. Посебно во исламот да не почнам да зборам каде жената ја сметаат како "роб"
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Bojana.20 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    1, После развод меѓу мажот и жената муслимани чие е старателството за одгледување на децата?

    2, Погоре беше одговорено на прашање дека и жената има право да побара развод. Па доколку побара жената развод има ли право на децата или автоматски му припаѓаат на мажот?

    3, Зошто исламот не го дозволува посвојувањето на деца?

    4, Знам дека е дозволено ин витро само со семена течност од мажот НО не и од друг маж-Зошто?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hindsighter

    Hindsighter Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Машки
    @Punk girl

    Naom Chomsky.png

    А што се однесува до муслиманската жена како „роб“, да ја видиме христијанската жена:

    christianity.jpg

    Сакам да кажам, не е до Исламот ниту до Христијанството, до луѓето е. Секоја религија промовира мир.
     
    На Adina, minne992 и gothchick им се допаѓа ова.
  19. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    @Punk girl Na temava si dojdena, ne da naucis nesto za Islamot, tuku da go napagjas, taka da bezuspesen bi bil sekoj moj obid da ti posocam nekoi raboti ;)
     
    На girl-miri и Hindsighter им се допаѓа ова.
  20. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Некој има одговор на прашањава?
    Можеби ти @Hindsighter како креатор на темава или некој друг?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.