1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања за христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од Serhan, 1 јуни 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    Нема да се правам паметна, уште на почеток ќе кажам дека ја немам прочитано Библијата во која е вистината и одговорите на сите прашања за христијанството. Ја немам прочитано но само што ја набавив и ќе ја прочитам а дотогаш ќе ти одговорам онака како што сум се едуцирала од други религиски книги.
    Исус не е Господ. Господ е тој што го создал светот и се на него и во него и тој што го испратил Исус како негов месија на Земјата. Исус е оној кој што бил пратен да го оствари, да го исполни божјиот план. Мислам дека и во исламот Алах е Бог а Мухамед е неговиот месија. Епа во христијанството Бог е како вашиот Алах а Исус како вашиот Мухамед.
     
    На PaLaVa, theowndemon, goodnesswithin и 3 други им се допаѓа ова.
  2. goodnesswithin

    goodnesswithin Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    54
    Според Исламот единствено Исус е Месијата. Мухамед е само обичен пророк.
    Али верувам сакаш да кажеш дека Отецот кај вас е Бог и створител на се, а Исус е Месија (Христос) и дека не е Господ.
    Благодарам на одговорот. :)
     
    На rose60 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  3. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Јас би ти препорачал бидејќи не ја знаеш и сефтне ќе ја учиш да не даваш одговори на прашања,туку да прашуваш.Ако имаш искрен интерес ќе дојдеш до одговор ако не ќе си останеш во заблуда.

    Само накратко можам да кажам она што сака goodwesswithin да воведе и други во заблуда во која е и тој сам.
    Во библијата Исус е Господ,Син Божји и Син Човечки.И многу болни што барале од него му се обраќале директно со молби на него со Господи Сине Божји полилувај ме.И ако не бил тоа тој ќе укорувал,но напротив тој лекувал.И на други места дури сам се има претставено како Син Божји.Има многу примери такви на кои треба да им обрнеш внимание.А ако нешто е скриено тоа е скриено за оние кои нема спасение.
     
    На Таа Сум, theowndemon, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    Извини @Bulgarian паметен човеку, ти се знаеш, над сите нас си.
    Кога ќе ја прочитам Библијата тогаш ќе кажам со сигурност, мада не сум јас во заблуда и не сум таа што треба да поставува прашања. Ако нешто ми беше нејасно ќе прашав, не можеш ти да викаш дека треба да прашам.
    И да, иако ја немам сеуште прочитано имам чепнато нешто од нејзината содржина и очигледно е дека не можат сите да ја сфатат а има нешта за кои треба да се подразмисли малце.

    И така, што кажува Исус за Себе – Кој е Тој според Неговите зборови? Што кажува Библијата за Него. Прво нека да ги разгледаме зборовите на Исус во Јован 10:30 „Јас и Татко ми едно сме.“ На прв поглед не изгледа дека Исус кажува дека е Бог. Но нека да видиме како возвраќаат јудејците на таа Негова изјава: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство – зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.“ (Јован 10:33) Јудејците ја прифаќаат таа изјава како тврдение дека е Бог. Во следните стихови Исус не ги поправува јудејците и не им кажува: „Не сум кажал дека сум Бог.“ Тоа покажува дека Исус навистина го имал точно тоа во предвид – дека е Бог со зборовите: „Јас и Татко ми едно сме.“ (Јован 10:30)
     
    Последна измена: 2 јуни 2016
  5. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Насловите на темите
    Прашања за исламот и прашања за христијанството не одговараат на содржината. Според мене, воопшто нема потреба од вакви теми туку најдобро е да се прочита Библијата и Куранот за да си ги одговорите сите прашања. Ова никаде не води, има провокации, убедувања, дури и индиректни навреди што не е во ред. Се разговара за вера, тоа е нешто убаво, прекрасно и секој си ја сака својата вера, но за да бидеме луѓе и верници, мора да го почитуваме туѓото, никако да го омаловажуваме. Верата е многу лична работа и за тоа не се дискутира, барем според мене.
     
    На PaLaVa, eloves, rose60 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Еве те повикав на соодветна тема па чекам одговори, само немој да квичиш
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Ај што имаатеден куп катачки, па имааат и еден куп муштеривки сите се кријат под шамиите демек да не се видат.
    Битно шамијата и мантилот се тука, а што е најитересно е секогаш кажуваат како некој нивни близок им направил магија кај некој ОЏА.

    Тоа е тоа оџа човече оџа.
    Уште не сум чула поп да прави магија.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goodnesswithin

    goodnesswithin Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    54
    Јован 10:30 не ти е во контекстот што Исус сакал да каже. Да, ако се чита само овој стих изолирано, тоа имплицира дека ако Исус рекол дека он и Таткото се едно, значи дека Исус е Бог. Јудејците се изнервираа поради ова што го кажа Исус и сакаа да го каменуваат. Јован 10:33 Не те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство – зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.

    На ова Исус одговори во Јован 10:34-36 Не е ли напишано во вашиот Закон (Тора): 'Јас реков: богови сте?' Ако ги наречувате богови оние, на кои им беше упатено Божјото Слово а Писмото не може да биде нарушено - зошто вие му велите дека хули на Бога оној, кого Таткото го посвети и го испрати во светот, - зашто реков: 'Јас сум Божји син?'

    Што значи, според Тората, сите кои биле верниците се нарекувале богови. Не оти навистина биле богови, туку таков им бил јазикот или терминологијата на верниците. Според Новиот Завет таа терминологија е Божји Син, и ако погледнеме во Новиот Завет скоро сите пророци се нарекуваат Божји синови. Што значи, сите верници според Новозаветниот јазик се викаат Божји синови или Божји чеда. Во Куранот верниците се викат Божји робови.

    Значи тука станува збор за различни поимања на верниците соодветно на секоја Света книга. Од тука разбираме дека Исус го користел Новозаветниот јазик и никако не му било интенцијата да каже дека он е Бог, туку само преку пример рече дека ако јудејците верници според Тората се викале богови, тогаш следбениците на Исус се нарекувале Божји синови, и немале што да се чудат тие јудејци што го опколиле него. Ова е контекстот на овие стихови. Исто да додадам дека Исус пред да рече јас и Таткото едно сме, тој рече во Јован 10:29 Мојот Татко - кој ми ги даде - е поголем од сите (а тоа значи и од Исус), и никој не може да ги грабне од раката на мојот Татко.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Ако татко ти е цар и ти ке бидеш, не може да бидеш дворскиот шут
     
    На Bulgarian, Mhhm и joy1 им се допаѓа ова.
  10. goodnesswithin

    goodnesswithin Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    54
    Ситница е попот да прави магија. Кога грчки митрополит ќе ти фрли анатема на цела Македонија, тогаш ќе знаеме зошто сме во државна криза.
    Насловот на видеото: Анатеми од Пиреја Митрополит Серафим

     
    Последна измена: 3 јуни 2016
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    328.105
    Пол:
    Женски
    Како ти го разбираш зборот анатема?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Како магија, а не како клетва
    Сирот
    Скоро цела Македонија на Сорос му фрла клетви, ама никој да му текне магија да му направи

    Давеник и за сламка се фака
     
    На Bulgarian, joy1, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Serhan

    Serhan Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    B
    Брво јас ништо не можам да разберам од христијанството едни велат да други не
     
    На rose60 и goodnesswithin им се допаѓа ова.
  14. Serhan

    Serhan Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Можеби не си чула поп да направи маги но си чула 1000 пати поп педовил
    Па веке и на народните прикаски добро ги изјаснувате поповите. Женкари, рушенје на фамили пијаници и тнм. Па добро ги учите вашите деца кои се поповите кои мислите дека ге ви ги чуват тајните.
    Лично имам јас еден пријател поп.
    Ми кажува кој како барал помош прочка. Абе смешно ми беше па дури до каде.хахаха
    Слушајте сега една снашка отишла на исповед.
    Попе простими сум го изневерила сопругот.
    Попот простено некатие
    Попот ми вели изгледа снашкта сама си се мести.
     
    На rose60 и goodnesswithin им се допаѓа ова.
  15. Serhan

    Serhan Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Добро тогаш од каде му се наметни злобата на ѓаволот дали пред ѓаволот постоеше злобата.
     
  16. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Аха да поп педофил кај католиците барај тука нема во православието.
    И таму бројот на попови педофили е 0.0001 споредено со вкупниот број на попови.
    Причината за ваквите педофилски скандали у католичката црква ја гледам во тоа што нивните попови треба да бидат целибат и после куп години потклекнуваат (не оправдувам педофилија, да се разбереме). За разлика од тоа кај нас за да бидеш поп, треба да бидеш оженет (затоа можеби кај нас бројот на вакви девијации е речиси непостоечки).
    И со оглед на тоа во какво општество живееме не верувам барем во Македонија дека некоја ќе му каже на попот дека го изневерила маж и, а и праксата за исповед кај нас е многу неразвиена. Тоа пријателе по шпанските серии можеш да гледаш, некоја сињора тоа да му каже на попот, а дури и тогаш поповите земаат завет некој за молчење и не смеат да кажат ништо.
    И ако веќе имаш другар поп, него прашај го што те интересира, 6 саат сабајле е многу рано за да се расправаме за религија.
    ПС. Нека ме поправи некој ако грешам со ова што го пишав (basic knowledge).
     
    На PaLaVa, DamnGirl98, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mhhm

    Mhhm Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    А да не гледаш ти многу приказни, оти чудни фикс идеи ти светнуваат?? :D
    Улогата на попот во исповедта не е чување на тајните, туку тој е врската меѓу верникот и Бога. Впрочем и самиот поп треба да има дозвола да биде исповедник, за која кажа членката над мене се полага завет за молчење.

    На исповед не вели попот "простено нека ти е" туку заедно читате молитва за покајание, значи или лажиш или другар ти попот те лажи!
     
    На PaLaVa, Rama и Victorian им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Моево додуша не е баш прашање, ама е наменето за сите христијани кои им се нафрлија на муслиманите на неколку теми досега, околу тоа како Куранот повикувал на убивање на неверниците, додека Библијата била проповедала мир и соживот - два извадока од Петтата книга Мојсеева (Повторени закони):

    6. Ако тајно те наговорува братот твој од твојот татко или од мајката твоја, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кои е за тебе како душата твоја, па ти рече: ‘да одиме и да им служиме на други богови’, што не ги познаваше ти и твоите татковци,
    7. на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот, -
    8. не се согласувај со него и не го слушај; и да не ти се смили окото твое над него, не го жали и не го сокривај,
    9. туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, – а потоа рацете на целиот народ;
    10. убиј го со камења, да умре; бидејќи тој сакал да те отстрани од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
    11. Целиот Израел да го чуе тоа и да се исплаши, и нема во иднина да прави пред тебе такво зло.
    12. Ако чуеш за некој од градовите твои, што Господ, твојот Бог, ти ги дава за да се населиш во нив,
    13. дека во него се појавиле нечесни луѓе пред тебе И ги соблазниле сите жители на нивниот град, велејќи;,ајде да им служиме на други богови, кои вие не ги познавате’,-
    14. ти испитај и дознај добро: и ако е тоа чиста вистина, дека е направена таква одвратност меѓу вас,
    15. погуби ги нив и жителите на тој град со сечилото на мечот, проколни го него и си што е во него;
    16. а сите добра од него собери ги среде плоштадот негов и изгори го со оган градот и сите добра од него пред целиот народ, пред Господа, твојот Бог, и да биде тој вечно пуст, никогаш да не се обнови.

    2. Ако се најде при тебе во еден од градовите твои, кои Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе направи зло пред Господа, твојот Бог, и со тоа го престапат заветот Негов,
    3. па тргнат и почнат да им служат на други богови, и им се поклонуваат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сè што е небеско, кое Јас не сум го заповедал,
    4. и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако е тоа вистина, ако е направена таква гнасотија во Израилот,
    5. изведете ги тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат.

    Поентата ми е, ако некој решил да убива од религиозни побуди, причина за убивање ќе најде и во Библијата. Не е проблемот во светите книги, проблемот е во оние кои ги толкуваат.
     
    На Rose96, CameliaMiller, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Е ова не го знаев. Зарем религијата не учи на убиство? Ја немам читано Библијата, ама отсекогаш бев верник. Да убиеш некого е грев! Не разбирам!
    Нели во 10 божји заповеди вели не убивај, зарем ова е исклучокот? Зарем сите религии не учеа на еднаквост, човечност и правење добро?
    Што значи ова? Да се испоубие народот во светот еден со друг?
    Кој може мене да ме натера да верувам или да не верувам? Никој. Епа тогаш зошто би ми сметало ако некој е атеист или припадник на друга вера? :I
     
    На Bitter-Sweet и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. Mhhm

    Mhhm Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.