Прашања за христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од Serhan, 1 јуни 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Интересно атеисту, што и ти како муслиманиве, кога нема како да се одбраните напаѓате. Е сега Ние го славиме раѓањето на ИСУС, воскреснувањето на ИСУС а не на мојсеј. Тоа види тамо провери си со евреите.
    За почеток кај нас теминот библија не се користи, туку Свето Писмо. Си слушнал за Стар и Нов завет? Ние Исус и неговото учење го следиме, а не мојсеј и мухамед. Капиш?
    Друго, тоа што Вадите цитатеи од јудаизмот-евреите, не ме засега ниту допира мене.
    Кога веке сакаш да ти кажам што мојата религија вели за убивањето еве ти цитати.

    Јован 8:1-11
    Исус и простува неверство т.е прељуба на жена.Според законот на Мојсеј тие би требале да ја каменуваат но Исус им вели:Кој од вас е без грев нека го фрли првиот камен на неа! Toгаш тој ја ослободува и ја пушта да си оди без казна.

    христијанството е со правило, НЕКА ГО ФРЛИ КАМЕНОТ ПРВ, ОНОЈ КОЈ СЕБЕ СЕ СМЕТА ЗА БЕЗГРЕШЕН

    Еве некои цитати од куранот

    За борбата и за убивањето


    во 9:5:
    -Кога ќе минат светите месеци, борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секаков вид. Ако се покајат и ако намаз направат и закат даваат, пуштете ги. Алаху акбар.

    -Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и не го забрануваат она што Аллах го забрани и неговиот гласник на Земјата, и кои не ја застапуваат вистинската вера. Борете се се додека не дадат џизија со рацете. (Сура 9:29)



    -О Мухамеде, поттикнувај ги верниците твои кон борба. Ако меѓу нас има десет трпеливи, ќе победат над двестотини, ако има сто трпеливи, ќе победат над илјада од оние кои не веруваат зошто тие се луѓе кои не сфаќаат. (Сура 8:65)

    -Појдете во борба, и слаби и јаки и борете се на патот Аллахов со имотите и животите ваши. (Сура 9:41)


    -О верници, борете се против неверниците кои се околу вас и нека кај вас наидат на цврстина. Зошто Аллах е со богобојазливите. (Сура 9:123)


    -Борете се против нив, А АЛЛАХ ЌЕ ГИ КАЗНИ СО РАЦЕТЕ ВАШИ и ќе ги понижи... (Сура 9:14)

    -Ако не појдете во борба, Аллах ќе ве казни со болка и ќе ве замени со друг народ... (Сура 9:39)


    -Борете се против нив се додека постојат сплеткарството и додека верата Аллахова не биде сеприсутна...(Сура 8:39...


    Тој ден ќе ја смотаме небесата како што се смотува лист хартија за пишување. Како го создадовме светот, така ќе го уништиме. Тоа е ветување Наше, Ние сме навистина кадарни тоа да го сториме. (Ел-Енбија. 104).

    во куранот обично секој врот или трет ајет е за борба, заседи, убиство, казна итн


    Аллах, навистина, ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму, бедеми зацврстени!
    - Сура Es-Saff 61:4

    О верници, не напуштајте ги претпазливостите ваши, тргнете во мали дружини или тргнете во големи дружини... Па, нека се борат на Аллаховиот пат оние кои го продаваат овој свет за Ахирет. А на оној кој се бори на Аллаховиот пат, било да загине било да победи, Ние ќе му дадеме награда голема!
    - Сура En-Nissa 4:71,74


    еве цитати од библијата за борбата


    Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат. (Христос во Матеј 26:52)

    Љуби го својот ближен како себеси! (Христос во Марко 12:31)

    Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат. (Христос во Матеј 5:44)

    Никому не враќајте зло за зло. (1 Солунјаните 5:14)


    Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го.
    (Римјаните 12:20)

    Не оставај да те победи злото, туку победи го злото со добро.
    (Римјаните 12:21)

    Синот Човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси (Лука 9:56)

    Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби (Христос во Матеј 10:16)

    Не одмаздувајте се, туку дајте му место на Божјиот гнев. (Римјаните 12:19)


    Не противете му се на злото, туку ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.. (Христос во Матеј 5:39,40)

    Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!
    (Римјаните 12:18)
     
    На Loretta, Bitter-Sweet, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    @Црвче, секоја од денешниве монотеистички религии е помалку или повеќе насилна во својот изворен облик, т.е. од она запишано во светите книги. Но, религијата од своето настанување, во текот на изминатите 2 милениуми, заедно со човештвото и општоприфатените морални и етички вредности еволуирала, што е и за очекување.

    Така, ако некогаш христијанството се користело како доказ за супериорноста на белата раса и оправдување на ропството и апартхајдот, како и за обесправување и угнетување на жените, денес ова повеќе не е случај, што е апсолутен доказ дека дури ни религијата не е „запишана во камен“, односно дека може да се интерпретира на различни начини, а ете, ние денес ја интерпретираме на начин кој е мирољубив и толерантен, што мене искрено многу ме радува.

    Точно така, зборови на Бог, пренесени од неговиот земен „портпарол“, во случајов Мојсеј. Бог никаде во Библијата не му се обраќа на читетелот директно, туку сето она запишано во неа е резултат на кажувањата на луѓето преку кои Бог зборувал или во случајот на Исус, преку зборовите на неговиот син на земјата.

    И 10-те Божји заповеди се добиени преку посредство на Мојсеј, но сепак сите истите ги сфаќаат како зборот Божји, а не зборот на Мојсеј.

    Јас никого ниту бранам ниту напаѓам, само сакав да укажам на фактот дека ако некој сака насилството кое го врши да го базира на некоја света книга, истото може да го направи и со Библијата (или Светото писмо, како сакаш), односно дека и христијанството, особено старозаветните текстови изобилуваат со насилие.

    Колку што јас знам, христијанството е засновано на Стариот и на Новиот завет - зошто инаку и двата би се наоѓале во Библијата? :D

    Тоа што ти селективно одбираш да го отфрлиш она што е напишано во Стариот завет бидејќи не ти се допаѓа е твој личен став кој, инаку, не е во согласност со христијанството - ниту со православието, ниту со другите деноминации. Не можеш да велиш дека го следиш само учењето на Исус, а за Стариот завет да викаш, „пу пу, не важи“.

    Инаку, еве што рекол Исус за учењата од Стариот завет:

    Матеј 5:17-19
    17. Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
    18. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè.
    19. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

    Лука 16:17
    17. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.

    Јован 7:19
    19. Зар не ви даде Мојсеј Закон? Но никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?”

    Што значи, Исус, за разлика од тебе, не го негира Стариот завет воопшто, туку напротив, вели дека на Земјата дошол да го исполни она запишано во него. Ниту го негира, ниту признава дека не чини, ниту вели дека истото не треба да биде дел од христијанството. :)


    Во секој случај, поентата не ми беше да изигравам апологет на исламот, ниту да го напаѓам христијанството - поентата ми беше дека религијата ја прават верниците.

    Ако некој сака да биде добар човек и да води добар живот, за истото може да најде мотив и поддршка и во Библијата и во Куранот. Ако пак, сака да силува и убива луѓе, и за тоа може да најде оправдание и во Библијата и во Куранот.

    Поентата е дека луѓето се тие што се добри и лоши, а не религијата. Добрите луѓе кои се верници ја користат верата за да бидат уште подобри, а лошите - едноставно, за да ги оправдаат своите монструозни дела.
     
    На eloves, Gosh, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. goodnesswithin

    goodnesswithin Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    54
    @Bender Rodriguez Овие најактивните што постираат не се ни вистински христијани да ти кажам, тие немаат ни основна култура, а остај тоа да се Божји чеда како се нарекуваат себеси. Тие ќе ти цитираат стихови како треба другиот образ да го свртиш, зло со зло да не се враќа и љубете ги своите непријатели додека тука сосема спротивното ќе го докажат, како што беше во темата за Ислам, па и тука. Научиле неколку цитати од Библијата и ќе дојдат тука да ти измислуваат топла вода.

    Ти верничке, изгледа очигледно сакаш да го отфрлиш Матеј 5:17-18 од твоето Свето Писмо каде Исус вели: Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè.
    Не заборавај дека во вашето Свето Писмо и Стариот Завет се наоѓа. Ако го знаеш тоа.

    Оваа приказна завршува со тоа што Исус и вика на крај “Ни јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе„. Прашањето ми е што ако таа жена повторно погреши?

    Лука 22:36 И (Исус) им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч“.
    Истиот Исус повикува да се купи меч?

    Ако ова се спроведе во пракса, крајниот исход е дека волците ќе ги изедат овците. Тоа праксата и животниот опит го покажува. ;)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    328.105
    Пол:
    Женски
    А ти како прав муслиман шо не ми одговори за инцест кога те прашав?
    Изгуби зборови,храброст или нешто трето?:D
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goodnesswithin

    goodnesswithin Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    54
    Ерекција изгубив. :|
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mhhm

    Mhhm Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Е па тоа де, муслиманите смеат според верските проповеди да ги тепаат пардон благо да ги тепаат своите жени, да се организираат во масовни групи и во име на Куранот и Исламот да вршат злосторства. А за да се покаже дека и во христијанството наводно го имало тоа вадиш селективни цитати од Стариот завет, без притоа да посочиш дека подоцна Господовиот глас се јавува им вели на своите чеда да не влегуваат во борба бидејќи тој нема да биде меѓу нив и нема да ги заштити? Дека оној кој ќе влезе во борба постапува спротивно од Божјата волја?? (прочитај ги цитатите постирани од окцензи)
    Ова е навреда за дел од членовите на форумов, кои патем не ги познаваш лично па за да имаш некакво право да ја коментираш нашата „основна култура„ така да во иднина воздржи се од вакви коментари!

    Марија Магдалена ја прифати Божјата милост и стана негова следбеничка, ги почитуваше и ширеше Божјите учења. Ако зборуваме за друга грешна душа, Бог ќе и суди.
    Нема, се додека „овците“ се итри како змии и безопасни како гулаби :nod:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.020
    Допаѓања:
    328.105
    Пол:
    Женски
    знаев дека си кукавица
     
    На eloves и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Типично муслимански. Ете овој е прав претставник на исламот.
    Уште гомното свое под нога не го очистил, ја гледа раската пред комшијата

    Како беше она со гредата?!
     
    На Tanjamm и Mhhm им се допаѓа ова.
  9. Meliha.

    Meliha. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира едно нешто ако може да ми одговорите:)
    Според вашата вера кои знаци се за судниот ден и дали ќе се појави Исус?
     
    На Victorian и rose60 им се допаѓа ова.
  10. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Нема никакви знаци за судниот ден
    И би требало и Исус да се појави

    и јас знам да копирам :lol:
    Превземено е од http://www.svetopismo.mk/
     
  11. Serhan

    Serhan Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Вие го терате човек на се:
    Вие не сакате како луѓе да зборувате вие сакате да провоцирате за да се дигне војна во форумот.
    Е неке да успете
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    Гледајќи ги спротивставените одговори морав ова да го искоментирам. Лично за мене, Куранот можеби е полош од Библијата (ќе речете дека за една света книга, за едно свето писмо не може да се каже дека е лошо, ќе речете и како знаеш кога ги немаш прочитано и двете сеуште, ќе речам дека знам така што имам многу читано за нив) исламот не е толку брилијантен како христијанството но ние христијаните имаме една мана. Што и да пишува во Куранот, на што и да повикува нивната религија тие тоа го почитуваат како вистински верници а ние христијаните не почитуваме многу нешта кои треба да ги почитуваме според Библијата. Муслиманите си ја познаваат религијата и тие не одговараат спротивставено вака како ние христијаните што одговараме и се контраме меѓусебе. Има една вистина, треба сите да ја научиме и да се држиме кон неа а не вака за секого различна вистина. Јас по толку потрага по Библијата ја најдов, ќе ја прочитам и ќе ја согледам единствената вистина и ви препорачувам и на вас верниците да го направите истото за да бидат коректни вашите одговори и да почнете да се однесувате како прави христијани и верници.
     
    На okcenzi, Victorian и rose60 им се допаѓа ова.
  13. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    од многу коментари твој заклучив дека ти сакаш војна да се крене
     
    На okcenzi и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  14. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Ми оставаш впечаток дека во темава си за да го напаѓаш христијанството и се правиш лажно дека си христијанка и намерно даваш погрешни одговори кога оној твој другар goodwithiehdnsushen ќе праша нешто,за да покажеш демек и христијаните не си ја познаваат религијата.Криво ти е што муслиманите си се покажаа колку си ја знаат религијата.

    Оди врати се во темата за прашања за исламот и ќе видиш колку муслиманите ја знаат религијата.Твоја потврда дека ја знаат воопшто не ми е потребна ,јас сам се уверив во онаа тема колку си ја знаат.
     
    На Rama и H.VAGA им се допаѓа ова.
  15. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    А за разликите во толкување на христијанството ништо чудно.И во библијата Христос предупредува да се пазиме од квасот фарисејски и садукејски.Но и апостол Павле и другите аостоли предупредуваат дека ќе има луѓе кои ќе се пуштат изопачено да учат за Бога.Така да различните учења за Христос само ми ја потврдува библијата,а не како тебе што те соблазнува бидејќи не си ја ни дочитала.
     
    На Mhhm и Rama им се допаѓа ова.
  16. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    587
    Има верници што читаат Библија и не ги пазат Божјите заповеди и верници што не ја читаат и се подобри од првите. Што сте се фатиле за тоа кој колку и што прочитал?
    Било Библија или Куран.
    Најправилно е да се живее правилен христијански живот со секојдневно читање на Евангелието. Читањето на светите книги не е цел само по себе. Целта е преку она што ќе го дознаеме од нив како вистина, да го живееме во пракса. И да се спасуваме преку тоа. А не да се препукуваме.
    Тие што го поврзуваат христијанството со педофилија немаат основно познавање за христијанството. Туку се провокатори и манипулатори. Таквите не ја познаваат ниту сопствената вера.
    Трето, никој (ниту христијанин, ниту муслиман, ниту припадник на било која друга вероисповед) не може да ме натера да ја засакам неговата вера ако не ја сведочи со цело срце, со чист ум и со вистина (значи не со пцовки, не со клевети и лажно сведочење). На форумов е невозможно да го убедиш другиот да ти се приклучи кон твојата вера. Тоа се прави само со добри дела. А сите што го виделе Христа во другиот, не можат а да не продолжат по Неговиот пат.
     
    На Mhhm, Rama, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Еј? Почна и директно да се обраќаш видовит да не си па да знаеш кој што е , премногу во личниот живот на луѓето се замешавте.

    Редно е администраторот да превземи тука нешто бидејќи ја претеравте, комотно се познава по постовите кои членови напаѓаат а кои се одбрануваат.!
     
  18. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    ти со сите христијани се расправаш. Сите ти сметаат како што гледам
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    587
    А зошто христијанка? Нели rose60 кажува дека е муслиманка.
     
  20. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Се обратив на Bitter Sweet
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.