1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

Дискусија во 'Дете' започната од kristinamk, 20 февруари 2011.

  1. kristinamk

    kristinamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    4
    Модератор: Во оваа тема може да се поставуваат прашања и да се споделуваат искуства поврзани со децата, за кои нема отворено посебни теми. Пред се' се мисли на прашања за кои не се очекува да се отвори голема дискусија, па според тоа не е неопходно да се отворат и посебни теми.

    Слично на темата „Сакам да прашам“, само оваа да биде посветенана дацета. На тој начин би била многу попрегледна.

    Во продолжение е мислењето на kristinamk кое го преместив од друга тема:


    Zenski imam edna maka i sakam da slusnam vase mislenje maloto mi ima 2 godini i 4 meseci uste ne zbora bas samo baba i nekoj si bucenje po negovo a deteto si e pameten , itar e mnogu se razbira so ke mu recam nosi i toa so saka me nosi tamo :!: ama mene mi pravat paniki doma samo me plasat samo mi vikat nosi go nekade deteto da se vidi, .
    A znam sekoe dete e razlicno nekoj porano nekoj pokasno zboruvaat .. , vi se molam da mi pomognete nekoe vase mislenje. pozz unapred. :(
     
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Програма за деца

    Јас мислам да се консултираш со логопед,чисто да си бидеш мирна и да не се секираш.Секое дете си е посебно само за себе,некој порано ,некој покасно прозборува.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.753
    ^^

    И моето дете почна на две години и неколку месеци да зборува. Добро се сеќавам дека на вториот роденден не кажуваше ни мама. Можете да замислите колку бев загрижена, особено што ми е второ дете, а првото на година и некој месец знаеше да рецитира 20 детски песнички. Колку и да знаеш дека е индивидуално, не можеш да не правиш споредба!
    Од она што јас го знам до 3 години се толерира (особено ако е машко), а и секако рано е за логопед, пред 3 тешко дека ќе соработува.

    Не е страшно ако не зборува, се уште е мало, ама треба да го следиш, и ако на 3 се уште не зборува, однеси го на логопед. Сум видела и доста деца што и на 5 не зборуваат.
    Исто така важно е да не гледа многу телевизија, бидејќи така нема ни потреба да зборува. Кај моето дете тоа беше една од причините што доцнеше со зборувањето.
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Другарка моја имаше ваков проблем со малиот, не сакаше никако да проговори. Прво на некој од прегледите лекарите му открија дека долу некое парченце под јазичето требало да се сецне (природно би требало да не е толку споено, а кај него било). После го носеше на тестирања, психолози, на крај ангажира и логопед. Требаше време, ама сега веќе зборува убаво :)
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.753
    Мојата ќерка многу често има непријатен мирис на косата. Не само кога ќе се испоти, туку воопшто, убаво и мириса само веднаш после бањање, но за кратко пак го враќа непријатниот мирис. Вака е уште од кога беше бебе. А многу често и се поти, и тоа само на главата.
    Сум ги пробала сите можни шампони, ама нема промени. Се обидов да прочепкам и на гугл, ама многу слабо најдов информации. Мислев дека е некаков недостаток на нешто, ама конкретни информации не најдов.

    Има ли некој вакво искуство, или некој совет?
     
  6. kristinamk

    kristinamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    4
    не е страсно тоа во тек на време само се губи , знам по моето дете и он поти многу нароцито на главата..така да ок е тоа..поз
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Денешниве шампони за деца се со многу мало количество на парфем и тоа благ кој многу брзо ветрее се со цел да се избегнат алергиите (кои ги има премногу),а воздухот кој не опкружува е се попрљав и попрљав (особено во Скопје) и тој дополнително ја влошува целава работа.И самата знаеш дека и нашите коси до пред неколку години мирисаа на шампон по една недела ,а сега едвај 2-3 дена.Јас сум мајка на машко дете и кај него се случува истото иако има кратка коса .Можеби треба(ако сакаш се разбира) да пробаш со детските спрејови за коса кои го олеснуваат и расчешлувањето(сум ги гледала во космо)бидејќи тие имаат малку поинтензивен мирис.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со перутање на главата и како се справува? Имено на главчето на ќерка ми пред неколку месеци приметив дека и се правеа рупки и таа се чешеше и ги корнеше (нешто како бебешка ира), ја однесов на лекар и ми рекоа дека така и се прави кожичката зошто се поти и ми препорача докторката да ја мачкам пред бањање со бекутан масло и да и стои мрсно главчето 2 часа. Едно време се смири и немаше ништо, а сега пак се повторува перутањето, не ја боли само ја чеша..Сакам да прашам дали смеам да ја бањам со шампон Еуцерин? Може и некој друг совет да ми дадете. :)
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.753
    ^ на ќерка ми и се перуташе кожата едно време, ама веќе беше голема (5 години). И го сменив шампонот, и почнав почесто да ја мијам, и многу, многу да ја плакнам, и и' помина. Претходно ја миев со Бекутан, а сега со Џонсон Бејби.


    Инаку во однос на мирисот, и ставам од детските спрејови за расчешлување зошто без нив едвај ја чешлам, ама така уште полошо мислам дека мириса. Ако помине со тек на време, ок е.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.649
    Пол:
    Женски
    Ќе помине Ариел, и поголемата моја внука имаше таков проблем, поради потењето. Косата и' мирисаше, ама не само тоа, туку и' се правеа и топчиња, како мали бубулички со красти кои ја чешаа (рупки, како што ги вика Лолита), па ги чепкаше и често се случуваше со чешел да ги зафати, ама не крвареа, туку од нив понекогаш тече нешто слично на лимфа, па пак се прават красти. И јас имам едно такво и ден-денес, ми се појавува само во лето (и тоа не цело време). Знам дека од кожен лекар препорачаа да ја мачкаме со течност на база на јод мислам дека беше, ама таа течност се прави по рецепт на лекарот, значи магистрален лек е, а не фабрички произведен. Сега веќе нема такви крастички, а косата не и' мириса повеќе (девојчето има 5 години). Сестра и' го нема тој проблем, може затоа што има нешто поретка коса, не знам. Дали е до кожата на главата, или пак нешто друго е во прашање, не знам баш.

    Лолита, однеси го девојчето на кожен лекар, може и ти ќе треба да ја мачкаш со таа течноста што ја мачкаа внука ми. А Еуцерин козметиката сите ја фалат, па не верувам дека има штета со тој шампон да и' ја миеш главата на ќеркичката.
     
    На Ariel и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Потни жлезди се во прашање, кои лачат таква пот. Не му фали ништо на детето, мала е сеуште, ќе порасне и се ќе си дојде на свое место.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.753
    Колку често им ја миете косата на децата?

    Сум забележала дека на ќерка ми и секој ден ако и ја мијам пак и мириса (веќе пишував за ова), а на син ми и цела недела да не му ја измијам, пак убаво му мириса. Во зима главно им ја мијам косата два пати неделно, но кога се болни знам да ни им ја измијам и цела недела. На синот му е супер, а на ќерката веќе после 4-5 дена почнува да и се мрси, освен што и мириса.

    Секогаш имам дилеми околу ова, да не е многу, или пак да не е малку :)
     
  13. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Еднаш неделно зимскиот период и овој период исто, додека ептен не се стопли, да не го настинам, инаку летниот период секојден. Јас си имам проблем со мојот син што не сака воопшто да се бања, секое бањање е проследено со плачки, особено додека му ставам вода на главата.
    Косата не му се мрси, мека му е дури до наредното бањање значи 5-6 дена.

    Ариел не знам, пробај со друг шампон, ама најдобро мислам дека е да разговараш со матичната д-р таа да ти даде совет или да те упати кај некој дерматолог (ако досега не си се консултирала).
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Веќе пишував на оваа тема за проблемот со главчето на ќерка ми, купив Еуцерин (благодарност до Анатх за подршката и советот) и веќе има каде каде подобрувања. Инаку во зимскиот период косата и ја мијам еднаш неделно, а во пролетниот и летниот по потреба, зависи колку претходно се испотила косата и дали и мириса. Пред секое бањање косата (темето) и ја мачкам со Бекутан масло и ја завиткувам во крпа(како турбан) и така и' седи половина час, потоа два пати ја измивам со Еуцерин со подолго триење на скалпот, можам да се пофалам дека корупките полека полека исчезнуваат и косата поубаво и мириса подолго време без миење (5-6 дена убаво мириса). Топло го препорачувам Еуцеринот. :)
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Секогаш кога го бањам и косата му ја мијам. Во зима секој втор ден се бањаме а во лето секој ден. Не дека му мириса косата ама кога му е топло се поти само во главата и оди во градинка па таму се валкаат како прасиња :).
    Инаку го користам Мустела за бањање а знам и Бубхен да купам понекогаш
     
  16. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    би сакала да прашам и овдека, каде можам по аптекиве да најдам млеко на база на соја за мали дечинја?значи имам на хумана и тоа едвај го најдов ама некако не го прифати баш. се работи за дете алергично н а млеко и мора да прима соја , а знаеме и таа во големи количини е баш штетна.ако има некој сретнато SOM на MILUPA , нека пише PLEASE каде ?фала ви
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Баш за овие видови на млеко не знам,ама моја другарка на синот му зема од тоа во прав на Виталија и некое во тетрапак пакување од Веро (кај фрижидерот со обичните млека го имало).Инаку нејзиното дете е 1 година
    p.s. Во Зегин и во аптеката во Зебра имам гледано производи на Милупа
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со стребизам, мислам дека така беше медиц. термин, се работи за искривување на ирисот на окото?
    Имено едно детенце од групата на ќерка ми во градинка има благ стребизам, едното окце му е малку искривено, мајката ми кажа дека и рекле (матичната докторка) дека мукулчето на окото му е затегнато и со вежби за очиња ќе се исправи, може ќе треба да носи и наочари-едното стакло ќе биде покриено за да не го оптоварува окото, а другото ќе биде без диоптер.
    Каде во Скопјево има добар очен лекар, приватна офталмолошка ординација, жената беше многу исплашена, дали ќе треба да се прави операција или вежбите би помогнале, детето има 4 год.?
    Однапред фала.
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Претпоставувам дека детево има 2-3 годинки. Мислам дека се ќе си дојде на свое место.
    Добра очна клиника е Визија...кај трите лепотици (така ли ги викаа зградине во карпош 4?) , а еве сега и новава што ја рекламираат ...се наоѓа кај увозен терминал...или поточно кај Јахја Кемал.

    --- невидов дека детенцево има 4 годинки... како и да е повторно мислам дека се ќе биде ок.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Во Карпош 4 има клиника за очни болести се вика Визија на ул Никола Парапунов.
    Братучед ми ја носеше малата негова,незнам што како точно,малава има 5 години носи наочари и едното око и е постојано покриено,ја правеа со ласер операција и мислам дека рекоа дека ги чинело околу 500-600 евра.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.