1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

Дискусија во 'Дете' започната од kristinamk, 20 февруари 2011.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    ариел извина сега гледам а не вртам назад колку години е керката твоја ???
    имамјас син од 9,5 години и осекам промени кои укажуваат н апубертет
    има една книга се вика КНИГА ЗА СЕКОЕ МОМЧЕ/ДЕВОЈЧЕ 500 денари е и ептен е корисна и некои работи што ке ја срам да те праша ке си ги најде во книгата и ке ја читне ептен е добра книгата ние ја имаме за секое момче
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.374
    Допаѓања:
    142.621
    ^ 8 и пол има ќерка ми. Ја има книгата за девојчиња :)
    Само се трудам да нема табу теми меѓу нас, колку што ќе можам. Ако има нешто нејасно да ме праша мене. Се надевам дека уште долго ќе функционираме вака.

    Машките обично влегуваат во пубертет од 9-13 години, а девојчињата од 8-12.
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    И ние ја имаме книгата :)
    Најинтересна ми беше кога ми презентираше (живо возбудена) како се става влошка :)
     
    На nesa и Ariel им се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Ариел и јас полека се спремам за пубертет ,да не ме изненади и фати неспремна ;) Јас само би ти препорачала да се трудиш сега да ја придобиеш колку што можеш повеќе ,затоа што сега можете да го изградите оној пријателски однос ,кој секој родител го посакува.Ова ми е совет од психолог ,кој тврди дека во почетокот на пубертетот кога децата се исплашени од промените кои им настануваат ,најлесно се приврзуваат за родителот во кого имаат целосна доверба.Приврзувањето не подразбира лигавење и правење мамина/татина маза,туку создавање на пријателски здрав однос како возрасен со возрасен.Почни да ја третираш како возрасна кажувајќи и некои издозирани мали тајни ,се со цел и таа да се опушти и сфати дека си веќе пријателски настроена кон нејзе,а не заштитнички како досега ;)
     
    На Mikako, Espadrila, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  5. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    Kаде можам да ја најдам таа книга за девојчиња поточно?
     
  6. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.167
    Допаѓања:
    21.122
    Барав и не најдов тема соодветна за моето прашање, ама и онака целта на оваа е се што е поврзано со децата нели? :)
    Ме интересира дали некоја од вас имала искуство со своето дете со покачени леукоцити?
    Ние имаме 23 месеца, а од 9 месеци имаме покачени леукоцити. Знам дека за мали деца нормално е да им бидат покачени, односно за нив не важи стандардната горна граница.
    Кај нас се движеа не помалку од 12, а не повеќе од 17. Тоа беше претходната есен.Пиевме секакви антибиотици. Ќе пиеме , као ќе нормализираат -ќе паузираме. Дошло време за вакцина- правиме крвна слика оппп пак покачени... Кога дојде пролетта, леукоцитите беа 12, на кои како такви им се радувавме.
    Пак дојде есента леукоцитите на синко мој пак се покачија. Овој пат се избезумивме, стигнаа до 24!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Јас прилично смирено и трезвено пристапував и се однесував, но мм можам да кажам и дека психички падна од секакви мисли. Кај за детето се секираш па и за него.... :(
    Во конултации со многу лекари педијатри, епидемиолози, општи лекари, инфектолизи- сите не упатија дека нема простор за страв од најлошото. Но пуста мисла кај мм тешко се тргнуваше.
    Од инфектологот добивме совет да направиме пневмо- слајд, кој претставува земање крв од вена, за да се испитат затскриени вируси и бактерии во белите дробови.
    И така излезе. Од испитувањата на 15 параметри, синко беше позитивен, односно дека ги има дури 5.
    Пиевме сосема нов антибиотик кој дотогаш не го имавме пиено и за само една недела имаше резултати. Леукоцитите паднаа на 12.
    Згрешивме што не продолживме уште една недела како што не упати инфектологот, туку застанавме од мисла ок му се, доста го отрувме детето.
    Пред месец дена не примивме вакцина, затоа што му беа 17 повторно.
    Не пиевме антибиотик, само ја појачавме дозата на витамин ц - два пат дневно и стандардно пиковит.
    Следниот пат беа 13- паднати.
    Сега наскоро треба да примиме уште една, пошто целиот ред на вакцини ни се поремети со леукоцитиве а и еднаш вирус не фати....а дури и некако не ми се оди да проверам пак крвна слика....
    Дали некоја од вас имала вакво искуство????? Или воопшто со високи леукоцити???Како сте се справиле, што превзедовте? Дали и какви испитувања правевте?
     
  7. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    40
    син ми има 3г.и 2 мес.пред два месеци јас се породив,е сега детето ми стана некако хиперактивно,почнува една работа,ома се префрла на друга,мене ме одбива,стана агресивен понекогаш,ако не е по негово одма плаче дури не го добие тоа што го сака,стана тежок на облекување,цело време трча наоколу,инаку не оди во градинка свекрва ми го чува,ако сте имале и вие вакав фаза во однесувањето кај децата пишете
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Нормална реакција на детето затоа што веќе не е центар на мама, затоа што мама сега има друго бебе. Фаза е која ќе помине ама треба да обрнеш внимание. Секое слободно време искористи го за него, почесто зборувај дека тоа бебе му е братче или сестриче (незнам какво бебе имаш :) ).
    Мислам и дека мала грешка е што го чува баба му. Од 3-5год постои онаа детска љубомора која е изразена кај секое дете. Тоа сега се чувствува отфрлено од мама и затоа така се однесува. Обиди се на некој начин и него да го вклучиш во извршување на обврските кон бебето ( на пр. кога менуваш памперс, кажи му ,,подај ми го памперсот, овој серко направил беља, ќе го караме, ништо не разбира...види бато голем не прави бељи, послушен....)
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    108.021
    Пол:
    Женски
    Мајки вие што имате деца колку мојата керка , дали спијат 1-2 часа напладне или воопшто не спијат? Јас се зачудив денес зашто ќерка ми за прв пат не спиеше поручекот :D :?:
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Тоа зависи од детето и од редот кој ќе го фати. Син ми многу мал престана редовно да спие после ручек, затоа пак заспиваше порано навечер. Имаше денови спиеше попладне, имаше денови никако не заспиваше. Ќерка ми спие секое попладне, ама оди во градинка, таму задолжително спијат и таков ред има и дома (иако дома некогаш мора сите можни методи да ги применам за да ја заспијам, а во градинка заспива сама).
    Ако мислиш дека и фали денско спиење (се преморува, станува нервозна и сл) тогаш инсистирај да преспива преку ден, барем малку. Убаво е уште некое време барем да одмора преку ден, за да не биде преморена навечер, така порано ќе ја фаќа нервоза од премор, ќе биде тешка прво за себе, а после и за околина :) . Во секој случај следи го однесувањето на детето, па ќе знаеш што треба.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Ќерка ми спие преку ден, ама само кога е во градинка. Таму спијат од 12.30 - 14.30, а за викенд кога сме дома многу ретко преспива. И тоа некаде од кај 2 -2,5 години почна да не преспива. Ако е рано станата може накај 6 да и се приспие ама не ја оставам да спие затоа што после ќе чекаме сите нова година со неа ( така го викаме останувањето до касно - пак ќе чекаме Нова година).
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    804
    Мамички внука ми има 20 месеци, ама последниве неколку дена кога кака пустото само плаче и вика боли, боли неможе да се смири додека не заврши работа, а и даваат и потечна храна, да не знаете од што може да е тоа
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Ако се претера со Витамин Ц (овошје) може да направи таква беља на столицата и да ја боли додека кака. Немора да значи дека ако не и е црвено дупето па има некој проблем. Исто така ако јадела храна со јака запршка може да и направи проблем. Ако јаде пречесто течна храна тогаш и столицата и е течна и затоа ја боли. На крај краева направете и копро култура.
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки :)
    Не знаев каде да го постирам мојов проблем,па го ставив во оваа тема.
    Е сега вака имам еден проблем кој иако звучи како мал станува доста голем со секој поминат ден.Ќерка ми има 2 годинки,и пред некој ден сопругот и менуваше памперс,и додека да и стави моч пелена подн газето таа се помочка на спалната.Јас бев во другата соба,и тој викна по мене да дојдам да ја тргнам постелнината,а малата се исплаши и се сецна што се измочка и што викна маж ми.
    А не ја каравме,ниту ништо.Од тогаш еве две недели поминаа и одвај менуваме пелени,не сака да легне и постојано вика 'мамо мочкам' и плаче не можам да ја смирам.Цело време и зборуваме дека не е ништо страшно,дека сите мочкаме,ја ставаме на нокширче,ќе се измочка во него и пак плаче и истото цело време. Не знам веќе како да и помогнам да го надмине стравот,устава пена ми фати ама џабе нема ефект.Ако имате некој совте за мене,кажувајте ве молам :)
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    108.021
    Пол:
    Женски

    Грешка правите што и ставате се уште пелени. Како што разбрав , сте почнале да ја одвикнувате , веке ја ставате на нокширче. И штом си вика дека сака да мочка , стави ја на нокшир па почекај или ако нејке да седне заиграј ја нешто. И зборувај и постојано дека големите деца не какаат и мочкаат во гаки. Значи веке не и ставајте пелени за преку ден , облекувајте и гакички само навечер ставајте и пелена додека преку ден се навикне. И да знаеш дека на почеток ке мочка/кака во гаки насекаде но ништо страшно ако не прави така како ке научи да мочка во нокшир. На почеток ставај ја на секои 2,5 часови на нокшир и ке се навикне. И не се токажувајте ако гледаш по еден месец нема ефект - некои деца се навикнуваат за 1 месец но некои ке им треба време по 7-8 месеци.. :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    108.021
    Пол:
    Женски

    Здраво женски ова што и се случи на ќерка ми вчера повторно истата песна , стана сабајлето побара вода не испи многу беше како успана и почна да повраќа.Повраќаше вода. Час спиеше час не спиеше , стана повторно побара вода и повторно поврати. Јас незнам што ке беше ова. А повторно немаше температура ни нешто друго :| Се јавивме на доктор ни кажа да и дадеме чајче од камилица , и дадов се напи една голтка и толку. Потоа спиеше од 1 до 3 часот поручекта и кога стана од спиење беше како нова,расположена,пееше песнички итн... Меѓутоа завчера приметив на ногата убод од комарец. Сабајлето кога и се случи ова со повраќањето приметив дека освен тоа и на двете нозе , се појавија полно црвени точки има две на едната рака но повекето се на нозете. И се како пликчиња поголеми. Сега можно ли да е ова од убодот од комарец па да се појавило алергија но не верувам да има некаква врска повраќањево со алергијава. Прво ми дојде на памет да не има сипаници но си викам има примено вакцина ,а и при сипаници детето има и температура. На стомакот и грбот нема ништо. Од што ја чешале ги раскрварила па ја мачкам со камагел незнам колку ке помогне. А нови не и се појавиле на нозете што ги имаше уште ги има па незнам дали да и дадам Зиртек? :?:
     
  17. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    наполнивме една годинка па ме интересира белка од јајце дали да почнам да и давам и дали исто како со жолчката помалце,и кравјо млеко сакам да почнам да и давам само прво со гриз,бисквити и колку на колку млеко и вода
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    108.021
    Пол:
    Женски

    за јајцето , секако можеш да и дадеш , дај и многу малку на почетокот да видиш да не има некоја реакција (алергија) (педијатарот ми рече дека белката е по голем алерген од жолчката) , ако нема ништо потоа давај и нормално :)
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    108.021
    Пол:
    Женски

    за јајцето , секако можеш да и дадеш , дај и многу малку на почетокот да видиш да не има некоја реакција (алергија) (педијатарот ми рече дека белката е по голем алерген од жолчката) , ако нема ништо потоа давај и нормално :)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.374
    Допаѓања:
    108.082
    Пол:
    Женски
    Коритсаки комарецот предизвикува алергиска реакција при повеке убоди на едно место, сум искусила на своја кожа и ги имав истите реакции како малецката твоја. Пробај со диетичка само и со лесни туширања, без средства, не ја мачкај лосиони, само средство да не ја касаат уште толку, Аутанчето е супер за детска кожа, и јас го користам или тој или Цитрогал, многу ми се убави. Внимавај да не се разранат пликчињата, многу печат ;) И посакувам побргу да оздрави и да не ја секира мамичка :*
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.