Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

Дискусија во 'Дете' започната од kristinamk, 20 февруари 2011.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Annath za konjuktivitot samo tobreks,veruvaj deka se mnogu efikasni I za brzo vreme ke se povleci.

    Masta ima slicna funkcija,no spored moe mislenje podobra opcija ti se kapkite.
    Isto mozes da go odneses maliot da mu zemat bris.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Знам дека капките се подобра опција, ама детево мое не соработува кога е во прашање некој лек што мора да му се даде. Сме пробале со се и сешто, порано како помал полесно се лажеше, сега тешко може да го излажеш. Капките мора почесто да се даваат, на три часа, така ми рекоа. А се думам дали да го пуштам утре во градинка. Докторот во градинката вели дека може да го пуштам, добро е сите деца да го прележат ова, ама од друга страна, не сакам да им створам проблеми на други родители со нивните деца.
     
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Poradi tvoja I sigurnost na maliot,podobro e da miruva nekoj den.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    142.780
    Малиот мој многу често имаше инфекции на очите кога беше помал. Сме му ставале и хлорамфеникол и тобрекс, којзнае колку пати. И тој не сакаше да соработува. Не знам дали има дете на таа возраст што би сакало, сепак ставањето капки или маст во очите не е пријатно.

    Ние немаме видено некоја разлика во лекувањето со тобрекс и хлорамфеникол.
    Повеќе користевме тобрекс, затоа што полесно ни беше да му ставаме капки. Му ги стававме на сила, еден го држи, а друг му капнува, па после го тераме да трепка, и му нагласуваме дека ако не трепка, ќе мора да му ставиме повторно.
    Со маст е малку потешко, треба да му се размачка убаво, мораш да го допреш на окото, а ако е бесен и мрда, не е лесно.

    Јас не би го носела во градинка, ако има кој да го чува. Ова ми е став за сите болести.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    ^^ Да, да и моето ја закачи таа инфекција и стававме маст хлорамфеникол и капки тобрекс. Јас се зезнав со тоа што веќе втор ден се исчисти и ја прекинав терапијата за да пак се појави па и јас закачам од него појма немам како и еден ден заедно бевме дома.
    Ако терапијата е 5-7 дена терај ја цела без разлика што веќе 3-4 ден ќе се исчисти.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Синоќа на спиење му ставив маст, денес сме дома, па ќе видиме. Очињата сабајлево му беа залепени, одвај ги отвори, не даваше ни да му ги исчистам, ама со татко му запнавме, го држеше тој, јас чистев, и добро беше. Не знам како да му ставам капки, стварно, ете синоќа го заиграв, ги лекувавме играчките, им ги чистевме очињата, им стававме капки, ми ставаше мене, на татко му, ама кога дојде ред на него, кидна и не дозволи да му ставиме. Ама проблем е што мм не може да го држи ко што треба, језиво му било што му брцам во око, па да сме го оставеле така, сам да се изборел со инфекцијата. И мене ми е језиво, ама што да правам, мака си има детето. Ноќеска не спиеше убаво, а и поради тоа што не се осеќа добро стана прилично агресивен :worried: ај белки ќе му помине за брзо време. Секако планирам минимум пет дена да терам со терапијата.
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Јас на ќерка ми ѝ ставав капки на спиење :) . Една лекарка така ме советуваше кога ѝ се жалев дека никако, ама никако не успевам да ѝ ставам капки. И ние ставаме на сите кукли, па демек на сите дома други, на мене, ама кога ќе ѝ дојде неа редот, вришти, бега, тепа со рачињата и плаче, што според мене значи дека веднаш ги одмива и капките. И една лекарка ми рече ако никако не успевам поинаку, да и ставам од капките на спиење во аголот на окото. Вика сепак ќе има ефект, ќе влезе нешто и ќе делува, вака со плачење и со триење на очињата после нема никаков ефект. Маст ми рече дека не мора да ѝ ставам штом е таква ситуација, еднаш ѝ ставив Хлорамфеникол, ми се разбуди сред ноќ и не можеше да ги отвори очите, не можам да ви ја опишам паниката и паничното плачење, па се откажав од тоа.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Капките помогнаа, маста не. Ама сè уште мора да му ставаме, уште неколку дена до крај на терапијата. Ама толку несоработливо дете не сум видела. Мислам, има во моја околина од фамилијата доста мали деца, гледам како се однесуваат кога треба лек да се дава/стави. Во глобала никој не сака лекови, ама обично децата можеш да ги наговориш. Овој мојов со ништо не се лаже или убедува, кога ќе си зацрта нешто дека не сака, нема и готово. На сила со многу плачење му ставаме капки во очите, се сомневам дека после толку солзи нешто останува внатре :worried: на спиење е полошо и потешко да му ставам. А и многу често почна да се буди ноќе, да зборува во сон, да плаче за сè и сешто без реална причина и болка.
    Минатата недела кога имаше проблем со очите имаше и тежок запек, што никогаш досега не се случило, два дена не можеше да оди по голема нужда, третиот ден одвај се искака, многу тврдо, за пак да паузира. После тоа наеднаш се испразни, по дома ми направи лом - тоа беше во саботата, и еве, оттогаш само еднаш се искакал, што за него е чудо, оти минимумот му е два пати дневно. Давам се што помага против запек, ама нема ефект :sweat: Се плашам да не му се расипе стомачето така. А имам впечаток дека се плаши да кака.
    Во градинка не сака да оди, ама го носиме, штом стигне таму се смирува, како ништо да не било. Мене ме загрижува тоа постојано, секојдневно плачење... детево ми беше ептен расположено и темпераментно, сега само плаче, одбира што ќе јаде или одбива јадење, и кога сме дома, само во раце кај мене е, не сака да си игра, не сака кај татко му или старите, а порано не правеше вака. Имате ли слични искуства?
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Како мисли „добро е сите деца да го прележат ова“? Конјуктивитисот може повеќе пати да се појави во животот, не се ова сипаници па ќе ги прележе и готово :?:

    Јас сум ептен збунета, како доктор, и тоа од градинката (!), дава дозвола заразено дете од конјуктивит да се меша со другите зошто било добро за прележување??

    Еве нешто повеќе

     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Моира, јас сето тоа го знам, не го пуштив малиот, цела недела беше дома. Сега нема секрет, ама јас уште му ставам капки, да ја завршиме терапијата како што треба, за да не се повтори. Факт е дека конјунктивитисот не е така наивна работа, па затоа и не сакав да ризикувам да оди во градинка тие денови.
    Мене ме загрижува неговата промена во однесувањето, што сака само кај мене, не оди кај никој друг, го брка татко му од дома, буквално така му вели, да си оди. А бе да може, под кожа ќе ми се пикне, ноќе кога спие и плаче во сонот се пика во мене толку силно што буквално ме турка од кревет.
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Стрес, страв, несигурност. Ќе се врати во нормала кога ќе му заврши терапијата. Објаснувај дека мора да става капки за да се излечи да не го болат окцата. Ова е за него шок и така се рефлектира кај него од будење сред ноќ до слепување како фластер за тебе затоа што најсигурен е тука кај мама. Ќе помине за брзо време и ќе се врати во нормала и не му ја мисли ни за стомачето тоа е само реакција од стрес.
    Такви се машките деца, буквално ,,мочковци,, и ,,лиглевци,, кога станува збор за нивната кожичка :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Да знам, не ми беше коментарот насочен кон тебе женче, туку кон ноншалантниот доктор ВО ГРАДИНКА. Леле се нервирам....

    А за тоа што те бара само тебе и се пика во тебе, мислам дека е закаснета реакција од тргнувањето во градинка + немоќноста околу конјуктивитисов, сега му е шансата да се гали со мама :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Секакви доктори има, тоа е. Матичната исто не ми дозволи да го пуштам во градинка, па ја послушав. Ама за лигавењево, гушкањево... аууууу... лигле невидено е. Риба во хороскоп :tmi:
    Ај да се надеваме дека ќе помине брзо. Фала женски! :*
     
  14. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    и јас сум голема риба у уште така праам хахаа незнам зашо коа сум болна и јас сум агресивна сигугрно така го истура бесот со капките
    саамо позитивно со него кажи му дека и другите ставаат капки кога го болат очињата дека и другарчињата истото го прават и ке се подсмири само со зборење кога ке му помине терапијата ко нов ке биде ке видиш! :D
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Ништо од објаснување, зборење, молење, ветување сè и сешто не пали кај мојов. Како помал повеќе соработуваше, како расте, потешко е. На сила му ги ставаме капките, татко му го држи, јас му капнувам. А не да е агресивен, страшно! :x Не очекував дека ќе биде ваков.
     
  16. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Епа затоа има таков однос и со него ајде се надевам дека не трае уште долго терапијата па ке се стабилизира кога ке помине сигурно :)
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Ај пробај поинаку - кажи му: Не мрдаме од тука (кревет, тросед, небитно) додека не ги ставиме капките, зошто МОРАМЕ, сите што се болни ставаат, од нив ќе ти е многу подобро.
    И остани на тоа, не мрдајте додека не се смири и САМ не прифати дека мора да се стават. Тогаш ќе е многу полесно, и за него и за вас....јас не би применувала насилно ставање, тоа создава уште поголема агресија и отпор кон се` медицинско.
    Јас вака го решив проблемот со малата, сега кога треба да и` прскам во нос ќе измрчи малце, ама кога ќе види дека нит реагирам, нит се карам, нит ја силам, туку само си седнувам до неа, одма си легнува на брашното и сама шмрка :D
     
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Децата и градинките

    Aj да прашам дали некој има проблеми со кандидата кај малите дечиња, како се справува со тоа- велат докториве од тоа били не зборувањето, а мене не ми е вероватно тоа. Те апчиња, те специјална храна, ова она...детето само се мачи. Некое мислење.
     
  19. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Децата и градинките

    Само појачување на имунитет да се избори самиот организам да не се јавува пак зашо сите знаеме дека е "подмукла" и дека само ако се појача имунитетот нема да се појавува
    Знам во градинка на дечињата т.е родителите им зборувавме да ако веќе даваат некои апчиња или некоја специјална храна тоа да биде за имунитет за да се одбрани организмот од повеќе работи наеднаш не само од една настка кандида или слично :)
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Децата и градинките

    Ма тоа знам, ама еве се е забрането, млеко и млечни производи не смее, леб не смее, брашно никакво, сокови слабо, овошје, банана ретко, јаболко никогаш. Месо исто така не смее...и ај што да му дадеш на детето???
    Како да ојача имнитет